ФУЕН бара поддршка од МАЕИ за спроведување на Резолуцијата за македонското национално малцинство во Албанија
1ФУЕН бара поддршка од МАЕИ за спроведување на Резолуцијата за македонското национално малцинство во Албанија
3Ѓорѓиевски: Скопје има луѓе со големо срце - Ви благодарам за најмасовната еко-акција за нашиот град
Ново кинеско електрично возило пристигнува во Европа: Дали „Volkswagen“ и „Renault“ имаат причина за загриженост?
2Ново кинеско електрично возило пристигнува во Европа: Дали „Volkswagen“ и „Renault“ имаат причина за загриженост?
АвтомобилизамНово кинеско електрично возило пристигнува во Европа: Дали „Volkswagen“ и „Renault“ имаат причина за загриженост?„Leapmotor B03“ пристигнува на почетокот на 2027 година. Што нуди овој електричен автомобил, кој цели кон европските фаворити?„Leapmotor B03“ е нов електричен хечбек што треба да се појави на европскиот пазар во 2027 година. Со досег до 389 километри, мотор со 194 КС и очекувана цена од околу 25.000 евра, овој модел е наменет за купувачите на „Volkswagen ID.“ „Polo“ и „Renault 5“. „B03“ е европската верзија на моделот што во Кина се продава како „B05“. На домашниот (кинески) пазар, цената започнува под 7.500 евра, а возилото е достапно со систем за помош на возачот базиран на „LiDAR“ технологија. Европската верзија нема да ја содржи таа технологија, а цената ќе биде значително повисока. Новиот модел е позициониран над помалиот „Leapmotor T03“ и под кросоверот „B03X“. „Leapmotor“ е делумно во сопственост на групацијата „Stellantis“. Одлични перформанси и брзо полнење Го придвижува електромотор со 194 КС (143 kW), кој овозможува забрзување од 0 до 100 км/ч за 7,6 секунди. Батеријата од 53 kWh обезбедува деклариран „WLTP“ досег од 389 километри. Максималната моќност на полнење со еднонасочна струја (DC) изнесува 133 kW, што овозможува полнење на батеријата од 10% до 80% капацитет за 21 минута. Ова би можело да го направи „B03“ интересен избор за купувачите кои ги ценат перформансите и практичноста, како и цената. Багажникот е поголем од оној на „Renault 5“, иако конкурентот од „Volkswagen“ нуди уште повеќе простор. Сепак, „Leapmotor“ има една практична предност: предното совозачко седиште може целосно да се преклопи, што го олеснува транспортот на подолги предмети. Исто така, постои простор за складирање под подот, погоден за мокри или калливи обувки и облека. Богата опременост, но ненаметлив дизајн И надворешноста и внатрешноста на моделот „B03“ се одликуваат со прилично едноставен дизајн. Во кабината доминираат централен екран на допир со дијагонала од 14,6 инчи и дигитална инструмент-табла од 8,8 инчи. Многу од функциите се управуваат преку гласовни команди, додека бројот на физички прекинувачи е сведен на минимум. Стандардната опрема вклучува автоматски LED-предни светла, електрично склопливи ретровизори, греење на возачкото седиште со електрично подесување во шест насоки, топлинска пумпа и „V2L“-функционалност за напојување на надворешни уреди. Се очекува продажбата во Европа да започне во 2027 година, а предвидената цена од околу 25.000 евра ќе го позиционира „B03“ како алтернатива на електричните модели од етаблирани европски производители. Извор: Б92Тагови: Европа електрично возило Кина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФУЕН бара поддршка од МАЕИ за спроведување на Резолуцијата за македонското национално малцинство во АлбанијаФедералната унија на европските националности (ФУЕН) упати официјално писмо до претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, во врска со неодамна усвоената Резолуција за македонското национално малцинство.Федералната унија на европските националности (ФУЕН) упати официјално писмо до претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, во врска со неодамна усвоената Резолуција за македонското национално малцинство во Република Албанија. Резолуцијата, која беше поднесена од Македонското друштво „Илинден“ – Тирана, беше усвоена на Собранието на делегати на ФУЕН за време на годишниот Конгрес одржан на 19 септември 2026 година во Хелсинки, Финска. Во своето обраќање, претседателката на ФУЕН, Оливија Шуберт, истакна дека организацијата — која ги претставува автохтоните национални малцинства во Европа и ги застапува нивните права пред ОН, Советот на Европа, ЕУ и ОБСЕ — бара поддршка од МАЕИ за ефективна имплементација на усвоената резолуција. Со оваа резолуција, од албанските власти официјално се бара Владата на Република Албанија да ја потпише и ратификува Европската повелба за регионални или малцински јазици, да им овозможи на припадниците на македонското малцинство слободно да се изјаснуваат и да преземе ефективни мерки против какви било надворешни политички притисоци насочени кон негирање или асимилација на македонскиот идентитет. Покрај тоа, се бара Општина Пустец да остане посебна единица на локалната самоуправа и во рамките на новата реформа да не претрпи територијални промени, односно да не се спојува со други општин. Во одговорот до ФУЕН, претседателот на МАЕИ, Васил Стерјовски, изрази искрена благодарност за континуираната грижа и посветеност на Унијата во заштитата и унапредувањето на правата, идентитетот, јазикот и културата на Македонците во Албанија. „Усвојувањето на оваа резолуција е значаен чекор кон зајакнување на заштитата на малцинските права и обезбедување загриженоста и легитимните барања на македонското малцинство во Албанија да го добијат вниманието што го заслужуваат на европско ниво“, истакна Стерјовски. Тој исто така го поздрави признанието што ФУЕН му го оддава на Македонското друштво „Илинден“ – Тирана за неговата активна работа и изрази подготвеност за понатамошна заедничка соработка во насока на целосно спроведување на резолуцијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКлековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11МВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:3930 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00Од денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00
ФудбалКејн го собори рекордот на Меси – сега го брка оној на Роналдо!Капитенот на Англија, маестралниот центарфор на Баерн Минхен, Хари Кејн испиша нова страница во историјата на Лигата на шампионите со два гола во Ставангер.Англискиот напаѓач сега има постигнато 36 гола на 40 натпревари во ова натпреварување по својот 30-ти роденден, со што го надмина рекордот на Лионел Меси од 35 гола на истата возраст. Триесет и тригодишниот Кејн исто така има импресивна серија, откако постигна гол на девет последователни натпревари во Лигата на шампионите. Пред него, таков успех постигнале само Руд ван Нистелрој, Роберт Левандовски и Кристијано Роналдо, кој го држи рекордот со постигнат гол на 11 последователни натпревари. И покрај одличната форма на Кејн, Баерн одигра нерешено на гостувањето кај Викингс во второто коло од Лигата на шампионите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Бизарно Скандалозна објава на американскиот претседател: Трамп објави чудно ВИ видео со тигарАмериканскиот претседател Доналд Трамп објави шокантно видео, создадено со вештачка интелигенција, на кое се гледа како се бори со тигар – истото животно што пред неколку дена усмрти млад човек во една англиска зоолошка градина.Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, на социјалните мрежи објави видео генерирано со вештачка интелигенција, во кое се бори со тигар што усмртил човек во зоолошка градина во Англија, пишува „Tchno“. На видеото, објавено на „Truth Social“, Трамп го соборува тигарот на земја, го прегрнува и се смее. View this post on Instagram A post shared by News18.com (@cnnnews18) Видеото претставува обработена снимка од зоолошка градина во Јоркшир, од моментот кога 22-годишниот Вилијам Чапман влегол во кафез со тигар, кој потоа го убил. Несреќата се случил во саботата, на 10 октомври, а зоолошката градина оттогаш е затворена. Алтај, четиригодишен сибирски тигар од зоолошката градина во Јоркшир, нема да биде усмртен, објавија британските медиуми.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook