Ново злато за Оливера Наковска-Бикова - Канал 5

Ново злато за Оливера Наковска-Бикова

Нов златен медал освои Оливера Наковска-Бикова македонската параолимпијка. Овој пат Наковска-Бикова се закити со златото на Светскиот куп во стрелаштво за лица со инвалидитет, кој се одржа во Шчекин, Полска.

Ново злато за Оливера Наковска-Бикова
Таа во дисциплината паѓачки цели, во конкуренција на 39 натпреварувачи, имаше најдобра резултат и заслужено се закити со златото пред Србите Растко Јокич и Живко Папаз.

Бикова претходно настапи и во дисциплината воздушен пиштол, каде што го забележа осмиот резултат.

Селектор Бранимир Јовановски настапи во дисциплината воздушен пиштол и обезбеди норма за учество на Светското првенство, кое од 16 до 27 јули ќе се одржи во Германија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: Македонија е изолирана земја, а Мицкоски е руски „прокси играч“

Лидерот на СДСМ Венко Филипче утринава на прес конференција на која зборуваше за повеќе теми рече дека Македонија е изолирана земја и а Мицкоски  го нарече руски прокси играч.

Филипче: Македонија е изолирана земја, а Мицкоски е руски „прокси играч“

Целосната изјава погледнете ја во видеото.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Кога Коте од Руља би бил жив, ќе се гордееше со предавниците Заев и Филипче, сменија име, знаме, устав

СДС се дрзна да каже дека ВМРО-ДПМНЕ ја распродавала државата, и тоа замислете од партијата водена од најголемите докажани квинслинзи на Македонија, Зоран Заев и Венко Филипче. 

ВМРО-ДПМНЕ: Кога Коте од Руља би бил жив, ќе се гордееше со предавниците Заев и Филипче, сменија име, знаме, устав

Кога Коте од Руља кој е синоним за прадавство би бил жив, на овие двајца вода може да им носи. Сменија име, сменија Устав, сменија знаме, се откажаа од македонското малцинство во соседните држави, кажуваа дека Бугарите биле ослободители, дека македонскиот јазик почна од Втората светска војна.

Донесоа француски предлог и ултиматум и го направија критериум за напредок кон Европската Унија.

Па СДС е таму каде што е токму поради овие предавства.

Така да предавствата станаа второ име за Филипче и Заев.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Интензивно се одвиваат градежните активности на новиот СПА центар

Интензивно се одвиваат градежните активности на новиот СПА центар, кој се реализира како доградба на постојниот спортско-рекреативен објект – затворениот базен, на површина од 240 м².

Јанчев: Интензивно се одвиваат градежните активности на новиот СПА центар

🧖‍♀️ Новиот простор ќе понуди современи содржини за одмор, релаксација и рекреација, меѓу кои:

• парна бања и сауна

• џакузи

• топли лежалки/клупи

• тушеви и соблекувални

• простории за масажа

• придружни санитарни и технички простории

Со изградбата на СПА центарот, затворениот базен добива дополнителна содржина и покомплетна понуда за граѓаните.

Изведувач на градежните работи е „Жикол“.- објави градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер