Извори на Канал 5: Култура, спорт и односи меѓу заедницата ги презема Влен, ВМРО-ДПМНЕ здравство, социјала, евроинтеграции
1Извори на Канал 5: Култура, спорт и односи меѓу заедницата ги презема Влен, ВМРО-ДПМНЕ здравство, социјала, евроинтеграции
Прва снимка од природно чудо: Пајакот користи мрежа за да направи пружина и ги лансира мравките побрзо од Ф1
2Прва снимка од природно чудо: Пајакот користи мрежа за да направи пружина и ги лансира мравките побрзо од Ф1
КултураНово издание на фестивалот „Ех таа серенада“ во Битола Културен и информативен центар-Битола почна со подготовките на четвртото издание на фестивалот на битолска серенада „Ех таа серенада“ кој се одржува во рамки на манифестацијата „БитФест“.Организаторот денеска објави јавен конкурс кој ќе биде отворен до 1 април, до кога се очекува понуда, а потоа и избор на 20 нови композиции кои треба де се во согласност со досегашните принципи на компонирање на музика и пишување на текстови во корелација со староградската музика, со потенцирање на битолската серенада како основен уметнички израз. -Сите варијации и иновации на оваа тема се добредојдени за збогатување на квалитетот на оваа музичка форма. Музичките дела ги очекуваме како демо снимка во mp3 формат, аплициран текст, или нотен запис на мелодиската линија со запишани акорди. Изборот на композициите при селектирањето и избор на делата има комисија назначена од КИЦ Битола, соопштија организаторите на фестивалот. Избраните музички дела ќе бидат хонорирани со 10.000 денари за текст, 10.000 денари за музика и 10.000 денари аранжман, а изведувачите ќе добијат хонорар од 5.000 денари. Mузичкиот настан се изведува во живо со оркестар, со професионални музичари и се одржи во Офицерски дом.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаИзвори на Канал 5: Култура, спорт и односи меѓу заедницата ги презема Влен, ВМРО-ДПМНЕ здравство, социјала, евроинтеграции Правда, култура, спорт, односи меѓу заедниците ги презема Вреди, ВМРО-ДПМНЕ ги добива здравство, социјална политика, евроинтеграции и вицепремиерското место за добро владеење, а земјоделство ќе оди кај ЗНАМ. Ова неофицијално е досега договорено меѓу премиерот и коалиционите партнери за владина реконструкција. Извори на Канал 5 брифираат дека најверојатно владиниот тим ќе го напушти вицепремиерот Иван Стоилковиќ, министрите Цветан Трипуновски, Игор Филков, Борко Ристовски, Зоран Љутков и Фатмир Лимани. Информациите засега никој не ги потврдува ниту демантира, но начелно постигнале согласност за рокада на овие ресори. Според лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, сите опции се на маса и треба да се согледаат грешките, но уверува дека односите во коалицијата се на највисоко ниво. „ Сега во моментов разговараме само за министерските позиции, сите опции се отворени бидејќи треба да се слушнат сугестиите на владините партнери, но секако да се согладаат и сондажите на граѓаните колку тие се задоволни од реализација на проектите на одредени ресори. Ние не разговараме само за местата на ЗНАМ, туку за сите места во владата и реализацијата на владината програма во две години.“ - Максим Димитриевски – претседател на ЗНАМ Неофицијално, конечна одлука за распределбата на ресорите ќе има вечерва, откако премиерот Мицкоски ќе се сретне со Димитриевски за да го прецизираат договорот, а потоа се очекува внатрепартиски да решаваат за новите имиња. Целиот процес на реконструкција во владата се најавува дека ќе заврши многу брзо, а според премиерот списокот до Собрание ќе биде доставен најдоцна до први јули. Тој потенцираше дека промената во кадрите нема да запре со министрите, туку следни се директорите кои во првите две години од мандатот на оваа влада не ги исполниле своите ветувања. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота15:00Муцунски: Јас би се извинил, до овој момент немам одговор од бугарската страна11:12Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05
Македонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота15:00
Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33
Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00
Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05
МакедонијаПредлогот на Законот за кривичната постапка е објавен на ЕНЕРПредлогот е усогласен со јуриспруденцијата на Европскиот суд за човекови права.Министерството за правда го објави Предлогот на Законот за кривичната постапка на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР), со што започнува јавната консултација за едно од најзначајните законски решенија во областа на правосудството. Предлог-законот содржи решенија за унапредување на одредбите што се однесуваат на конфискацијата, правата на жртвите на кривични дела, мерките за пронаоѓање и обезбедување лица и предмети, електронските докази, посебните истражни мерки, финансиските истраги, увидот во списите, одржувањето рочишта и изведувањето докази на далечина, постапувањето по обвинителен акт, главната расправа, правните лекови, скратената постапка и други аспекти на кривичната постапка. Предлогот е усогласен со јуриспруденцијата на Европскиот суд за човекови права, како и со меѓународните и европските стандарди. Воедно, законот е усогласен со 18 директиви на Европската Унија, особено во делот на процедуралните права на осомничените и обвинетите лица, правата на жртвите и конфискацијата. Најзначајните новини во Предлогот на Законот за кривичната постапка се: • Подобрување на одредбите за конфискација; • Дигитализација на кривичната постапка; • Ревидирање на одредбите за посебните истражни мерки; • Унапредување на процедуралните права на осомничените и обвинетите лица, како и правата на жртвите согласно законодавството на Европската Унија; • Усогласување со Законот за АРО, Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка и Законот за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство; • Отстранување на недостатоците утврдени во досегашната практика. Со предложените решенија се создава основа за поефикасна, потранспарентна и помодерна кривична постапка, усогласена со европските стандарди и потребите на современиот правосуден систем.Тагови: Министерство за правда Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаИнтерпелацијата за министерот Тошковски на пленарна седницаЖестока расправа во собранието за интерпелацијата на министерот Панче Тошковски, поднесена од Левица.Опозицијата обвинува за селективно постапување на полицијата, политички мотивирани акции, безбедносни пропусти. Тошковски пак, во иницијативата гледа евтин политички обид да се закочи расчистувањето со криминалот и корупцијата. Јана Јосифоска ја следи седницата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook