Новогодишен концерт на камерниот оркестар на Битола - Канал 5

Новогодишен концерт на камерниот оркестар на Битола

Камерниот оркестар на Битола кој работи под покровителство на НУ Центар за култура, вечер на матичната сцена ќе го одржи традиционалниот новогодишен концерт.

Новогодишен концерт на камерниот оркестар на Битола
На програмата се дела од Шостакович, Штраус, Брамс и други светски познати композитори, солист е Игор Дурловски, а концертот ќе се одвива под палката на диригентот Иван Кожухаров од Бугарија.

- Камерниот оркестар на Битола годинава имаше исклучителни концерти, а вечерашниот е четврт по ред во оваа календарска година. Поддршката за овој проект е комбинирана, односно таа доаѓа од Министерство за култура, општина Битола и нашата национална установа. Веднаш по завршувањето на вечерашниот концерт, камерниот оркестар на Битола ќе ги почне подготовките за првиот концерт во 2015-та, информираше Борче Димитровски, директор на НУ Центар за култура-Битола. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Спасено мече фатено во стапица на планината Јакупица

На планината Јакупица во велешко спасено е мече фатено во нелегално поставена стапица. 

Спасено мече фатено во стапица  на планината Јакупица

Животното го пронашле ловџии од Ловечкото друштво „Руен“ од Велес.

Тие слушнале силно рикање и го забележале мечето заробено во сајла.

Во близина била и неговата мајка, која го набљудувала настанот. Во акцијата учествувале инспектори, ловџии, еколози, полицајци и ветеринар.

Мечето било пронајдено на локалитетот Чеплес, во близина на рибник Нежилово.

Ветеринар од Скопската зоолошка градина го успал животното за да го прегледа.Стапицата била отстранета, а мечето немало видливи повреди.станува збор за мажјак стар околу три години и тежок 70 килограми.По прегледот, мечето било пуштено назад во природата.за случајот бил известен јавен обвинител од велес.Полицијата ја запленила стапицата за вештачење и поведување кривична постапка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Заболените од ретки болести, бараат стратегијата за лечење на пациентите

Потребен е систем за лечење на заболените од ретки болести,тие бараат средба со министерот за здравство за да разговараат за стратегијата  за лечење на пациентите за наредните две години.

Заболените од ретки болести, бараат стратегијата за лечење на пациентите

Потребен е систем за лечење на заболените од ретки болести,тие бараат средба со министерот за здравство за да разговараат за стратегијата за лечење на пациентите за наредните две години ова беше истакнато на прес-конференција и едукативен симпозиум „Мисли на ретки: препознај и упати“ на здружението на граѓани за ретки болести „живот со предизвици“ Битола, националната алијанса за ретки болести на македонија и здружението на лекари по општа,семејна медицина.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Ќофтиња од компир и туна

Во понеделник (12.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Дамјан Стојаноски.

„Гответе со Дракче“ - Ќофтиња од компир и туна

Состојки за денешниот рецепт:

3 компири

3 јајца

1 главица кромид

половина морков

половина страк праз

1 голема конзерва туна

3 - 4 чешниња лук

половина китка копар или магдонос

5 лажици лебни трошки

масло

сол, бибер и др. зачини по избор

Прилог

шери домати

млади кромитчиња

соја сос

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер