Драма на Јамал по натпореварот: Додека прославуваше пласман во финалето, крадци ја нападнаа вилата што ја купи пред Мундијалот
2Драма на Јамал по натпореварот: Додека прославуваше пласман во финалето, крадци ја нападнаа вилата што ја купи пред Мундијалот
3Отпадна од Мундијалот, па за милион долари си изнајми јахта со девојка за „жежок“ танц- Бразилците бесни (ФОТО)
АвтомобилизамНово издание на малиот „Хјундаи И10“Новото издание на најмалиот модел на „Хјундаи“ во Европа ќе биде достапно во втората половина од годината.Околу четири години по премиерното прикажување на третата генерација на „И10“, „Хјундаи“ претстави предизајнирано издание на возилото чиешто производство ќе почне во април во погоните на автопроизводителот во Турција. Набљудуван однадвор, новиот „И10“ носи ќе има ЛЕД дневни светла со поинаков изглед и нова графика на предните и задните светла. Меѓу деветте понудени бои на каросеријата се две нови нијанси (лумен-сива и мета-сина боја). Тука се и алуминиумски бандажи од 38 цм, како и „Н-Лајн“ пакетот. Внатре, покрај дигитална инструментна табла од 10 цм, има и дисплеј од 20 цм преку којшто се управува мултимедијалниот систем со навигација и безжична врска со апликациите „Андроид ауто“ и „Епл карплеј“. Под предниот капак, трицилиндричниот еднолитарски атмосферски мотор развива 67 коњски сили, а 1,2-литарската опција со цилиндерот развива 84 к.с. повеќе. Првите примероци од овие возила ќе бидат достапни во втората половина од годинава. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканРуски туристи се уапсени затоа што во Света Софија во Истанбул ја читале БиблијатаРускиот генерален конзулат во Истанбул ги истражува околностите на притворањето на руските граѓани во познатата Света Софија.Дипломатите ги истражуваат околностите на инцидентот, објавија руските медиуми. Полициски извори во Истанбул го потврдија инцидентот, но одбија да дадат дополнителни коментари. Покраинските власти и службата за миграција, исто така, одбија да дадат коментар. Менаџерот на хотелот каде што престојувале притворените туристи не сакаше да открие никакви информации за нивното местоположба, повикувајќи се на законски прописи што забрануваат споделување на податоци за гостите со трети страни. 📖 🇹🇷 Russian tourists have landed in a major scandal in Turkey — a married couple was arrested for reading the Bible inside Hagia Sophia The couple insist they had no idea it was forbidden to read the Bible inside the mosque. Just minutes after they opened the book, security… pic.twitter.com/ap7mCCwKqe — NEXTA (@nexta_tv) July 15, 2026 Како што претходно објавија некои руски медиуми, двајца руски државјани, Викторија и Игор, наводно биле приведени на 13 јули затоа што ја читале Библијата во Света Софија. Безбедносните службеници ги однеле во полициската станица, каде што против нив е составен извештај поради сомнение за сторено кривично дело според член 216 од турскиот кривичен законик, кој се однесува на „поттикнување омраза и непријателство меѓу луѓето или навредување и понижување на одредени општествени групи“. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган потпиша декрет во јули 2020 година со кој Света Софија, која претходно функционираше како музеј, официјално се претвора во џамија, по што таму беа обновени религиозните служби.Тагови: Света Софија туристи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТенисНаскоро пристигнува филм за Новак Ѓоковиќ, се огласи и Бекер (ВИДЕО)Можат ли сите достигнувања на Новак Ѓоковиќ да се вклопат во само неколку минути, часови, епизоди? Никако! Но, фановите ширум светот ќе можат да видат како изгледал патот до славата на најдобриот тенисер на сите времиња, кој ја стави Србија на светската мапа и ѝ донесе на нашата нација многу радости. Филмот „Новак Ѓоковиќ: Волкот во зима“ доаѓа наскоро, а трејлерот за документарецот е објавен. Се очекува дека ќе можеме да го видиме патувањето на Ѓоковиќ од момче „под бомби“ и санкции до најголем во историјата. Документарецот ќе биде достапен од 20 август, кога целиот свет ќе има можност да чуе и да види како се станува вистински шампион. Поранешниот тренер на Новак, познатиот тенисер Борис Бекер, исто така одговори, и накратко коментираше на најавата за филмот: - Едвај чекам да го гледам „ The Wolf in Winter“ - рече Бекер. Can‘t wait to watch it ! „The Wolf in winter „ https://t.co/UlmHt08TnJ — Boris Becker (@TheBorisBecker) July 14, 2026 Тагови: Борис Бекер Новак Ѓоковиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаЧетиринаесет годишник во Лондон е обвинет за тероризам- планирал напади на џамииЧетиринаесетгодишно момче е обвинето за тероризам под сомнение за планирање напади врз две лондонски џамии.Тинејџерот, кој е приведен минатиот четврток, 9 јули, во јужен Лондон, првично беше уапсен под сомнение за оштетување на возило, но по претресот полицијата пронајде „голем број загрижувачки документи“. Затоа беше повторно уапсен според Законот за тероризам под сомнение за врски со крајно десничарски тероризам, пишува Скај њуз. Момчето, чиј идентитет не може да се открие поради неговата возраст, сега е обвинето за планирање терористички напади во областа Сатон во јужен Лондон. Тој е обвинет и за кривично дело оштетување на имот што било „расно мотивирано“. Полицијата објави дека обвинението за тероризам се однесува на план за напад врз две џамии во областа Сатон. „Полицијата контактирала со џамиите, а специјализирани службеници им даваат постојани совети и поддршка. Исто така, сме во контакт со жртвата чие возило беше оштетено“, се наведува во соопштението за медиумите. Портпаролот на полицијата додаде дека не се верува дека постои трајна или поширока закана поврзана со овој случај и дека не се бараат други лица како дел од истрагата. „Загрижувачки е да се види некој толку млад обвинет за вакви злосторства“ „Ова е многу сериозно обвинение за тероризам против младо момче и веројатно ќе биде од голема загриженост за јавноста и локалната заедница“, рече Хелен Фланаган, началник на полицијата за борба против тероризмот во Лондон. „Знаеме дека ова ќе биде од особена загриженост за муслиманската заедница. Тесно соработуваме со засегнатите имоти за да се осигураме дека ќе ги добијат сите информации и совети, поддршка и уверување што им се потребни, и ќе продолжиме да го правиме тоа“, рече Фланаган. „Иако е длабоко вознемирувачки да се види дека некој толку млад е обвинет за вакви злосторства, за жал гледаме зголемен број деца и млади луѓе во нашите случаи“, додаде таа. Малолетникот е приведен во притвор и утре треба да се појави пред Судот за прекршоци во Вестминстер.Тагови: Лондон џамии Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтевчо Јакимовски доброволно замина во затворот „Скопје“ 18:05Истекува крајниот рок за Изборниот законик партиите останаа без договор15:00Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08Седница за опозициски прашања во Собранието08:38Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00
Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08
Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00