ВМРО-ДПМНЕ: Филипче уценет и исплашен, му должи на Зоран Заев, му должи и на Румен Радев па западна во специфична психолошка состојба
2ВМРО-ДПМНЕ: Филипче уценет и исплашен, му должи на Зоран Заев, му должи и на Румен Радев па западна во специфична психолошка состојба
КултураНово откритие во „Тумба Маџари“, локалитетот ќе се прогласи за културно наследство Ново откритие во „Тумба Маџари“, локалитетот ќе се прогласи за културно наследство од особено значење.Новото откритие на неолитскиот локалитет „Тумба Маџари“ – фигурина од типот на „Големата Мајка“, заедно со уште една амфора, се значајни предмети кои ја збогатуваат ризницата на раритетни откритија на тлото на државата и даваат посебна ексклузивност на македонската археологија, историја и култура, порача денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков. Љутков, кој денеска го посети локалитет во „Тумба Маџари“ во Општина Гази Баба поради пронајдените откритија, информираше дека веќе е изготвен елаборат за валоризација на локалитетот и Министерството за култура и туризам ќе даде поддршка во заштита на културното наследство. - За откритијата и нивното значење оставам да говорат експертите, за нас, како Министерство, од голема важност е што новите наоди ни укажуваат дека границите на локалитетот се прошируваат, а тоа значи дека истражувањата продолжуваат, изјави Љутков. Тој напомена дека ќе дадат засилена поддршка на партнерскиот однос во грижата за локалитетот што речиси две децении заеднички ја негуваат Археолошкиот музеј и Општина Гази Баба. - Жалам што годинава со археолошки истражувања се продолжува по десет години застој. Веќе е изготвен елаборат за валоризација на локалитетот и Министерството за култура и туризам ќе даде силна поддршка во заштитата на културното наследство како наш врвен приоритет, додаде Љутков. Тој рече дека овој локалитет ќе се прогласи за културно наследство од особено значење и „Тумба Маџари“, како дел од урбано Скопје, повидливо ќе се стави во функција на културниот туризам. Директорката на Археолошки музеј Славица Бабамова, која денеска исто така го посети локалитетот, на новинарско прашање во што се состои вредноста во новооткриените артефакти, одговори дека ликовната интерпретација на жената, на родилката симболот на плодноста, неолитскиот вајар ја има претставено како големата мајка која е карактеристична за Тумба Маџари. - Овде ликовната интерпретација на жената, на родилката симболот на плодноста неолитскиот вајар ја има претставено на сосема друг начин, единствен начин којшто го нема никаде на друго место во светот. Тој начин на ликовна интерпретација на овие жртвеници со претстава на големата мајка се карактеристични за Тумба Маџари. Културата на неолитот во Скопскиот регион многу се разликува од соседните култури од светските неолитски култури. Се надевам дека еден ден ќе се создадат услови овие претстави на големите мајки од Скопскиот и од Пелагонискиот регион, во соработка со Министерството за култура, да ги номинираме во УНЕСКО, за да добијат статус на светско културно наследство, рече Бабамова. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија Секој жител во Македонија годишно фрла по 86 килограми хранаМакедонските домаќинства годишно по жител фрлаат за 17 килограми храна повеќе од просекот во Европската унија.Во просек по 86 килограми храна годишно по жител,. Рестораните и услугите за изхрана по 10 килограми над европскиот просек, додека во малопродажбата се создаваат 5 килограми повеќе отпад од храна по човек годишно покажува извештајот на програмата за животна средина на ОН. Според извештајот домаќинствата во Македонија во 2024 година создале вкупно 179 311 тони отпад од храна. Европските домаќинства во просек создаваат по 69 килограми по човек отпад од храна годишно, додека македонските домаќинства во просек фрлале по 86 килограми по човек храна во текот на годината. Извештајот на програмата за животна средина на он за индексот на отпад од храна за 2024 покажува дека светот годишно фрла 1,05 милијарди тони храна, што претставува дури 19% од вкупната храна достапна за потрошувачите. Домаќинствата ширум светот фрлаат над 1 милијарда оброци секој ден и се одговорни за 60% од вкупниот отпад од храна, додека останатите 29% се од ресторани и хотели и 12% од малопродажбата во маркети. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче уценет и исплашен, му должи на Зоран Заев, му должи и на Румен Радев па западна во специфична психолошка состојбаВенко Филипче е во специфична психолошка состојба, која не може да ја контролира и за која, веројатно, му треба и стручна помош.Тој е уценет и исплашен човек, кој должи и на Зоран Заев, што го постави и држи на претседателското столче во СДС, и на Румен Радев, пред кого, очигледно презел обврски, кои значат ново предавство на македонските национални интереси. Од една страна, поради полтронството спрема Зоран Заев, тој ja претвори СДС во маргинална партија со многу проблеми, со раскарани сопартијци, меѓусебни обвинувања за тешки криминали, навреди, јавни пресметки. Додека, од друга страна, спрема Румен Радев очигледно има преземено обврски, затоа што неговиот став „прво Бугарите во Уставот, па потоа сè друго“ е ист како и бугарската политика спрема Македонија. И ваквите ставови на Филипче на иста линија со бугарските и со Радев, не се први што ги слушаме. Тука е и ставот како бугарскиот, дека за билатералните прашања и спорот со Бугарија не преговараме со нив, туку со Европската Унија. А, неговите последни јавни настапи само ја потврдуваат неговата психолошка состојба, затечен меѓу полтронството кон Заев и слугувањето кон Радев за извесно ново предавство во корист на бугарските интереси. Затоа што само уценет и исплашен човек, јавно навредува и се однесува неконтролирано и непресметливо како Венко Филипче, така што, само во еден ден се расфрла со квалификации како „идиот“ и „шлепер-жаба“. На ваквото однесување на Венко Филипче гледаме со жалење и сочувство, и му препорачуваме што побрзо, пред да биде предоцна, да побара стручна медицинска помош. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФон Дер Лајен денеска пристигнува во Скопје – ќе има средби со Мицкоски и Сиљановска Давкова 08:29Посетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00АНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49Прв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
МакедонијаО. Битола: Спортска Битола го наполни стадионот на натпреварот Македонија против Црна ГораСиноќа спортот и верната публика на фудбалот, покажа и докажаа дека Битола е спортски град.Под рефлектори на стадионот „Петар Милошевски“ се играше меѓународниот натпревар меѓу младите селекции на Македонија и Црна Гора. Натпреварот заврши со резултат 1:1. Градоначалникот на Битола Тони Коњановски и секретарот на Општината Борче Димитровски, како и бројни спортски работници беа на трибините на стадионот. „Задоволство беше да бидам дел од многубројната публика на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, на натпреварот меѓу младата селекција на Македонија која со реми ги заврши настапите на домашен терен во квалификациите за младинското Европско првенство, откако во Битола одигра 1-1 против младата селекцијата на Црна Гора. Ова беше голем ден за спортска Битола, многубројната публика покажа и докажа дека Битола го сака, живее за спортот и за вакви големи настани под рефлектори на стадионот кој ги има сите услови и за меѓународни натпревари. Верувам дека и во иднина трибините на стадионот ќе бидат полни како вечерва, особено и со млади гледачи, кои вистински знаат да се радуваат на вакви големи натпревари“ вели градоначалникот на Битола. Во два дена, два големи спортски настани беа одиграни во Битола, пред два дена ракометен, а синоќа фудбалски спектакл.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter