Манасиевски: Бугарскиот амбасадор во Македонија, Венко Филипче и натаму работи за бугарските интереси и молчи за моштите на Цар Самуил
1Манасиевски: Бугарскиот амбасадор во Македонија, Венко Филипче и натаму работи за бугарските интереси и молчи за моштите на Цар Самуил
Меси доби понуда што не се одбива: Аргентинецот доби покана да го направи единственото нешто што го нема направено?!
2Меси доби понуда што не се одбива: Аргентинецот доби покана да го направи единственото нешто што го нема направено?!
Тргна на патување околу светот пред речиси три децении: Неверојатен потфат на човек кој никогаш не се откажува
2Тргна на патување околу светот пред речиси три децении: Неверојатен потфат на човек кој никогаш не се откажува
3МЗ: Ставен во функција еден од компјутерските томографи на Универзитетскиот институт за радиологија – Скопје
Други спортовиНово финале за македонските одбојкари во Европската лигаМакедонската одбојкарска репрезентација на импресивен начин и со голем пресврт стигна до финалето во Европската лига.Македонските „Спартанци“ иако губеа со 0:2 во сетови во полуфиналниот меч со Данска, сепак успеаја да се изборат за своето трето финале во низа во ова натпреварување на завршницата што се одржува во данскиот град Гентофе. Лошо го започна мечот нашите одбојкари дозволувајќи му на противникот да одиграат во добар ритам, па првиот сет црвено-жолтите го загубија со 19-25. И во вториот сет нашите одбојкари постојано ја бркаа предноста на Данците, но не успеаја, па го загубија и овој сет со 20-25 . Конечно нашите одбојкари заиграа во посакуваниот ритам кога беше најпотребно. Го добија третиот сет убедливо со 25-14, а во четвриот на противникот му препуштија 20 поени (25-20). Во решавачкиот петти сет, предводени од капитенот Никола Ѓорѓиев македонските одбојкари ја демонстрираа својата сила и квалитет на дело, па тај-брејкот го решија во своја полза со 15-11, за конечни 3:2 во сетови и пласман во финалето. А, во финалето Македонија ќе игра против Украина која во првиот полуфинален меч ја совлада Шведска со 3-2. Финалниот натпревар ќе се игра од 19 часот, а претходно од 16 часот Данска и Шведска ќе играат во дуелот за 3.место. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00
МакедонијаМанасиевски: Бугарскиот амбасадор во Македонија, Венко Филипче и натаму работи за бугарските интереси и молчи за моштите на Цар СамуилБугарскиот амбасадор во Македонија, Венко Филипче и натаму работи за бугарските интереси и молчи за моштите на Цар Самуил.Филипче агитира директно за Бугарија, со тоа што ги застапува бугарските позиции, наместо македонските. Филипче секојдневно вели Бугарите во Устав, па се друго. Ова е истиот став на оној кој го има и соседна Бугарија. Филипче и неговиот ментор Заев, велеа дека Бугарите биле ослободители, а не фашисти во втората светска војна, односно дека биле администратори и дека македонскиот јазик е од 1944 година, а нашата држава дека била создадена благодарение на комунизмот. Филипче периодов молчи и за пренесувањето на таканаречените мошти на Цар Самуил во Бугарија. Молчи затоа што со неговиот ментор Заев преку историската комисија се откажаа од него уште во првиот момент, без размислување. Почитувани граѓани, Замислете на што се е спремен Филипче за пуста власт да направи. Од стабри здравство, до марихуана економија и капитулација на идентитетот и интегритетот на Македонија. Затоа, претседателот Мицкоски и Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ заедно со граѓаните, ќе го зачуваат она достоинство коешто Филипче и Заев не успеаја да го допродадат. Заедно ќе успееме, рече Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалТони Крос ја започнува својата тренерска кариера – тесно поврзана со Реал Мадрид Легендарниот германски фудбалер, 36 годишниот Тони Крос се подготвува за ново поглавје во својата кариера.По завршувањето на фудбалската кариера, поранешниот ас на Реал Мадрид сака да се испроба во тренерската улога, а враќањето на „Сантијаго Бернабеу“ е една од можните опции. Според шпанскиот весник „АС“, Крос ја известил Шпанската фудбалска федерација за својата намера да се вклучи во специјализирана тренерска програма за поранешни професионални фудбалери во сезоната 2027/2028. Иако неговото играчко искуство му овозможува одредени тренерски ангажмани во Шпанија, Германецот сака да се стекне со УЕФА А-лиценца и постепено да се подготвува за работа во професионалниот фудбал. Во моментов тој е ангажиран во развојот на млади фудбалери во својата фудбалска академија во близина на Мадрид, но неговите амбиции полека се насочуваат кон сениорскиот фудбал. Реал Мадрид веќе ја разгледуваше можноста Крос да ја продолжи соработката со клубот преку некоја од улогите во тренинг-центарот „Валдебебас“. Сепак, тогаш не беше пронајдено соодветно решение, бидејќи ниту клубот, ниту поранешниот играч од средниот ред не сакаа да ја форсираат соработката само поради неговото име и статусот на легенда. Односите меѓу Крос и раководството на Реал останаа одлични, па неговото враќање во мадридскиот клуб во иднина не би претставувало изненадување. Германецот ја заврши својата играчка кариера во 2024 година, по Европското првенство, оставајќи зад себе импресивна колекција на трофеи. Тој освои вкупно шест титули во Лигата на шампионите со Реал Мадрид и Баерн, а во 2014 година стана светски првак со германската репрезентација. Заедно со Лука Модриќ и Касемиро, тој го сочинуваше еден од најдоминантните средни редови во историјата на европскиот фудбал.Тагови: Реал Мадрид тони крос Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканНевреме проследено со обилни врнежи во СловенијаНевреме проследено со обилни врнежи го зафати југозападниот дел на Словенија, при што поројни поплави ги поплавија станбените, земјоделските, училишните и другите објекти, а излеаните водотеци ги поплавија патиштата.Невреме го зафати подрачјето меѓу регионот Крас и ридестиот предел Идрија-Церкно. Според извештајот на оперативниот центар за итни случаи, пожарникарите испумпувале вода од објекти, спасувале луѓе заглавени во возила, ги штителе загрозените локации со вреќи со песок и расчистувале наноси од одрони. Патиштата во општините Комен и Ајдовшчина станале непроодни поради одрони од камења и свлечишта, пренесува Срна. Најголем број инциденти – 38 – се регистрирани на подрачјето што го покрива Регионалниот оперативен центар во Нова Горица, а по него следи подрачјето на Регионалниот оперативен центар во Постојна, каде што се случиле 17 инциденти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00