ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер
1ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер
3СДСМ: 31 година од атентатот над Киро Глигоров, тогаш сакаа да ја запрат демократијата, на 27 април - повторно!
Шоу бизНово обвинение против Пи Диди: Дрогирал и силувал 10- годишно момче Шон Диди Комбс е обвинет за дрогирање и силување на 10-годишно момче во новата тужба поднесена вчера, пишува Page Six.Тужбата во негово име ја поднесе адвокатот Тони Базби, пренесе Ројтерс. Обвинителот тврди дека сѐ се случило во 2005 година, кога тој и неговите родители дошле во Њујорк за да присуствуваат на аудиција организирана од Диди. Тој тврди дека го запознал раперот во хотел во близина на Медисон Сквер Гарден. Потоа, како што се наведува, му отпеал неколку песни на раперот, а тој му рекол дека „може да го претвори во ѕвезда“ и го прашал „колку сака да биде ѕвезда“. Тогаш 10-годишното момче одговорило дека „ќе направи сѐ за да стане ѕвезда“. Тогаш Диди му наредил на член на неговиот тим да му даде на детето сок кој, според обвинителот, содржел дрога. Тој вели дека се чувствувал чудно откако го испил газираниот пијалок, а Диди наводно му рекол: „Понекогаш мораш да правиш работи што не ги сакаш“, а потоа, како што тврди, го принудил на орален секс. Обвинителот тврди дека потоа се онесвестил, а кога се разбудил му биле соблечени панталоните. Поради ова, тој верува дека бил сексуално злоставуван. Тој вели дека почнал да плаче, а Диди наводно му рекол дека ќе ги повреди родителите ако им каже што се случило. Мажот изјавил дека на родителите им кажал сѐ, но тие се плашеле да го пријават Диди. Тимот на Диди ги отфрли новите наводи. „Адвокатот кој стои зад оваа тужба е повеќе заинтересиран за медиумското внимание отколку за вистината, што е очигледно од неговите постојани медиумски појавувања. Како што веќе кажавме, г-дин Комбс не може да одговори на секое тврдење кое е лажно и смешно. Тој ќе на суд ќе ја докаже вистината“, велат тие. Раперот неодамна побара забрана за објавување информации за неговиот случај во медиумите. Судијата Арун Субраманијан го одби тоа барање во петокот, но прифати слична наредба предложена од адвокатскиот тим на Диди. Според наредбата, ФБИ, истражителите и правниот тим на Диди мора да се усогласат со законите кои им забрануваат да објавуваат информации за работата на поротата што може да влијае на правичноста на судењето, пишува Page Six. „Да бидам јасен, оваа потерница не е издадена затоа што досега се откриени неправилности, имајќи предвид дека судот допрва треба да најде докази кои ќе ги поткрепат наводите за протекување информации. Целта на налогот е да се осигура дека во иднина нема да се случи ништо што би можело да го загрози правичното судење. Судот ќе преземе соодветни мерки во случај на прекршување на правилата“, рече судијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16Фон дер Лајен за следната недела најави чекор за деблокада на евроинтеграциите13:20
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министерСДС, исто како и Венко Филипче, губат контакт со реалноста и се претвораат во несериозна партија. Не знаевме, но тоа го дознавме од соопштението на СДС — дека за атентатот врз Киро Глигоров е виновно ВМРО-ДПМНЕ.Впрочем, како што е паушално и лажно ова соопштение, паушална и лажна е и целата политика на Венко Филипче. Нека кажат на кои докази го темелат тоа? Ако било така како што тврдат од СДС, тогаш зошто нема разрешница, со оглед на тоа што уште цели три години по атентатот на власт е СДС? За време на атентатот министер за внатрешни работи е Љубомир Фрчкоски, кој сега сè уште е главен советник на Зоран Заев, сместен во штабот на СДС, каде снима поткасти со опрема платена од Зоран Заев. Кога не снима поткасти, прес-конференции снима неговиот син Јон Фрчкоски, кој е познат по скандалот каде е фатен како се дрогира на јавно место. Ако Венко Филипче има какви било дилеми за атентатот, нека го праша Љубомир Фрчкоски, кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти и се лаже дека е некоја величина. Да потсетиме, истиот тој Љубомир Фрчкоски е познат по пријави за тепање жени, скандали со продажба на името и златни амфори, како и низа скандали во МВР. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНиколоски: Над 7 милиони евра се инвестираат за економски развој на СтрумицаНиколоски на средбата потенцира дека само преку Министерството за транспорт во Струмица се реализираат проекти во вредност од над 7 милиони евра.Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, оствари работна посета на општина Струмица, каде со градоначалникот Петар Јанков, општинската администрација и пратениците Ели Панова и Жан Дрвошанов, разговараа за развојните планови на општината и реализацијата на инфраструктурните проекти со поддршка од Владата. На средбата беше истакнато дека Владата континуирано вложува во подобрување на патната и комуналната инфраструктура, со цел создавање подобри услови и поквалитетен живот на граѓаните. Николоски на средбата потенцира дека само преку Министерството за транспорт во Струмица се реализираат проекти во вредност од над 7 милиони евра, што претставува значајна поддршка за локалниот економски и урбан развој на општината. Во Струмица преку Министерството за транспорт се работи на изградба на атмосферски канализациски систем за населеното место Просениково, во вредност од 46,6 милиони денари. На сребата беше истакнато дека се работи и на постапка за реализација на експресен пат од Радовиш преку Струмица и Ново Село до границата со Бугарија. Министерство за транспортТагови: Александар Николоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: 31 година од атентатот над Киро Глигоров, тогаш сакаа да ја запрат демократијата, на 27 април - повторно!На 3 октомври 1995, пред хотел Бристол, автомобил-бомба го погоди првиот претседател на независна Македонија. Глигоров преживеа, со тешки повреди.Загина возачот Александар Спировски. Повреден беше телохранителот Илчо Теовски. Од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов. Повредени беа и Климе Коробар и Јован Атанасовски. Истрагата утврди дека нападот бил подготвен и организиран. Сторителот и денес е „непознат“. Постапката е отворена. Тоа не е мистерија за народот. Тоа е незавршена ситуација. Тогаш сакаа да ја запрат државата во раѓање. Демократијата. Независноста. Претседателот што ја водеше Македонија надвор од војна им беше мета. Кој пукаше во Марсеј? Кој соработуваше со Мусолини и со Хитлер? Ванчо Михајлов. Кој е наследникот на таа традиција? Груевски. Велеше Ванчо - македонски син. На 27 април 2017 сакаа повторно: Собрание, крв, прекин на изборниот резултат. Истата логика. Кога не можат на гласови, одат на сила. Кој денеска води кампања по неговиот модел, модел на Ванчо Михајлов? Кампањата „талог“. Арамијата што се вика Христијан Мицкоски. Народот: талог, мочуриште, медиокритети. Себеси - елита и институција. Тоа не е случаен речник. Тоа е речник на човек што демократијата ја гледа како пречка, а државната каса како сопственост. СДСМ се сеќава на жртвите. Се сеќава на Глигоров. И јасно порачува: атентатот не е затворена страница сè додека сторителот е „непознат“, а наследникот на Ванчо седи во Владата и народот го вика „талог“. Атентатот врз демократијата нема да остане без име. Демократијата ја преживеа бомбата. Ќе ја преживее и оваа банда. Доаѓа време на вистината и правдата. Власта се враќа во рацете на народот. Оваа група ќе одговара. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter