ТенисНово финале за Ѓорческа во Куршумлијска БањаМакедонската тенисерка Лина Ѓорческа утре ќе игра во финалето на ИТФ турнирот во Куршумлијска Бања. Таа со пресврт во полуфиналето дојде до победата и финалето на турнирот што се игра за награден фонд од 30.000 долари. Ѓорческа ја совлада Дарја Астахова со 2:1 (2:6, 6:2, 6:4) за два часа и 22 минути игра. Ова за Ѓорческа е второто финале во 2025 година. Првото го играше истотака во Куршумлијска Бања и ја совлада Марта Матула од Грција. Во првиот сет ривалката имаше комплетна контрола над резултатот и водство од 4:1 во гемови и сетот го заврши со 6:2 за водство од 1-0 во сетови. Во вториот сет Ѓорческа покажа дека е решена да игра уште едно финале во Куршумлијска Бања и поведе со 4:0 во гемови за сетот да го заврши со 6:2 за 1-1 во сетови. Во решавачкиот сет Ѓорческа по 3:3 во седмиот гем го направи решавачкиот брејк и дојде до посакуваната предност и сетот го заврши со 6:4 во гемови. Ова беше трета победа за македонската тенисерка во третиот меѓусебен меч со Астахова. Утре во финалето Ѓорческа ќе игра со победничката од второто полуфинале меѓу Мирјам Булгару од Романија и Денислава Глушкова од Бугарија.Тагови: Куршумлијска Бања Лина Ѓорческа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоСончево со мала до умерена облачност и температури до 23 степениСпоред Управата за хидрометеоролошки работи времето денес низ Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Наместа ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 23 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот. Во попладневните часови наместа ќе има услови за појава на краткотраен дожд.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснатиВкупно 12 пожари на отворен простор се регистрирани до 7:30 часот изутринава, од кои нема активни, еден пожар е под контрола, а 11 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи.Под контрола е пожарот во општините Македонски Брод и Сопиште: с. Белица, м.в. Кајорец (опш. М. Брод), проширен кон Јасен (опш. Сопиште) – нискостеблеста и мешана шума. Изгаснати се 11 пожари во Општина Теарце: с. Нераште – ѓубре, Општина Свети Николе: с. Ерџелија – ниска вегетација и ѓубре, Општина Велес: с. Раштани и с. Белештевица – ниска вегетација, Општина Карпош: Кеј на Вардар – ѓубре. Општина Сарај: с. Долно Свиларе – ниска вегетација и мешана шума, Општина Гази Баба: с. Трубарево – ниска вегетација и ѓубре, Општина Долнени: с. Десово – ниска вегетација, Општина Битола: кај „Економијата“ од затворот, близу Битола – ниска вегетација, Општина Куманово: с. Агино Село – ниска вегетација, Општина Илинден: с. Дељадровци и с. Мршевци – ниска вегетација, Општина Гази Баба: с. Стајковци – ниска вегетација.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ХороскопДневен хороскоп за 16. септември 2026 година Дневен хороскоп за среда, 16. септември 2026 година. Девица 23.8.-23.9. Љубов Повторно ќе играте на картата на љубезност и фино однесување , но работата е во тоа што станува збор само за надворешност. Љубовта доаѓа од срцето. Кариера Без оглед што можеби најдобро ја знаете работата , ослободете се од потребата да доминирате. Треба да се соработува. Здравје и совет Наспијте се. Вага 24.9.-23.10 Љубов Нема да се двоумите околу своите чувства. Ќе бидете јасни , а некои и директни . МОжете да остварите повеќето од вашите идеи. Кариера Сите работи поврзани со луѓе , како и оние од апстрактен карактер ќе ви тргнат од рака. Здравје и совет Ќе се чувствувате добро во својата кожа. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе имате потреба да отидете што подалеку од дома. Ако живеете со партнерот , ќе ви треба објаснување. Ако не, нема да ве најдат дома. Кариера Ќе мислите само како што побргу да ги завршите работните обврски и да одите некаде за да се опуштите. Здравје и совет Поврзете се со луѓето. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Освен што добро ќе се забавувате , во вас ќе расте потребата да бидете главни. партнерот можеби и да се изнервира од вашата потреба. Кариера Потрудете се уште малку и ќе се појават резултатите . Тоа што уште не ги гледате, не значи дека се далеку. Здравје и совет Разбистрете си го умот. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе бидете малку повеќе сентимантални и понежни од вообичаено. На саканата личност тоа нема да и пречи, напротив. Кариера Ќе ја одработите работатат како да танцувате. Едноставно , се ќе ви биде лесно. Нема да поставувате непотребни прашања. Здравје и совет Во добра форма сте. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Секој има свој став , но проблем настанува кога има два става во заедничкиот живот. Денеска ќе мора да се соочите со ова. Кариера Отворената соработка со другите е единствениот начин за даси го подобрите својот статус на работното место. Здравје и совет Бидете мудри. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ви претстои пријатно излегување со потврда за вашата популарност во друштвото. Но , внатре и натаму ќе чувствувате празнина. Кариера Можеби нема да бидете најдобро разбрани , па затоа држете се до професионалните стандарди и правила. Здравје и совет Издржете. Овен 21.3-20.4. Љубов Во попладневните часови ќе бидете поопуштени , а ќес е подобри и вашиот однос со лицата кои ви се блиски. Кариера Се што ќе работите или евентуално прегледувате, ќе мора да го објасните . Ќе имате успех во таа работа. Здравје и совет Радувајте се . Имате зошто. Бик 21.4- 20.5. Љубов Во вториот дел од денот ќе бидете поотворени за секаков вид забава и дружење , а ќе има и можност за тоа. Кариера Вашите идеи добро напредуваат , а вие сте задоволни што е така. Денеска работете на детали. Здравје и совет Едноставно верувајте. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Многумина ќе посакаат малку поголема слобода и оттргнување од грижите, што ги мачат. Затоа ќе побараат друштво без обврски. Кариера Ќе финиширате една задача што ви е здодевна. Оваа фаза на работата веќе доволно чекаше за да биде завршена. Здравје и совет Преземете одговорност. Рак 22.6-22.7. Љубов Истовремено ќе лумпувате и ќе фантазирате за идеалистичка љубавна приказна. Тоа ќе биде вистински емотивен стерео. Кариера Сигурно е дека можете и подобро , но моменталните услови можеби тоа не ви го овозможуваат. Само немојте други да обвинувате. Здравје и совет Ќе ширите позитивна енергија. Лав 23.7-22.8. Љубов Вашата елоквентност , шарм и снаодливост би можеле денеска да ви донесат нови љубовни поени. Кариера Ќе решавате моментално и без застој. Ќе бидете прецизни и во можност да препознаете долгорочна шанса. Здравје и совет Бидете отворени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook