Ново изненадување за кралското семејство од Меган и Хари- им го смениле презимето на децата

Хари и Меган Маркл ги смениле презимињата на своите деца на нивната веб-страница, со што ја прекинаа 64-годишната кралска традиција.

Во 1960 година беше одлучено потомците на кралицата Елизабета Втора, освен оние кои веќе ја имаат титулата принцеза или принц, да го носат презимето Маунтбатен-Виндзор.

Но, принцот Хари и Меган Маркл одлучија нивните деца Арчи и Лилибет отсега да се викаат Сасекс. Некои беа изненадени од оваа одлука, додека други тврдат дека ова е одлука која е значајна за семејството на Хари, бидејќи го покажува нивното заедништво и сила. „Реалноста е многу едноставна - да се биде Сасекс е нивна работа, а семејството сега го има истото презиме за прв пат. Тоа е голема работа за секое семејство. Тоа го претставува нивното обединување и е момент на гордост за нив“, коментира извор за Тајмс.

За потсетување, децата на принцот Хари и Меган Маркл не ја добија титулата принцеза и принц при раѓањето, но тоа се промени кога нивниот дедо, кралот Чарлс, дојде на власт во 2022 година. Арчи и Лилибет потоа станаа принц и принцеза.

Таравари: 18 пациенти се во критична состојба

Министерот за здравсто Арбен Таравари информираше дека 18 пациенти се во критична состојба.

Како што вели Таравари на трансфузиологија засега нема потреба од дополнителни количини крв.

Албанската новинска агенција АТА изрази сочувство за трагедијата во Кочани

- Нека спомените на изгубените донесат утеха, а нивните души нека почиваат во мир, наведува Јоргаки.

Главниот уредник на дескот за вести од светот на Албанската телеграфска агенција (АТА) Аријан Јоргаки испрати писмо со сочувство до МИА за трагедијата во Кочани во кое истакнува дека во ова време на жалост, АТА се солидаризира со народот на Македонија.

- Длабоко ни е жал поради трагичната загуба на 51 живот и 100 ранети во катастрофалниот пожар во ноќниот клуб во Кочани. Нашите мисли се на жртвите, нивните семејства и сите оние кои се погодени од овој потресен настан, пишува Јоргаки.

Тој вели дека ниту еден збор не може да ја намали болката од таквата огромна загуба, но нагласува дека сите сме во нивните мисли и молитви во овој тежок период.

- Нека спомените на изгубените донесат утеха, а нивните души нека почиваат во мир, наведува Јоргаки.

Католичката црква изрази сочувство до семејствата на загинатите во несреќата во Кочани

Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски бискуп монсињор д-р Киро Стојанов изрази сочувство по повод трагичната несреќа што се случи во дискотеката во Кочани каде загинаа 59 лица, а 155 се повредени. 

- Епископот Стојанов ги ветува своите лични молитви и молитвата на Црквата, препорачувајќи ги загинатите на Божјото милосрдие. Повредените, семејствата и сите оние кои се борат за нивните животи тој ги препорачува на застапништвото на Пресвета Богородица, да им дарува побрзо оздравување, сила, утеха, се вели во соопштението од Католичката црква.

Денеска во 19 часот, како што стои во објавата, во црквата „Раѓање на Свети Иван Крстител“ во Струмица ќе се служи панахида за покојните, наместо трибината за Јубилејната година, којашто била планирана за тој термин.

- Во деновите на жалост, започнувајќи од денес во сите цркви на Католичката црква во Македонија ќе се моли за покојните и за здравје на повредените, велат од Католичката црква.

притисни ентер