Новите пет бои на облеката за оваа пролет и лето - Канал 5

Новите пет бои на облеката за оваа пролет и лето

Оваа сезона се потпира на светлите тонови, меѓутоа, она што модните креатори го донесоа за 2025 г. не личи на ништо што имавме прилика да го видиме досега.

Новите пет бои на облеката за оваа пролет и лето

Сезоната која бара полесна облека и нежност, пролет/лето 2025., носи палета на бои кои може да се опишат како визуелно бегство, а се потпира на светлите тонови.

Модата веќе не е само начин на облекување, таа го обликува расположението, нуди прибежиште, и понекогаш претставува бегство од секојдневниот живот.

Боите за оваа сезона не се случајни.

Путер жолта

Ова е една од најистакнатите бои за ова лето, не е крем, ниту беж, а далеку е од лимон жолта, оваа боја претставува тиха сила за ова лето 2025. Модните брендови Тотем (Toteme), Зимерман (Zimmermann), Шанел (Chanel) и Клоe (Chloe) оваа боја ја ставија во центарот на своите колекции, препознавајќи го нејзиниот потенцијал.

Меѓутоа, можеби највпечатливиот момент во текот на сезоната не беше на модната писта, туку на црвениот тепих. Имено, младиот актер, Тимоти Шалам неодамна прошета на еден од црвените теписи во одело на Сара Бартон за Живанши (Givenchy) токму во оваа боја, претставувајќи ја машката ранливост како сила.

Чоколадно кафена

Новите бои во светот на модата носат возбуда и инспирација меѓу дизајнерите и љубителите на стилот. Оваа година Пантон (Panton) ја избра оваа чоколадно кафена боја под името „мока мус“(mocha mousse). Чоколадната кафена боја носи софистицираност и елеганција.

Модните бреднови Прада, Сен Лорен и Роу го препознаа потенцијалот на чоколадно кафената боја и понудија софистицирана верзија која го редефинира луксузот. Нивната интерпретација не се фокусира на сјајот туку на на текстурата, што дополнително ја нагласува длабочината и богатството на оваа боја.

Пудра-розова

Оваа боја годинава доживеа значајна трансформација во светот на модата. Во споредба со минатогодишната експлозија на „Барби“ розовата боја, која доминираше во многу колекции, ова лето пудра-розовата боја носи посуптилен и попрефинет пристап. Оваа боја симболизира зрелост, софистицираност, па е совршен избор за современата жена која сака да остави впечаток.

Боја на мандарина

Наспроти придушената пудра розова, бојата на мандарина носи живост и енергија која не може да помине незабележано.

Богета Венера оваа боја ја стави во центарот на нејзините набрани фустани, а Џонатан Андерсон за Лоеве (Loewe) ги претстави портокаловите мини модели кои балансираат на границата помеѓу уметноста и забавата.

Барбари (Burberry) дополнително го потврдува статусот на портокаловата боја на мандарина како неизбежна во летната сезона, укажувајќи на нејзината популарност во модните кругови.

Ледено сина

Во 2025 г. ледената сина станува синоним за тишина и спокој. Оваа боја евоцира слики од мирни летни утра покрај море, каде благата светлина си игра со брановите, носејќи опуштеност. Исто така, оваа боја потсетува на ладовината што ја нуди маслиновото стебло за заштита од жешкото сонце. Во оваа палета бои, ледено сината зазема посебно место создавајќи атмосфера што смирува и инспирира.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре пороен дожд и грмежи, па пеколни температури

По топлото и сончево време, во Македонија следува краткотрајна нестабилност, по која од четврток се очекува нов период на многу високи температури.

Утре пороен дожд и грмежи, па пеколни температури

Според прогнозата на управа за хидрометеоролошки работи, во текот на утрешниот ден на места ќе има услови за појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Нестабилноста ќе биде локална, а во среда услови за развој на нестабилност ќе има претежно во планинските региони.

Но, заладувањето ќе биде краткотрајно. Од четврток следува период на многу топло време, а особено високи температури се очекуваат во текот на викендот, кога дневните температури на места би можеле да надминат 40 степени целзиусови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Разрешениот министер Љутков стана национален координатор за култура

Екс-министерто за култура Зоран Љутков нема да се врати во Драмскиот театар, туку ќе продолжи да биде дел од владиот кабинет, потврдуваат од владата.

Разрешениот министер Љутков стана национален координатор за култура

Неговата нова позиција е национален координатор за култура.

-Неговото докажано искуство, пред се како докажан актер е предност и додадена вредност во владиниот кабинет – велат од владата за Канал 5.

Љутков беше минстер од формирањето на владата во 2024 година, а функцијата ја напушти во рамки на реконструкцијата на владиниот состав кога на негово место беше избран дотогашниот заменик-министер Седат Сулејмани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЦУК: До 13 часот регистрирани 10 пожари, од нив пет се активни, два се под контрола, а три изгаснати

Пет пожари се активни до 13 часот, два се ставени под контрола, а три се изгаснати, информираше ЦУК.  

ЦУК: До 13 часот регистрирани 10 пожари, од нив пет се активни, два се под контрола, а три изгаснати

Активни пожари има во општина Студеничани кај селата Моране, Вртекица и Рамни Габер каде гори мешана шума, во општина Македонски Брод кај селата Драгов Дол и Локвица, опожарена е ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки. Во општините Велес кај село С’лп и селата Добрино и Тисовица во општина Зелениково, каде гори ниска вегетација, дабова и габерова шума и квалитетна дабова шума.

Мешана шума гори на просторот меѓу општините Јегуновце, Желино и Сарај, а во општина Штип во населба Балканска каде гори ниска вегетација.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер