Ново рочиште за пожарот во „Пулс“, продолжува сослушувањето на сведоци предложени од обвинителство - Канал 5

Ново рочиште за пожарот во „Пулс“, продолжува сослушувањето на сведоци предложени од обвинителство

 Со сослушување сведоци предложени од Јавното обвинителство денеска во судницата во „Идризово“ продолжува судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Ново рочиште за пожарот во „Пулс“, продолжува сослушувањето на сведоци предложени од обвинителство

На денешното рочиште беа повикани пет сведоци предложени од Јавното обвинителство, а обезбедени се четворица.

Јавниот обвинител, најави дека на крајот од денешното рочиште, ќе се произнесе пред Судот во однос на сведоците со кои не може да стапи во контакт за да бидат повикани со судска наредба.

YouTube video

Сведокот Горан Игновски, кој повеќе од 34 години работи со продажба и сервис на опрема за изнајмување за настани - озвучување, осветлување и сценски ефкети, на денешното судење во судницата во Идризово, изјави дека година и половина пред трагичниот настан во дискотеката „Пулс“ во Кочани им продал опрема (бокс за далечинска активација) и прскалки на Панчо и член од ДНК.

Сведокот, кој е сопственик на фирмата „Чкаља“ ДООЕЛ во Кисела Вода, а сега веќе и на бренд „Е-аудио“, одговарајќи на прашања од Јавниот обвинител, рече дека го познава Панчо, кој пред околу три години има купено куферче за далечинска активација, а на член на ДНК, кој подоцна дознал дека се вика Буцо, му продал осум патрони за топли фонтани.

Игновски рече дека куферчињата ги продвал легално во продавнца, а топли прскалки никогаш не продавал бидејќи биле потребни многу дозволи. Година и половина пред критичниот настан лично од Бугарија со автомобил донел околу 100 топли прскалки „Тропик“, кои рече повеќе биле за демонстрација на клиентите за куферчињата, како и дека осум такви продал на ДНК.

Прашан зошто смета дека прскалките што им ги продал тогаш на ДНК не се тие што се употребени и во дискотеката „Пулс“, со оглед дека се пронајдени остатоци од прскалки од истата фирма, сведокот рече дека ДНК од тогаш до трагичниот настан на секој настап користеле прскалки, што значи дека од тогаш употребиле повеќе од 100-200 прскалки.

-Јас доставив слики од видеа и фотографии од настани на ДНК. Во изминатите година и половина имаат потрошени 100-200 прскалки за настаните. Значи на секој настан користеле прскалки. Плус, јас немам ниту продадено на некој, ниту ме контактирал некој, појасни сведокот, нагласувајќи дека тие што тој го донел се прскалки од два метри за внатрешна употреба.

Пред трагедијата во Кочани, на настап во Гевгелија, во дискотека „Де факто“ ДНК, како што рече сведокот, имаат запалено платно и звучници, со истите прскалки и истото шоу.

Игновски, во својот исказ нагласи дека продаваат бикови, лед фарови, машини за конфети, дим машини, ладни фонтани, прскалки на прашок... се што се користат за свадби и настани.

-Досега сопственик на ресторан многу ретко купил таква работа, најчесто изведувачите сами си прават за сценски настап, изјави сведокот, појаснувајќи дека топлите фонтани работат на барут и се со истиот состав како и прскалките на детски торти.

Сведокот, појасни дека има топли фонтани за внатре и за надвор со разни големини од метар, два и три и појасни како се користат, нагласувајќи дека топлите прскалки ако ги допрете ќе ве изгори, а ладните и рака да ставите нема да ве изгори.

- Се става патрон. Се става во стенд бај, нема никој да го примети и можете кога сакате да го активирате. Тие се многу мали и дискретни. Ладните фонтани се големи кутии и доста се видливи на сцена. Релативно се многу поисплатливи да се користат, но уредот е поскап да се купи, и затоа кај нас повеќе се користат топли фонтани, изјави сведокот.

Куферчиња за активирање на фонтани, како и други работи како балони, прашок и топли фонтани, продавале легално со декларација увезени од Кина, по цена од 150 евра една. Според сведокот ладните прскалки на прашак се 500 евра, а за да се направи ефект треба да се купат четири и е мн поскапо, поради што многу помалку се користат.

- Куферчињата што ги продававме беа со осум бази и две даљинска. Постојат и со 12 и 4 бази. Процесот на активација, се става прксачката во уредот и батерија внатре и во стенд бај позиција. Отприлика може да се активира на 50 до 150 метри далечина. Патрони има за метар, два и три и тој што го користи треба да знае дека има за внатрешна и надворешна употреба. Тие за надвор се помалку запалливи. Полнењето е барут со магнезиум и алуминиум прашина. Буквално исти како тие за торти, само што се тие помали до 30 сантиметри и помал домет, изјави сведокот.

Иганатовски рече го познава Панчо, кој пред три години има купено куферче, а после тоа се јавил дечко за да купат патрони и прскалки.

-Пред три години куферче купи Палчо, а после неколку дена се јави дечко што пелтачеше, што потоа дознав дека се вика Буцо. Дојде ги зема и тоа беше. Тоа беше одамна и после тоа не се јавија да купат, изјави сведокот.

Топли прскалки Игантовски рече има лично донесено од Бугарија, 50-100 парчиња купени на пазар, а увезени од фирмата „Тропик“.

-Тоа е се што сум имал и продлал. Тоа е неисплатливо, а не можам и да се борам со конкуренција што може да се купи на бит пазар или онлајн и да ви стигне на адреса, изјави сведокот.

Тоа, сведокот рече, било најмалку една година и половина пред трагичниот настан.

-Јас еднаш ги донесов со кола и го продадов по 500 денари една, пред три години. Материјален траг нема. Повеќе сум ги земал за демонстрација на куферчиеата, но не сме ги продавале, изјави сведокот.

Прашан дали имал некаква соработка со дискотеката „Пулс“, сведокот рече дека немал, „ниту знае каде е и ниту бил таму“.

Прашан за прскалките што биле користени во „Пулс“, Иганатовски рече дека врз основа на што видел од видеата дометот на прскалките што се користеле вечерта се со повеќе од три метри.

-Да користеле од два метри или метар и половина немало да има проблем. Такви има само на бит пазар. Тоа што јас сум донел се прскалки од два метри за внатрешна употреба, нагласи сведокот, појаснувајќи дека на самите прскалки пишува кој е дометот и дали е за внатрешна или надворешна употреба.

Седокот рече не го познава лицето Денис Даутовски, кој, на претходните рочишта сведоците го посочија како лице кое рекло дека ДНК ја набавувале опремата од некоја продавница во Кисела Вода, но не знае која точно.

По случката во Кочани, Игновски престанал со продажба на такви боксови, а му останале две на лагер. Од кои една дал на полицијата по настанот.

-Такви сме продале десетина - 15 парчиња максимум. Прскалки не сум носел затоа што немам како да ги продадам во продавницата легално. Имам ладни фонтани и муштерии што ги купуваат, зошто би ризикувал фирма за 100 денари прскалка, изјави Игновски.

На прашања од бранителката на првообвинет, Дејан Јованов, адвокатката Ивана Коцева, сведокот потврди дека топлите фонтани ги набавил нелегално од Бугарија од фирмата „Тропик“ и дека ги продавал на Панчо.

На прашањето дали сопственикот на објектот Дејан Јованов, или неговиот син, побарале да купат прскалки, тој одговори негативно.

- Не го познавам човекот, ниту пак неговиот син, рече сведокот.

На прашање од одбраната на Митко Стојанов, во врска со прашањето што се случило со остатокот од прскалките, рече дека често ги продавал и за свадби и за само месец откако ги набавил ги продал.

Во врска со прашањето дека после пожарот во Гевгелија ДНК продолжиле да ги користат прскалките, тој одговори потврдно.

-Тие никогаш не престанале да ги користат, нон-стоп по фејсбук има, рече сведокот.

На прашања од бранителот Огнен Ѓорѓиев во врска со тоа дека во последните три четири години никој не му извршил контрола за продавање на уреди за пиротехника, одговори не.

-Не, веројатно затоа што имам друга примарна дејност, озвучување и осветлување, рече тој.

На прашања во врска со тоа дали кога се купуваат прскалките доаѓаат со упатство за употреба, одговори дека би требало да има на самата амбалажа, но дека не го прочитал.

Потврди дека на нив постои знак за опасност, предупредување.

Бранителката на обвинетите од Министерството за економија побара во забелешка да бисе ставено „кој треба повеќе да е на обивнитлена клупа, обвинетите од министерството што издале лиценци во 2011 година, или овој сведок кој што криумчарел пиротхеника, на цнро ја држел во неговата продавница, ја продавал и ставил на располагање општо опасно средство од кое загинале сите овие луѓе?“.

На што обвинителот одговори дека не треба да се дозволат овие забелешки и посочи дека, како што рече „луѓето не загинаа од активација на пожар, туку од што немале каде да избегаат“.

На прашање од бранителот на обвинетиот од Пазарен инспекторат, дали со нелегална пиротехника ДНК го запали „Пулс“, одговори да.

На прашање од судот дали лицето кое доаѓало да купува пиротехника во времето додека сте продавале било потребно да поседува некоја лиценца или дозовла за користење.

- Прво ние не сме ги продавале леглано за да побараме дозвола. Јас сум му учинил на Панчо, осум прскалки, и тоа е тоа, рече сведокот.

Судењето продолжи со сослушување на сведоци на предлог на обвинителството.

Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а Обвинителството го застапува тим од 15 јавни обвинители.

Пожарот во дискотеката во Кочани избувна за време на настап на групата ДНК и претставува една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата. Со денешното рочиште продолжува доказната постапка со изведување сведоци на предлог на Обвинителството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Беше прекрасен татко, но падна во депресија по отказот“- мајка за сопругот кој ги уби нивните две деца

Мајката на две деца чиј татко ги убил фрлајќи ги од покривот на гаража, а потоа извршил самоубиство, проговори за околностите околу нивната трагична смрт!

„Беше прекрасен татко, но падна во депресија по отказот“- мајка за сопругот кој ги уби нивните две деца

Шестгодишната Каролин Линч и нејзиниот брат Џејмс Линч, на осум години, беа пронајдени во вторник, 3 ноември, пред општинска зграда во Маунт Либан, Пенсилванија, со повреди за кои се сомнева дека се предизвикани од падот, објави Пипл.

Нивниот татко, Патрик Линч, исто така е пронајден со слични повреди. Сите тројца починаа во инцидент што полицијата го истражува како убиство-самоубиство, соопшти шерифската служба на округот Алегени.

Според PennLive, Патрик ги фрлил децата од петкатна паркинг гаража. По убиствата, мајката на децата објави на Фејсбук дека Патрик бил депресивен откако неодамна ја изгубил работата.

На снимка од екранот од објавата, која ја споделија Daily Voice, WPXI TV и PennLive, Ана ДеМеј Линч напиша дека Патрик „донел неповратна одлука да ги убие нашите две деца и себеси“, додавајќи дека тој бил „прекрасен татко“.

„Тој беше отпуштен во август и набргу потоа, стана депресивен“, додаде таа во објавата.

На профилот на Патрик на LinkedIn е наведен како научник за податоци, кој работел на машинско учење и вештачка интелигенција, а неговата последна работа завршува во август.

Ана во својата објава на Фејсбук напиша дека успеала да го убеди Патрик да оди на терапија и дека тој имал закажан преглед за следниот ден.

„Еден ден предоцна“, напиша таа. „Никогаш не помислив дека нашата приказна ќе заврши вака“.

За Ана е отворена страница GoFundMe додека се бори со загубата на Каролин и Џејмс и се подготвува за нивните погреби.

Заедницата на Маунт Либан, исто така, се собира за да им оддаде почит на децата, за кои канцеларијата на медицинскиот испитувач соопшти дека починале од „повеќе повреди од тап предмет“.

„Таа беше само мало снопче радост. Ги сакаше луѓето“, изјави Вики Хефелфингер, која го познаваше семејството Линч преку нивното учество во училиштето за пливање.

„Секој пат кога ја гледавме, таа им мавташе на сите. Ги гледаше другите деца и беше едноставно толку храбро мало девојче“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Познато е колку заработува Ламар Одом за една недела на OnlyFans (ВИДЕО)

Поранешната НБА ѕвезда Ламар Одом би можела да заработи повеќе од 180.000 евра благодарение на својот нов профил на платформата OnlyFans. 

Познато е колку заработува Ламар Одом за една недела на OnlyFans (ВИДЕО)

Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс заработил повеќе од 45.000 евра за само осум дена, изјавил извор за TMZ.

Месечната претплата за пристап до неговите ексклузивни фотографии и видеа е околу 13,45 евра.

Одом отвори профил на OnlyFans минатиот месец, што го прави првата поранешна НБА ѕвезда што се приклучила на платформата, според медиумските извештаи.

Тој ја објасни својата одлука велејќи дека смета дека времето е вистинско за тоа. Призна дека во текот на својот живот поминал низ многу бурни периоди, но исто така рече дека подготвува уште неколку изненадувања за своите фанови.

„Сите опции се отворени“

Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Клиперс објави дека на неговиот профил ќе има разновидна содржина, вклучувајќи изненадувања што неговите фанови можеби не ги очекуваат.

„Сè уште нема да откривам премногу. Ќе мора да се претплатите за да дознаете. Само знајте дека сум искрен и сите опции се отворени“, рече тој.

Одом рече дека во текот на целиот свој живот често донесувал непредвидливи одлуки и дека сè уште може да ја изненади јавноста. „Отсекогаш сум бил отворена книга, но има поглавја што луѓето сè уште не ги виделе“, изјави тој.

Неговата девојка Рејчел Бредли исто така отвори профил на OnlyFans. Извор близок до двојката откри за TMZ дека постои можност тие да објавуваат содржина заедно во иднина.

Беше во брак со Клое Кардашијан

Одом јавно ја потврди својата врска со Рејчел Бредли во април, кога објави видео на Инстаграм од нив како заедно влегуваат во Crypto.com Arena во Лос Анџелес. Неколку дена претходно, тие споделија и заедничка фотографија со актерот Тери Крус и неговата сопруга Ребека Кинг Крус.

Пред врската со Бредли, Одом беше во долгогодишна врска со Лиза Моралес, со која има две деца, ќерката Дестини (28) и синот ЛЈ (24).

Тој е особено познат на јавноста по бракот со ријалити ѕвездата Клое Кардашијан, со која се ожени во 2009 година. Нивниот брак западна во криза, а во 2013 година решија да се разделат. Разводот официјално беше финализиран во 2016 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фицо тврди: Резултатите од референдумот за пристапување во ЕУ беа фалсификат

Словачкиот премиер Роберт Фицо денес тврдеше дека референдумот за пристапување на земјата во Европската Унија бил наместен и дека немало да има пристапување доколку не било така.

Фицо тврди: Резултатите од референдумот за пристапување во ЕУ беа фалсификат

„Одржавме референдум кој, доколку не беше наместен, немаше да биде успешен. Тоа мора да се каже. Разликата беше толку мала што, според мене, беа направени одредени корекции за да се обезбеди дека исходот е онаков каков што беше потребен за Словачка да го одобри пристапувањето кон оваа организација“, изјави Фицо за телевизијата TA3.

Зборувајќи за атмосферата во Словачка во 2004 година, кога земјата се приклучи кон ЕУ, Фицо оцени дека пристапувањето било проследено со голем ентузијазам од една страна, но дека од друга страна, резултатот од референдумот бил многу тесен.

Референдумот за пристапување кон Европската Унија во Словачка се одржа во мај 2003 година, со излезност од 52 проценти, а мнозинството гласаше позитивно за пристапувањето.

Словачка се приклучи кон Европската Унија во 2024 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер