Новите модели на BYD се полнат до 70% за шест минути со цениод 26.000 евра - Канал 5

Новите модели на BYD се полнат до 70% за шест минути со цениод 26.000 евра

Кинеската компанија BYD ги претстави првите две електрични возила базирани на својата нова Super e-Platform, а тоа се седанот Han L и теренецот Tang L.

Новите модели на BYD се полнат до 70% за шест минути со цениод 26.000 евра

Најголемата иновација кај двата модели е неверојатната брзина на полнење, која е речиси еднаква на брзината на полнење гориво кај класичните автомобили, објави Индекс.

Полнење од 10 до 70% за шест минути

И двата модели ја користат новата архитектура од 1000 волти, претставена во март оваа година. Han L доаѓа со Blade батерија со капацитет од 83,2 kWh, додека Tang L има поголема батерија од 100,5 kWh.

Han L се издвојува поради фактот што неговата батерија се полни од 10 до 70 проценти за само шест минути, додека само пет минути полнење е доволно за дополнителни 400 километри досег. Целосното полнење (од 0 до 100%) трае 20 минути.

Од друга страна, Tang L обезбедува домет од над 350 километри по само пет минути полнење, а целата батерија се полни за 30 минути.

Овие бројки се постигнуваат исклучиво со употребата на новиот полнач на BYD од 1.000 kW, а компанијата планира да изгради 4.000 станици за брзо полнење низ Кина.

Перформанси и цени

Хан Л

• Цена: од 26.470 евра (LiDAR Premium) до 28.885 евра (LiDAR Flagship)

• Погон: електричен мотор со 671 КС и 420 Nm

• Досег: до 701 километар (CLTC)

• AWD верзија: 778 КС, досег 601 km, цена 33.645 евра

Танг Л

• Цена: од 27.651 евра до 34.895 евра

• Основна верзија: заден погон, 788 КС

• AWD верзија: 1.100 КС

• Досег: помеѓу 560 и 670 километри, во зависност од верзијата и опремата

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Директорот на БЈБ Јанев во работна посета на Полициското одделение и Граничниот премин Ново Село

Вчера (23.06.2026) директорот на БЈБ Јанев оствари работни посети во Струмица, Полициското одделение Ново Село и Граничниот премин Ново Село, каде се запозна со состојбите и предизвиците на полициските службеници на терен.

Директорот на БЈБ Јанев во работна посета на Полициското одделение и Граничниот премин Ново Село

На средбите беше разговарано за безбедносната состојба, одржувањето на јавниот ред и мир, како и за спречување на прекуграничниот криминал. Посебен акцент беше ставен на унапредување на условите за работа, техничката опременост и зајакнување на координацијата со надлежните служби и соседните држави.

Беше истакнато дека ГП Ново Село е важна точка за проток на патници и стоки, при што останува приоритет обезбедување на ефикасна, професионална и безбедна услуга за граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во изминатите 24 часа најмногу дожд во Битола, Демир Капија и Виница

Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР.

Во изминатите 24 часа најмногу дожд во Битола, Демир Капија и Виница

КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 08 часот во (l/m2)

26 Битола, 24 Демир Капија, 21 Виница, 17 Лазарополе, 14 Берово, 13 Крива Паланка, 8 Гевгелија, 2 Скопје – Петровец, 1 Кавадарци, Крушево, Маврови Анови.

Забелешка: Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

ВРЕМЕН РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: На ден 23.06.2026 г. сообраќајот на патниот правец Прилеп- Битола близу железничката пруга Лознани е спроведен времен режим на сообраќај, сообраќајот ќе се одвива со пренасочување од магистралниот кон регионалниот пат заради изведување на градежни работи на терен.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Од 15 Април, патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за сите видови возила до 3,5 тона.

РАБОТИ НА ПАТ:

Од 21.05.2026 г. во 8 часот ќе се започне со изведување на градежни активности-санација на мостови на државен пат А2 делница Гостивар-Стража конкретно на мост бр.4 Вијадукт на Атанасова река и мост бр.7 Вијадукт на Дол и истата ќе трае до завршување на санацијата. Со таа цел ќе биде воспоставен времен режим на сообраќај кој ќе трае до самото завршување на градежните активности.

Од 14.04.2026 г. се изведуваат градежни активности на Државен пат А2 делница Гостивар – Стража на мост бр.7 Вијадукт на Дол. Со цел да може да се реализираат работите за санација на мостови, ќе биде воспостовен времен режим на сообраќај додека траат градежните активности.

Од 30.03.2026 година, ќе се изведуваат градежни активности на државен пат А2, мостови на А2 на реката Вардар во близина на с.Желино во двата правци (Скопје – Желино и Желино – Скопје), со цел санација на истите. Времениот режим ќе се спроведува согласно Одобрението за временска измена на режим на сообраќај издадено од Министерство за транспорт.

Од 13.03.2026 година започна со активности за изведба на премин на интерконективен гасовод под автопат А1 (М1) Пријателство, делница Смоквица – Гевгелија. На делницата се поставени знаци за времен режим на сообраќај.

На државниот пат А2 (скопска обиколница) се врши рехабилитација во должина од 250 метри од клучка Волково до клучка Кондово. Има поставено соодветна сигнализација за затворањето на левата сообраќајна лента за претекнување. Сообраќајот се одвива по лентата за движење (средна) и лентата за принудно запирање (десна).

Од 12.09.2025 започната е градежната активноста – санација на свлечиште на регионален пат Р1202 делница Косоврасти – Мелнички Мост, односно воспоставена е времена измена на режимот на сообраќај до завршување на активностите.

Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар, како дел од изведбата на Коридор 10Д, во тек е важност на времен режим на сообраќај на патен правец Прилеп – Битола, каде ќе се пренасочи движењето на возилата по регионалниот пат Прилеп – Битола, од делот од клучка Лагово до Тополчани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер