Новите сознанија за темната материја ќе ја откријат тајната на вселената

Астрономите од кинеската Академија на науките објавија труд во ноември во кој се прикажани 19 галаксии кои им се спротивставуваат на најчестите теории за просторот.

Тие го пребарувале небото за да пронајдат нови галаксии кои немаат заедничка компонента - темна материја. И тие тврдат дека пронашле цела група на вакви галаксии.

До неодамна, се веруваше дека големи количини на невидлива темна материја се клучни за формирање на галаксии и нивниот изглед - дискови на гасни облаци, sвезди и темна материја. Според досегашниот модел, темната материја сочинува огромно мнозинство на сите материи во галаксиите, во спротивно тие никогаш не би биле формирани.

Сепак, од 2016 година, истражувачите постојано наидуваат на галаксии за кои се смета дека нема присуство на темната материја. Овие галаксии може да им дадат многу објаснувања на физичарите. На пример, зошто им недостасува темна материја и како воопшто се формирале?

За разлика од колегите во Пекинг, Питер ван Докум, професор на универзитетот Јеил, не се обидува да најде никаква аномалија. Тој и неговиот тим очекуваат да видат темна материја во секој дел од универзумот. За разлика од нашиот Млечен Пат, покриен со sвездите, каде темната материја е само на периферијата, ултра дифузните галаксии треба да бидат густо исполнети со темна материја. Сепак, во 2018 година, тие откриле галаксии кои воопшто не содржат темна материја.

Со моќните телескопи достапни денес, Ван Докум се надева не само  што може да направи точни мерења на брзината и оддалеченоста на галаксиите, туку и да ја идентификува епохата во која се формирале галаксиите, користејќи нови податоци од телескопот Хабл.

Овој емпириски доказ би исклучил низа објаснувања за очигледниот недостаток на темна материја, без оглед дали се објаснува со исчезнување или нејзино отсуство од самиот почеток.

притисни ентер