3Не се намалува поддршката за крајната десница во Франција- Марин ле Пен во голема предност во првиот круг претседателски избори
Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
2Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
МакедонијаНовите сообраќајни камери почнаа да се монтираат во главниот градЛоша вест за бројните несовесни возачи, но добра за безбедноста во сообраќајот. Почна поставувањето на новите камери низ главниот град кои ќе се користат сликање на сообраќајните прекршоци 24 часа во текот на денот преку целата година. Засега се поставени на неколку локации при тоа или со користат досегашните места каде веќе имаше камери од системот сејф сити или пак се бетонираат и се поставуваа целосно нови наменски држачи високо над коловозните ленти за овие нови сообраќајни камери. Според министерот Спасовски со надградбата на системот сејф сити кој со одлука на влада ќе добие посовремени камери заради менувањето на технологијата наменети за зголемување на јавната безбедност, ќе има и дополнителни камери кои ќе служат за следење на сообрќајни прекршоци. На овој начин според Спасовски неселктивно без учество на човечки фактор односно без фаќање врски ќе се слика кој направил прекршок. Овие системи во развиениет европски земји веќе со години успешно функционираат и таму освен брзина на движење се следи и дали возачите носат појас, дали зборуваат на мобилен, дали поминалие на жолто на семафор, дали паркирале и вртеле непрописно и слично и сето тоа со слика и казна пристигнува на домашна адреса на возачот. Во дел од земјите ако не ја платите казната, наплатата ја врши извршител а во дел од земјите не можете да го регистрирате автобомилот ако имете вакава неплатена казна додека странските државјани казната за сообраќаен прекршок ја добиваат на граничен премин. Засега нема детали за тоа кој систем на наплата ќе се одбере и што се ќе сликаат овие камери. Покрај камерите кои ќе се постават во Скопје Куманови , Тетово и на автопатиштата ќе има мобилни вакви системи со камери кои може да се постават насекаде во државата за да не се случи возачите да ги научат локациите на камерите па на останатите делови повторно да има дивеење и безредие. За мерење на брзината на возење ќе се набават и возила популарно наречени пресретнувачи кои можат во движење да регистрираат брзо возење и веднаш да го казнат возачот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Живот„Економист“ за војната со Иран: Досега Америка потроши 265 милијарди долари Војната со Иран, која ужива многу мала поддршка меѓу Американците, сè повеќе го оптоварува буџетот на домаќинствата. Од поскапото гориво и повисоките каматни стапки за станбени кредити до зголемените цени на авионските билети, конфликтот дополнително ги зголемува трошоците за живот на граѓаните кои веќе се соочуваат со инфлација. Сето ова се случува во пресрет на изборите за Конгресот на САД, пренесува Си-Ен-Ен (CNN). Според проценките на Марк Занди, главен економист во фирмата за економска анализа „Мудис аналитикс“ (Moody’s Analytics), војната ги чинела американските потрошувачи приближно 265 милијарди долари (или 236 милијарди евра) од почетокот на конфликтот во февруари. Ова претставува дополнителен трошок од околу 2.000 долари (или 1.785 евра) по просечно американско домаќинство. „Многу Американци со право ја поврзуваат војната со Иран со болно високите трошоци за живот, поради што сакаат таа да заврши“, изјави Занди. Во меѓувреме, растот на платите не го следи растот на цените; во септември, растот на платите забави на најниско ниво во последните пет години. Кога ќе се земе предвид инфлацијата, реалната вредност на платите опаѓа речиси секој месец од почетокот на војната. Како последица на тоа, некои Американци се принудени да посегнат по заштедите или да се потпрат на кредитни картички за да ги покријат секојдневните трошоци. Цените на енергенсите претставуваат најголем проблем. Војната со Иран со месеци го блокираше Ормускиот Теснец – еден од најважните поморски премини за глобалната трговија со нафта. Ова го запре извозот на големи количества сурова нафта, гориво и течен природен гас од Персискиот Залив. Иако транспортот на нафта низ теснецот е обновен, трошоците за транспорт од регионот значително се зголемија. Ова резултираше со повисоки цени на бензинот, дизелот и горивото за авиони. Поради зголемените трошоци за енергија – вклучително и повисоките сметки за греење – просечното американско семејство потрошило околу 1.100 долари повеќе од почетокот на војната отколку што би потрошило во нормални околности. Занди проценува дека, при сегашните цени, овој дополнителен трошок се зголемува за околу 50 долари (приближно 45 евра) секоја недела. Дизелот, кој се користи во камиони, трактори и возови, и понатаму е на ниво близу до рекордните цени. Иако наглиот раст на цените на бензинот е стабилизиран, цената останува значително повисока од вообичаеното за овој период од годината. Според податоците на Американската автомобилска асоцијација (AAA), просечната цена на бензинот изнесува 4,34 долари за галон (приближно 1,02 евра за литар). Пред почетокот на војната, еден галон чинеше 2,98 долари (околу 0,70 евра за литар). Тоа значи дека цената на бензинот во САД е зголемена за речиси 46 проценти од почетокот на конфликтот. Вчера беше забележан 165-тиот ден во годината во кој просечната цена на бензинот во САД изнесуваше најмалку четири долари по галон – или приближно 0,94 евра по литар. Според анализата на CNN врз основа на податоци од AAA, ова претставува рекорд од почетокот на следењето на овие податоци во 2000 година. Претходниот рекорд беше поставен во 2022 година, кога цената на бензинот изнесуваше најмалку четири долари по галон во текот на 158 дена. Цените тогаш нагло пораснаа поради руската инвазија врз Украина. Единствената друга година кога бензинот го достигна тоа ценовно ниво беше 2008 година, кога се задржа на таа висина 48 дена во текот на летото. Американскиот претседател Доналд Трамп претходно изјави дека повисоките цени на бензинот и дизелот се мала цена што треба да се плати за да се спречи Иран да развие нуклеарно оружје. Зголемените трошоци за авионско гориво особено силно ги погодија авиокомпаниите. За да ги намалат трошоците, некои од нив ги укинаа поевтините и помалку профитабилните линии, ги зголемија надоместоците за багаж и ги покачија цените на билетите. Според податоците на Бирото за статистика на трудот на САД, авионските билети во август биле дури 23 проценти поскапи отколку во истиот месец минатата година. Растат и трошоците за греење. Американската Управа за енергетски информации проценува дека домаќинствата што користат масло за греење ќе плаќаат 21 процент повеќе за греење оваа зима во споредба со минатата. Покрај поскапото гориво и греење, Американците сè повеќе се оптоварени и со кредити.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоПроменливо облачно со максимална температура до 18 степениВремето денес ќе биде променливо облачно и постудено. Ќе дува засилен до силен ветер од северен правец, кој наместа ќе надминува брзина од 60 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени. Во Скопје, променливо облачно и постудено. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 15 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ До петок ќе преовладува променливо облачно и постудено време. Денес и во петок ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои на некои од повисоките планини ќе преминат во снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец, кој наместа ќе биде силен со брзина над 60 km/h. За време на викендот ќе биде сончево со мала до умерена облачност.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00Од денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија15:00
30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00
ХороскопДневен хороскоп за 14. октомври 2026 годинаДневен хороскоп за среда, 14. октомври 2026 година. Вага 24.9.-23.10. Љубов Денеска ќе се чувствувате стабилно ,а од вас ќе зрачи токлаво колилчество на самодоверба , што ќе оставате впечаток како се можете да постигнете. Кариера Кај некои ќе дојде до окрупнување на имотот или заработката што ќе ви изгледа како вистинско мало богатство. Здравје и совет Здрави сте и инвентивни. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Во попладневните часови ќе дојде до поголема отвореност меѓу вас и саканата личност. Доколку се додворувате , ќе станете дрдорливи. Кариера Ќе анализирате можни опцииза влоувања и развој на работата врз добри финансиски темели. Здравје и совет Вашите идеи се сѐ подобри и подобри. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Вашиот партнер денеска ќе биде особено емотивен и инспириран за љубов. Оние кои сеуште се сами, ќе ги измачува копнеж. Кариера Во соработката со другите ќе покажете исклучителна способност за дипломатија , па дури и да не ви се допаѓа. Здравје и совет Проблеми со исхраната. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Повеќето работи ќе се одвиваат според желбите на вашиот партнер , а на вас ќе остане само да ги следите. Кариера Некои ќе сонуваат за подобри деловни партнери , иако оние кои сега ги иамте не се толку лоши. Треба дас е разбудите и самите дасе уверите во тоа. Здравје и совет Разбистрете ги мислите во тишина. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе веводи силна плима на чувства , ќе блескате и ќе имате потреба за љубов повеќе од порано. Ќе ви биде возвратена. Кариера Пред вас е ден одличен за секаков вид пријатни , естетски и уметнички проекти. Здравје и совет Изразете се слободно . Риби 20.2.- 20.3. Љубов Доколку сте во тајна љубовна врска , денеска вонеа би можеле да доживеете вистинска љубовна екстаза. Кариера Уметниците денеска ќе бидат посебно инспирирани за големи и квалитетни дела. За сите се однесува дека треба подобра организација. Здравје и совет Обрнете внимание на соништата. Овен 21.3-20.4. Љубов Денеска би можело да дојде до искрени изливи на емоции од страна или кон личност од работното место. Другите во личниот живот ќе бидат успешни. Кариера На работното место денеска ќе ви биде пријатно. Можни за ангажмани поврзани со убавина или со уметност , односно со работи што го прават животот посреќен. Здравје и совет Не обрнувајте внимание на ситници. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ќе бидете расположени за шеги и забава , а ќе ви недостига јасна цел поврзана со трезвенсот и емотивност. Кариера Се чини дека колегите толку ве сакаат што се подготвени се да направат за вас. Немојте тоа да го злоупотребувате. Здравје и совет Барате пријатна диета за себе. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Засилени од претходните љубовни успеси , вашата самодоварба ќе порасне , а вие ќе тргнете во нови подвизи. Кариера Ќе се двоумите дали во нешто што е стабилно и добро да внесете малку чудни идеи , што уште не сте ги испробале. Здравје и совет Некои размислуваат за диета. Рак 22.6-22.7. Љубов Како што ќе минува денот , вие ќе бидете се понежни и поемотивни. плимата на чувства ќе направи да блескате. Кариера Во ситните деловни задачи ќе има мал хаос , што ќе треба да го надминете со добар план и подобра организација. Здравје и совет Преминете од зборови на дела. Лав 23.7-22.8. Љубов Вашиот главен адут во љубовните теми ќе биде сензуалноста и смилосот за еротика. Многумина ќе заведуваат , без оглед на резултатот. Кариера Влијанијата се многу различни. Од една страна убаво напредувате и имате поддршка од другите , а од друга , некого иритирате. Здравје и совет Ќе има мали неровози. Девица 23.8.-23.9. Љубов денеска во личните прашања ќе успеете да ја поврзете еротиката со идеалите. Се ќе стане појасно , а вие ќе бидете помирни. Кариера Се чини како да нема ниедна нејаснотија , што сега не би можеле да ја решите.Затоа многумина ќе ве прашаат за совет. Здравје и совет Излезете им во пресрет на другите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter