Ѓорѓиевски: Пристигна првата испорака - 3.300 нови контејнери за Скопје, најголема набавка во историјата!
1Ѓорѓиевски: Пристигна првата испорака - 3.300 нови контејнери за Скопје, најголема набавка во историјата!
3Меси доби понуда што не се одбива: Аргентинецот доби покана да го направи единственото нешто што го нема направено?!
Во гаража го направиле најширокиот автомобил на светот- полицијата не можела да му напише казна (ВИДЕО)
2Во гаража го направиле најширокиот автомобил на светот- полицијата не можела да му напише казна (ВИДЕО)
ТехнологијаНовитети околу идните „Ајфони“ на преклопЗа новиот „Ајфон фолд“ (iPhone Fold), се очекува да биде лансиран подоцна оваа година. Но, според гласините, „Епл“ (Apple) наводно веќе истражува опции за покомпактен модел на преклоп. Имено, според информациите на новинарот на „Блумберг“ (Bloomberg), Марк Гурман, компанијата од Купертино, Калифорнија, САД, веќе истражува опции за „квадратен 'Ајфон' што се отвора како школка“ - т.е. - правоаголник што се затвора во помал квадрат. Гурман не даде дополнителни подробности или можен датум за пуштање на идниот „Ајфон флип“ на пазарот, но спомена дека нема гаранција дека тој новитет всушност ќе се појави наскоро на пазарот. Според познавачот, „Епл“ прво ќе мора да го тестира пазарот со својот „Фолд“ во облик на книга што се затвора како правоаголник и да види како ќе реагираат потрошувачите. Преклопниот „Ајфон“, неофицијално, е во развој веќе неколку години, а претходните наводи посочуваа дека „Епл“ има најмалку две прототип-верзии. Дури се очекуваше компанијата да ја издаде вторава погоре спомената верзија пред првонајавениот паметен телефон на преклоп. Тагови: Ајфон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЃорѓиевски: Пристигна првата испорака - 3.300 нови контејнери за Скопје, најголема набавка во историјата!Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска направи увид на првата испорака од новите контејнери, кои уште денеска ќе бидат распоредени низ Скопје.- Денес пристигна првата испорака од вкупно 3.300 нови контејнери, најголемата набавка на контејнери во историјата на Скопје. Ги заменуваме скршените и дотраени контејнери, го зголемуваме нивниот број и обезбедуваме повеќе места за правилно одлагање на отпадот. Особено важно е што истите контејнери, за кои моите претходници плаќале по 18.600 денари, ние ги набавуваме по двојно пониска цена и тоа во време на глобален раст на цените. Тоа значи да се води сметка за секој денар на граѓаните. Чист град значи поздрав живот, поуредни населби и подостоинствено секојдневие за секој човек. Нашите деца заслужуваат да растат покрај чисти улици и паркови, а скопјани заслужуваат град со кој ќе се гордеат – изјави Ѓорѓиевски. Истовремено, Ѓорѓиевски апелираше да се чува новата опрема и да се почитува комуналниот ред во градот Скопје. - Чекор по чекор, го менуваме ликот на Скопје. Новата опрема мора да се почувствува таму каде што е најважно - пред нашите домови, во нашите маала и на улиците по кои секојдневно се движиме. Но, за чисто Скопје потребна е и совеста на секој од нас. Упатувам јасен апел до граѓаните, да го чуваме она што е наше, заедничко. На градежниот шут и кабастиот отпад не им е местото ниту во контејнерите ниту покрај нив. Со таквото однесување се оштетува опремата, се отежнува собирањето на сметот и се создаваат диви депонии среде нашите населби. За ваквата неодговорност нема да има толеранција – нагласи Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека заедно со новите камиони, кои следната недела ќе бидат пуштени во работа, се создаваат услови за побрзо и поефикасно собирање на сметот и почисти населби низ цело Скопје. Дополнително, обезбедени се и 60 контејнери за селекција на стакло, кое треба да заврши на рециклирање, а со неговото одделно собирање се намалува мешаниот отпад и се зголемува заштитата на животната средина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМЗ: ПЕТ центарот ќе работи за викенди и празници, со цел да се намали времето на чекањеМинистерството за здравство, во соработка со ПЕТ центарот, информира дека почнувајќи од овој продолжен викенд, вклучувајќи го и претстојниот празник, а потоа и во наредните викенди ПЕТ центарот ќе биде отворен за пациентите.Министерството за здравство, во соработка со ПЕТ центарот, информира дека почнувајќи од овој продолжен викенд, вклучувајќи го и претстојниот празник, а потоа и во наредните викенди ПЕТ центарот ќе биде отворен за пациентите, со цел пократко чекање за пациентите. Секој ден на листа на чекање е ден неизвесност за пациентот и за неговото семејство. Затоа, ПЕТ центарот, согласно предвидениот план, продолжува со работа и во викендите, со јасна цел - да се намали листата на чекање и дијагностиката да им биде побрзо достапна на тие на кои им е најпотребна. „Оваа реорганизација се спроведува за да ги намалиме листите на чекање. Очекуваме да продолжи трендот што го воспоставивме во изминатите две години, кога двојно ги зголемивме термините. Посебна благодарност им упатуваме на сите здравствени работници и соработници, чиј труд и залагање го прават ова можно", изјави директорката на ПЕТ центарот, д-р Невена Маневска, соопштуваат од МЗ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Хајди Клум повторно провоцира во тангаЛегендарниот тип модел 53 годишната Хајди Клум повторно ги вжешти социјалните мрежи со фотографија во танга и без горниот дел од костимот за капење.Хајди сподели фотографија на Инстаграм на која позира во топлес издание, на воодушевување на фановите.. На фотографијата, објавена во четвртокот, таа лежи на стомак, носејќи само црни гаќички од бикини. Објавата ја пропрати со едноставен опис: „Жешко е во ЛА“, а следбениците ја опсипаа со комплименти во коментарите. Фотографијата се појави само неколку дена откако Клум престојуваше во Париз со својата 16-годишна ќерка Лу. Манекенката има три помлади деца – Хенри, Јохан и Лу – со поранешниот сопруг Сил, додека најстарата ќерка, Лени, ја доби со бизнисменот Флавио Бриаторе. Инаку, атрактивната Хајди редовно ги провоцира фановите со фотки на кои во преден план се нејзините природни облини. Тагови: Хајди Клум Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook