Димитриеска-Кочоска: Стабилни јавни финансии, повеќе инвестиции и подобар животен стандард – приоритети на Буџетот за 2027 година
2Димитриеска-Кочоска: Стабилни јавни финансии, повеќе инвестиции и подобар животен стандард – приоритети на Буџетот за 2027 година
3Николовски: Владата го одби амандманот на СДСМ за над една милијарда денари дополнителна поддршка за земјоделците
ЗдравјеНовите подваријанти на омикорн се уште по заразни Новиот под тип на омиркон варијанатата БА2 се шири многу побрзо и на повеќе луѓе, ако во една просторија има еден заразен со оваа варијанта, тој може да зарази и десет, за разлика од претходно кога еден заразен заразуваше три до пет луѓе. БА 1и БА2 се новите подваријатни на Омикорн имаат полесна клиничка слика но кај вакцинираните со три дози, објаснува германскиот инфектолог Андреј Трампуж. - Кај оние кои се потполно вакцинирани (три дози) омикрон се однесува како обична настинка и инфекција што познавме од претходните години во зимските месеци кога секој од нас имал скоро симптоми на настинка кои се повеќе во горните респираторни органи значи немаме воспаление на белите дробови. Но, затоа и повеќе се шири и се размножува во грлото и така продолжува да се шири. Што е добро маските да продолжат да се носат и штитат скоро 100 % кон сите варијанти. -инфектолог Андреј Трампуж. Во моментов во Германија ја има варијантата на БА1 кај вакцинираните нема скоро никакви симптоми. Секој ден има 200 илјади нови заразени со омикрон во Германија за професорот Трампуж мора да има 80 проценти вакцинирано населени до летниот период со цел на есен да нема нови бранови и мутации на ковид 19. Тој вели дека и прележаните треба да се вакцинираат бидејќи по три месеци опаѓа имунитетот. „Луѓето во најдобар случај прво треба да се вакцинираат три пати и тогаш и да се инфицираат ќе биде како природен бустер кој треба да не донесе до крај на пандемијата. Погрешно е ако кажеме дека не треба да се вакцинирам и чекам да се заразам. Тогаш ќе имам висок ризик обликот на заболување да е потежок, имам ризик да имам продолжен ковид -инфектолог Андреј Трампуж. Во Македонија засега има сомнеж кај пет заразени со ковид да ја имаат варијаната БА2, но се уште се чека неговата официјлна потврда. Инфектолозите во Македонија велат дека се уште е присутен и делта варијаната. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоЗа време на викендот врнежливо време со температура до 16 степени Утре ќе биде облачно со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет, информираат од УХМР. МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во оС) 6 Попова Шапка, 7 Маврови Анови, 9 Крушево, Лазарополе, 11 Претор, 12 Крива Паланка, Виница, Берово, 13 Охрид, Прилеп, 14 Тетово, Битола, Штип, Кавадарци, Струмица, 15 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Велес, Гевгелија, 16 Демир Капија. КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 9 часа до 16 часот во (l/m2) 3 Претор, 1 Гевгелија. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денеска беше претежно облачно со повремен локален дожд со слаб интензитет. Дуваше слаб до умерен ветер од северен правец. Попладнево, до крајот на денот и во текот на ноќта ќе се задржи облачно време со повремени локални врнежи од дожд со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. ВРЕМЕТО УТРЕ Облачно со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет, особено попладне и во текот на ноќта. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени. Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд, особено попладне и во текот на ноќта. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 14 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Под влијание на циклонска активност до вторник времето ќе биде претежно облачно и постудено со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Пообилни врнежи ќе има во недела и во понеделник кон крајот на денот и во текот на ноќта кон вторник. На повеќе места се очекува да наврне поголема количина на дожд (над 25 l/m² за 24 часа), а во текот на прогнозираниот период локално и над 60 l/m². Од среда и во деновите потоа ќе се задржи постудено, но стабилно и суво време.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДимитриеска-Кочоска: Стабилни јавни финансии, повеќе инвестиции и подобар животен стандард – приоритети на Буџетот за 2027 годинаСтабилни и одржливи јавни финансии, продолжување со постепената фискална консолидација, создавање услови за економски раст и инвестиции, редовна и навремена исплата и раст на платите и пензиите, повеќе средства за здравствена заштита.Стабилни и одржливи јавни финансии, продолжување со постепената фискална консолидација, создавање услови за економски раст и инвестиции, редовна и навремена исплата и раст на платите и пензиите, повеќе средства за здравствена заштита, социјални надоместоци и слично. Ова се основните цели на Предлог-буџетот за 2027 година, којшто денеска го усвои Владата, а пред јавноста на прес-конференција го презентираше министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Вкупните приходи со Предлог-буџетот за 2027 година се планирани на ниво од 395,4 милијарди денари или 5,7% повеќе споредено со 2026 година, додека вкупните расходи се проектирани на 440,4 милијарди денари или за 4,8% споредено со 2026 година). Буџетскиот дефицит е планиран на 45 милијарди денари, односно 3,5% од БДП и е во согласност со Фискалната стратегија за периодот 2027–2031 година. „Ова значи дека остануваме на определбата на постепена фискална консолидација, со јасна цел за намалување на буџетскиот дефицит и стабилизирање на јавниот долг, без притоа да се откажеме од развојните приоритети. Буџетот за 2027 година го подготвивме во услови на неизвесно меѓународно економско опкружување и екстерни ризици, поради што посебно внимание посветивме на реалноста на проекциите, одржливоста на расходите и ефикасното користење на јавните средства“, рече министерката на прес-конференцијата. Таа потенцира дека во 2027 година даночната политика ќе остане предвидлива, со фокус на унапредување на наплатата, намалување на даночната евазија и дигитализација на даночните процеси. При тоа даночните приходи се проектирани на 223,1 милијарди денари или раст од 6,4% во споредба со 2026 година. Министерката посочи дека со Буџетот во 2027 се обезбедува редовно и непречено финансирање на сите законски и договорни обврски на државата. „Со Буџетот се обезбедуваат средства за раст на плати во јавниот сектор, повеќе пари за исполнување на обврските што произлегуваат од членството на државата во НАТО, при што за одбраната се планирани средства во висина од 2% од БДП за зајакнувањето на одбранбените капацитети, модернизацијата и опремувањето на Армијата. Посебен приоритет останува социјалната сигурност на граѓаните. За социјални трансфери се предвидени 220,8 милијарди денари што е зголемување за 4,1%, од кои 123,8 милијарди денари за исплата на пензии или раст за 4,8%, согласно законското усогласување. За социјална заштита на најранливите категории граѓани се предвидени 14,3 милијарди денари, додека за активните политики и мерки за вработување се планирани 2,9 милијарди денари. За здравствена заштита се обезбедени 3,9 милијарди денари повеќе во споредба со оваа година. Исто така, за општините преку блок дотации и дотации за ДДВ се планирани трансфери во износ од околу 36 милијарди денари“, појасни министерката. Според министерката особено значаен сегмент на Буџетот за 2027 година се капиталните инвестиции кои се планирани на ниво од 40,8 милијарди денари. „Нашата определба е овие средства да бидат насочени кон проекти кои создаваат долгорочна вредност, ја подобруваат инфраструктурата и придонесуваат за поквалитетни јавни услуги. Притоа, не е важна само висината на планираните средства, туку и нивната реализација. Нашиот фокус е на навремено спроведување на проектите и на конкретни резултати на терен. Дополнително, покрај капиталните инвестиции што директно се финансираат од Буџетот, во 2027 година продолжува реализацијата на значајни инфраструктурни проекти преку ЈПДП како што е Коридорот 8 и 10 Д“, рече министерката. Напомена повеќе проекти кошто ќе се реализираат во патната и железничката инфраструктура, образование, дигитализација, посочи на започнување нови проекти и забрзување на динамиката на тековни проекти. „Сите овие инвестиции имаат една заедничка цел – подобра инфраструктура, поквалитетни јавни услуги, поголема продуктивност и создавање услови за развој на економијата“, оцени министерката за финансии. Посочи дека финансирањето на буџетскиот дефицит и отплата на обврски кои што доспеваат во 2027 година ќе се обезбедува на домашниот и меѓународниот пазар. При тоа потсети дека следната година меѓу другото доспева за отплата Еврообврзница од 500 милиони евра издадена во 2023 година. „Нашата определба е да градиме Буџет заснован на реални приходи, одговорно управување со расходите и јасно утврдени приоритети. Во 2027 година продолжуваме со фискална дисциплина, ефикасно користење на јавните средства и посилен фокус на капиталните инвестиции. Целта е да обезбедиме стабилни јавни финансии и да создадеме услови за одржлив економски раст и подобар животен стандард на граѓаните“, рече министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Со Предлог-буџетот за 2027 година проектиран е раст на БДП од 3,8% и стапка на инфлација на ниво од 3,2%. Одделение за односи со јавностКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Автомобилизам„Volkswagen“ бара спас во кинеската технологијаГерманскиот производител на автомобили „Volkswagen“ денес претстави нов софтвер, развиен во Кина и прилагоден на потребите на локалните купувачи.Овој потег претставува обид на „VW“ да го запре падот на приходите на најголемиот автомобилски пазар во светот. Според „Bloomberg“, новиот софтвер – наречен „Vega“ – веќе поддржува функции како што е автоматско паркирање и ќе добива ажурирања на секои три месеци. Компанијата планира следната година да го надгради софтверот за да овозможи автономно возење од „Ниво 3“. Тоа значи дека возилото може да се движи самостојно под одредени услови, иако возачот мора да биде подготвен да ја преземе контролата кога е потребно. Продажбата на групацијата „VW“ во Кина опадна за 39 отсто во третиот квартал од 2026 година, и покрај воведувањето нови модели на „Audi“ и „Volkswagen“, развиени во соработка со локални кинески производители. Кинеските автомобилски брендови, предводени од „BYD“, сè повеќе го зголемуваат својот удел на пазарот благодарение на подостапните електрични возила и напредните софтверски функции. Како резултат на тоа, „Volkswagen“ сè повеќе се потпира на локалниот развој за да ја подобри конкурентноста на своите возила. Технологиите и платформите развиени во Кина, исто така, се наменети за подобрување на возилата што се наменети за други пазари, вклучувајќи ги земјите од Блискиот Исток, потсахарска Африка и Централна Азија. Извор: Б92Тагови: Volkswagen Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter