Новите македонски филмови „Диџеј Ахмет“, „Мајка“ и „Утре наутро“ во декември во Кинотека - Канал 5

Новите македонски филмови „Диџеј Ахмет“, „Мајка“ и „Утре наутро“ во декември во Кинотека

 Програмата во декември на Кинотеката на Македонија ќе понуди премиери, филмови од европски автори и проекции во рамки на фестивалот „Синедејс“. 

Новите македонски филмови „Диџеј Ахмет“, „Мајка“ и „Утре наутро“ во декември во Кинотека

-Во средиштето на програмата се новите македонски филмови, кои ја реафирмираат свежината и зрелоста на домашната продукција. Премиерите на долгометражните наслови од Георги Унковски - „Диџеј Ахмет“, Теона Стругар-Митевска - „Мајка“ - со интернационалната ѕвезда Нуми Рапас и Јани Бојаџи - „Утре наутро“ цртаат жанровски и стилски шаренолик пејзаж – од урбани енергии и интимни духовни слоеви до егзистенцијални драми испишани со морална тежина. Сето тоа зборува за домашна сцена што созрева гласно, самосвесно и креативно храбро, соопшти Кинотеката.

Во најавата за декемвриската програмата Кинотеката наведува дека таа содржи и „внимателно избрани европски филмови од актуелниот фестивалски корпус: новиот филм на Паоло Сорентино, со Гери Олдман во една од улогите, како и најновото дело на романскиот автор Раду Жуде“.

-Со овие проекции Кинотеката се позиционира како значајна точка на контакт со современото европско авторско размислување – кино што дише со филозофски нијанси, хумор, меланхолија и социјална свесност, истовремено отворајќи прозор кон поширокиот хоризонт на модерната филмска естетика. Особено значајно е што дел од декемврискиот репертоар ќе биде исполнет и со програмата на „Синедејс 2025“. Фестивалските проекции ќе се прелеат во просторот на Кинотеката, создавајќи динамична филмска сцена каде локалното и меѓународното се движат синхронизирано – како две траектории што постојано се допираат, надополнуваат и го збогатуваат културниот пејзаж. Интеграцијата со Синедејс носи дополнителна фестивалска енергија: нови откритија, неочекувани естетики, авторски гласови и филмски разговори што продолжуваат и по изгаснувањето на последниот кадар, соопшти Кинотеката за програмата за декември со која ја затвора 2025 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Пејачка го покажа бујното деколте

Популарната пејачка Лидија Бачиќ Лили, позната по својата енергија и активната комуникација со обожавателите, повторно го привлече вниманието со својата најнова објава на Инстаграм.

Фото: Пејачка го покажа бујното деколте

По серијата летни концерти долж крајбрежјето, пејачката сподели неколку фотографии со кратка и едноставна порака, откривајќи интересен моден избор.

Облечена во црн горен дел од бикини од тантела и тексас-здолниште со висок струк, пејачката позираше потпрена на една голема карпа, прикажувајќи опуштена летна комбинација.

Нејзината објава, проследена само со краткиот поздрав „Здраво“, предизвика лавина реакции, а фановите, како и обично, ја опсипаа со комплименти и емотикони во форма на оган и срце.

Атрактивната пејачка и претходно објави фотки во бикини кои со воодушевување беа прифатени од нејзините фанови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

За излез од Македонија на Богородица и Дојран се чека три часа

Повеќе од 17000 лица ја напуштиле македонија во последните 24 часа преку ГП Богородица и ГП Дојран кон Грција.

За излез од Македонија на Богородица и Дојран се чека три часа

Во истиот период во земјава влегле околу 16000 птници, покажуваат податоците на министерството за внатрешни работи.

Преку Богородица во Македонија влегле 5864 македонски државјани а изглегле 5948, од странски државјани влегле 10249, а излегле 11648.

На Дојран се евиндентирани 399 влегувања и 1104 излегувања на македонски државјани , странци 1295 влегле, 1174 излегле.

Поради големената фреквенција на двата гранички премини се создадени долги колони возила, најголем метеж беше забележан на Дојран, каде колоната возила се протегаше низ целиот Стар Дојран.

Од МВР велат дека се ангажирани сите расположливи човечки и технички ресусри за побрз проток на патниците.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се запали автобус на „Дурмо Турс“ на автопатот Тетово Гостивар

Автобус на компанијата „Дурмо Турс“ денеска се запали на автопатот Тетово Гостивар, предизвикувајќи вознемиреност кај патниците и останатите учесници во сообраќајот. 

Се запали автобус на „Дурмо Турс“ на автопатот Тетово Гостивар

На социјалните мрежи се појавија видеоснимки на кои се гледа како автобусот е зафатен од пламен, додека густ чад се издига над коловозот.

Според првичните информации, возачот навреме го запрел автобусот, по што сите патници безбедно биле евакуирани. Засега нема информации за повредени лица, а на местото на настанот интервенирале противпожарни екипи кои го локализирале пожарот. Надлежните институции вршат увид за да се утврдат причините за избувнувањето на огнот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер