Ново рочиште за „Рекет", ќе сведочи Ана Камчева

Со сведочење на Ана Камчева, сопругата на Јордан Камчев, денеска во Кривичниот суд треба да продолжи рочиштето за предметот „Рекет" во кој се обвинети поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и Бојан Јовановски-Боки 13.

На последното рочиште, што се одржа на 6-ти декември, сведочеше Јордан Камчев, кој рече дека во повеќе наврати обвинетиот Боки 13 пробал да го уценува со, според него, наместен предмет „Империја" покренат од Специјалното јавно обвинителство, кој имал цел на нелегален начин да се стекне со поголема сума пари.

Од Јовановски, сведокот добил понуда за пи-ар реклама, Камчев му понудил 50.000 евра на што Боки 13 се навредил за висината на сумата.

Во својот исказ Камчев рече дека потоа Боки 13, заедно со третообвинетиот во „Рекет", Зоран Милевски-Кичеец, кој ја призна вината и беше осуден на три години затвор, му понудил бизнис за отворање фешн молови, а по одбивањето на тој проект, добил друга понуда за изградба на старечки домови за што првообвинетиот му побарал четири милиони евра.

-Во меѓувреме платив 180.000 евра за реклама на неговата телевизија. Потоа ми пушти слика со обвинителката Јанева, по што ми кажа дека се спрема нешто големо против мене, изјави Камчев и додаде дека „Рекет" е конструиран од Боки 13 и уште неколку луѓе.

Сведокот рече дека и обвинителката Лиле Стефанова преку нејзиниот пријател Ванчо Чифлиганец барал средства за ќерката на Лиле за ординација во зградата на „Адора".

Камчев потоа бил приведен и понудил гаранција за домашен притвор, а во првите денови во фирмите имал и инспекции во сите компании. Ова, рече тој, беше смислен притисок од Боки 13, преку Стефанова и Јанева.

На првото рочиште за „Рекет", што се одржа на 3-ти овој месец, третообвинетиот Зоран Милевски-Кичеец беше осуден на три години затвор откако призна вина за случајот и предметот за него беше одвоен од оној против Јовановски и Јанева. Милески има право на жалба до Апелацискиот суд само во делот на висината на казната.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во октомври годинава поднесе обвинение против Јовановски, Јанева и Милевски.

Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело", а Јанева и Милевски за „примање награда за противзаконито влијание". Второобвинетата Јанева се товари и дека сторила и кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување".

Во рамките на случајот „Рекет", Обвинителството отвори нова истрага, која се однесува на Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски-Боки 13. Истрагата за „Рекет" е проширена, односно е донесена наредба за спроведување истражна постапка против пет физички лица и едно правно лице, поради постоење основано сомнение дека првоосомничениот сторил продолжено кривично дело „измама" и кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело". /МИА

Вердиевата спектакуларна опера „Трубадур“ во рамки на 52. издание на „Мајски оперски вечери“

Во рамките на 52. издание на меѓународниот фестивал „Мајски оперски вечери“ вечер со почеток во 20.00 часот ќе биде изведена операта „Трубадур“ од Џузепе Верди, информираат од Националната опера и балет. 

Диригент е Иван Еминовиќ, режијата е на реномираниот македонски режисер, Иван Поповски кој живее и работи во Москва повеќе од две децении и за своите врвни уметнички достигнувања е добитник на највисоки признанија во Русија и низ светот и за првпат поставува опера на македонската сцена.

Сценографијата е на Миодраг Табачки од Србија, костимографијата е на Марија Пупучевска, а кореографијата на Саша Евтимова.

Во улогата на Манрико ќе настапи гостинот од Чиле, Филипе Рохас, тенор кој настапувал на повеќе светски сцени, во улогата на Гроф Луна ќе настапи нашиот баритон Ристе Велков, во улогата на Леонора ќе настапи гостинката од Канада Криста де Силва, драмски сопран препознатлива по нејзините темни мистични бои. Во улогата на Ацучена ќе настапи, Сања Анастасиа, мецосопран, првенка на операта во Народниот театар во Белград. Во улогата на Ферандо ќе настапи нашиот бас, Владимир Саздовски кој е чест гостин на светските оперски сцени. Во останатите улоги ќе настапат: Јане Дунимаглоски, Ана Ројдева, Тихомир Јакимовски и Дејан Стоев во придружба на хорот и оркестарот на Националната опера и балет.

Романтична љубов, смртна љубомора и oдмазда се движечките драмски елементи на операта „Трубадур“ од италијанскиот музички мајстор Џузепе Верди. Операта се одликува со прекрасна музика и спектакуларно предводени вокални делови кои пренесуваат силни емоции, додека исклучително сложената приказна изобилува со огнена страст.

Ѓоковиќ нема сериозна повреда по инцидентот со фрлено шише на Мастерсот во Рим (ВИДЕО)

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ ќе продолжи со настапите на турнирот во Рим по случајната повреда на главата по вчерашниот меч со Французинот Корант Муте.

На одење кон соблекувалната, Ѓоковиќ застана да подели автограми, а на едно момче кое се наведна кон српскиот тенисер, од ранецот му испадна шише кое заврши во главата на тенисерот.

По инцидентот се огласи Ѓоковиќ:

- Ова беше една случајност. Се одморам во хотелот со мраз на главата. Се гледаме в недела – напиша српскиот тенисер на Икс.

Во следното коло Ѓоковиќ утре ќе игра со Алехандро Табило од Чиле.

САД испраќаат нов пакет воена помош за Украина вреден 400 милиони долари

САД синоќа објавија нов пакет воена помош за Украина вреден 400 милиони долари.

Во новиот пакет се вклучени и ракети со дострел до 300 километри, што е двапати повеќе во споредба со истиот тип оружје снабдено во октомври.

-Новиот значаен пакет оружје и воена техника треба да го подржи храбриот украински народ за заштита на својата земја од руската агресија. Соединетите Држави и коалицијата продолжуваат да стојат на страната на Украина за заштита на нејзината слобода, соопшти државниот секретар Ентони Блинкен.

Ова е веќе трета транша помош за Украина од 24 април кога претседателот на САД Џо Бајден го потпиша законот за доделаување воена помош за Украина во износ од 61 милијарда долари.

Истиот ден Пентагон соопшти за испраќање на Киев пакет воена помош од една милијарда долари во кој меѓуругото се вклучени ракетните артилериски системи HIMARS, оклопните транспортери Bradley, високопрецизни ракети за авијација и друго оружје.

притисни ентер