Ново гледалиште со заменети столчиња и под во Театар Комедија - Канал 5

Ново гледалиште со заменети столчиња и под во Театар Комедија

Театар Комедија има обновено гледалиште со 305 нови столчиња за публиката и нов ПВЦ-под. 

Ново гледалиште со заменети столчиња и под во Театар Комедија

Реновирањето овозможено и со донација на Република Полска почна пред 20-ина дена и чини околу 9 милиони денари.

-Тие столови имаа историја од шеесетина години, носеа некоја емоција и традиција, но, сепак, веќе беа нефункционални и имаше поплаки од публиката. Им благодарам на Полската амбасада и амбасадоот Мариуш за помошта и донацијата што ја дадоа за поддршка на овој проект, кој чини околу 9 милиони денари. Министерството за култура и туризам го поддржа со околу 5,3 милиони денари проектот за реновирање на салата т.е. менување на столовите и на подот, изјави министерот за култура и туризам Зоран Љутков.

По посетата на салата во театарот, заедно со амбасадорот на Полска Мариуш Бримора, министерот посочи дека и во иднина ќе има инвестиции за Театар Комедија кој е, рече, еден од најпосетените театри во Македонија. За следната година е во план реновирање на гардеробите и менување на осветлувањето и на самата сцена.

Документ за завршениот проект со поддршка од Полска потпишаа полскиот амбасадор Мариуш Бримора и директорот на Театар Комедија, Дарко Спасов.

Бримора кажа дека поддршката е една од поважните активности на дипломатијата на Полска во многу региони во светот која го вклучува и Западен Балкан. Тој ги покани гледачите да ја проследат првата претстава во новото гледалиште овој петок – македонска премиера на претставата „Ивона, принцезата на Бургунд“ по текст од полскиот писател Витолд Гомбрович, во режија на Билјана Радиноска.

-Амбасадите на Полска во регионот спроведуваат многу проекти секоја година. И ова е пример за поддршка на Полска во проект што успешно го завршивме со Театар Комедија во Скопје. Тоа беше совршено партнерство и сум многу задоволен од резултатот. Им благодарам на директорот и на министерот за култура за поддршката на нашиот проект со кој претставуваме нова опрема за публиката во театарот. Првата прилика таа да се проба е в петок вечер кога ќе биде изведена македонска премиера на претставата „Ивона, принцезата на Бургунд“ од полскиот автор Витолд Гомбрович, истакна Бримора и додаде дека ваквите партнерски проекти ќе продолжат и во иднина.

Театар Комедија е отворен во ноември 2011 година и е меѓу најпосетуваните театари во државава. Во 14-те години поставени се над 50 премиери, во оваа година имале осум. „Ивона, принцезата на Бургунд“ на 28 ноември ќе биде нивната деветта премиера во 2025-та, а сезоната ќе ја заокружат со десетта премиера – „Ана“ во режија на Нина Николиќ. Годишно Театар Комедија има околу 120 изведби со приближно 33 000 гледачи.

Ансамблот на Театар Комедија сцената ја дели со нивните колеги од Турски театар-Скопје кои чекаат да се вселат во новиот објект кој веќе една деценија е во изградба.

Според министерот Љутков, отворањето на Турскиот театар-Скопје се очекува на крајот на 2026 или почетокот на 2027 година.

-За таа зграда процесот беше запрен околу пет-шест години. Во 2023 година почна да се става фасадата, сега работиме со многу забрзано темпо за да го завршиме. Се работи третата, псоледната фаза – ентериерното уредување и сценската технологија која оди малку побрзо. Сè зависи од временските услови и од динамиката, би требало да биде готов до крајот на 2026 или почетокот на 2027 кога и Турскиот таетар ќе се пресели во нова зграда, рече Љутков одговарајќи на новинарско прашање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МЗ: Комисијата за имунизација донесе заклучок за времено одложување на имунизацијата со вакцина БСЖ

Во однос на информациите од хрватските медиуми за несакани реакции од вакцина БСЖ, веднаш заседаваше Комисијата за имунизација во рамки на Министерството за здравство. 

МЗ: Комисијата за имунизација донесе заклучок за времено одложување на имунизацијата со вакцина БСЖ

Имајќи предвид дека станува збор за ист производител, веднаш е контактирана Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД) и се побарани информации за сериите на вакцини што се користат во нашата држава.

Потенцираме дека имунизацијата со оваа вакцина во нашата држава е задолжителна имајќи предвид дека земјата е со висок ризик од туберкулоза.

Во моментот, на Институтот за ТБЦ има 95 пациенти со туберкулоза од кои 83 се од годинава, а во Детската болница Козле во 2025 се евидентирани 15 случаи, а во 2026 се евидентирани 12 нови случаи.

Врз основа на наведеното, Комисијата за имунизација донесе заклучок за времено одложување на имунизацијата со оваа вакцина до добивање комплетни информации во однос на сериите, нивниот квалитет и асоцираноста со појавата на несакани реакции.

Воедно, потенцираме дека во изминатите десет години до МАЛМЕД е пристигната само една пријава за сомнеж на несакана реакција од БСЖ вакцина (во август 2022 година), која се однесувала на појава на апцес на местото на апликација на вакцината, што како реакција е опишано во упатството за употреба на вакцината,стои во соопштението од Министерсвото за здравство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Се соблече „српската Шакира“

„Српската Шакира“ се соблече во супер минијатурни бикини.

Фото: Се соблече „српската Шакира“

Раперката Диа Костиќ важи за една од дамите со најатрактивна фигура насрпската јавна сцена, а сега се појавија и жешки фотографии од нејзиниот одмор.

Атрактивната русокоса на фотките позира на тераса во минијатурно бикини со интересен дезен, истакнувајќи ја својата извајана фигура во прв план.

Посебно внимание кај фановите предизвикал нејзиниот раскошен задникот, како и тесниот струк и долгите нозе.

Диа позира пред луксузниот хотелски комплекс и базенот, а нејзиниот изглед дефинитивно не помина незабележано.

Во опуштено издание, со брановидна руса коса и минимален накит, Костиќ уште еднаш покажа зошто привлекува големо внимание каде и да се појави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Светска банка му ја избриша таблата на Мицкоски, не сме трета економија туку една третина од Европа

Арамијата денеска седнува на извештај што сам не би го нарачал. „Македонија: излез од стапицата на среден доход“. 

СДСМ: Светска банка му ја избриша таблата на Мицкоски, не сме трета економија туку една третина од Европа

Светска банка не му честита. Му вели дека земјата со години стои во истата категорија.

БДП по жител е околу една третина од просекот на Европската Унија. Не трета економија. Третина од стандардот.

Новите работни места се во ниска продуктивност и ниска плата. Дијаспората е над половина милион.

Што ќе црта сега? Бајката „трети во Европа“, пропадна. Најбрз раст, падна. Пензии 16 пати повеке, падна.

Фон дер Лајен му ја зеде лагата за идентитетот. Македонскиот јазик и културата се заштитени. Преспанскиот договор го нарече самиот ремек-дело. Сиљановска потврди дека идентитетот е заштитен. Тоа го зачува претходната влада.

Не тој.

Нема сега каде да бега. Веќе призна дека во буџетот фали милијарда евра. Потпиша нови 1,3 милијарди евра за нови долгови. За две години ги задолжи граѓаните за 4 милијарди евра. Повеќе од половина од долгот од независноста.

Сега му треба алиби за избори. Не реформи. Излез.

Затоа дефокус. Руска партија на далечински. Платформа за 1,6 милиони. Гета замина со 5,53 милиони народни. Нема друга бина. Мора да се обвини претходната влада.

Народот не вели за џабе: лагите имаат кратки нозе. И кој лаже, тој и краде.

Затоа бега од ЕУ. Затоа што бега од европско обвинителство и од Лаура Ковеши.

Затоа се кара со Бугарија пред да се седне на разговор.

Арамијата разговара. Не преговара. Изолацијата му одговара. Таа му носи слобода и луксуз.

А авионот? Останаа ли пари во буџетот, или и тој ќе се црта на табла, да ни објасни како го болат колената од клечење.

Нема бегање. Таблата е празна. Касата е празна.

Време е арамијата да им положи сметка на граѓаните - за нивните пари и нивните интереси.

Скопје, 06.10.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер