Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
1Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
МакедонијаНовиот Закон за високо образование наскоро на владина седницаЗаконот за високо образование наскоро влегува во собраниска процедура, откако се очекува да помине на владинат седница.Министерката Весна Јаневска, вели законот во моментов е во фаза на детална правна проверка, а законското решение е резулат на транспарентен процес што траел повеќе од една година и вклучил консултации со сите засегнати страни. јаневска ги отфрли како неосновани тврдењата дека законот ќе ја наруши автономијата на универзитетите и ќе создаде нееднаквост меѓу студентите.. воедно, повика законите од сферата на образованието, да не бидат предмет на политички пресметки, туку да добијат поширока поддршка, со цел да се унапреди високото образование, чиј квалитет, според неа, значително опаднал по законското решение од 2018 година. - Со овој закон и негова доследна примена ќе спречиме понатамошнен пад на квалитетот на високото образование и на среден рок целосно ќе го промениме правецот. Државата ќе ги обезбеди сите неопходни услови за имплементација,- Весна Јаневска – министерка за образование и наука. Според премиерот Христијан Мицкоски, новиот закон треба да стави крај на долгогодишните слабости во високообразовниот систем и да го подобри неговиот квалтет преку поголеми вложувања, стимулирање на научната работа и создавање услови младите да останат и да се развиваат во земјата. -Мора да понудиме квалитет ако сакаме да имаме генерации коишто утре ќе ја водат оваа држава. Со импровизирање и со адхок решенија или решенија што се креирани само за една мала група на луѓе не можеме да одиме напред,- Христијан Мицкоски – претседател на Влада . Законот го поздравија и седумте ректори од државните универзитети во земјава, кои меѓудругото очекуваат тој да овозможи целосна финансиска автономија на универзитетите, но и поголема практична настава. -Да работиме на подобрување на квалитетот, да бидеме отчетни и да одговориме на она што се очекува од нас – да дадеме квалитетни знаења на нашите студенти,- Билјана Ангелова – ректорка на УКИМ. -Ние како академска заедница да не се стремиме кон комфорт или пониски стандарди, туку да бараме систем кој ќе ни овозможи да ги подржиме и највисоките стандарди и барања,- Дејан Мираковски – ректор на Универзитет „Гоце Делчев“ . На поголема инклузија на Националното студенско тело, како и на поголема внимателност во финансирањето во високото образование повика студентскиот претставник Александар Николовски. -Сметам дека од сега па натаму како Влада, како претсавници на граѓанскиот сектор сите ние треба да размислуваме за реформи, а не за решавање на проблеми посебно во делот на фунционалноста на високото образование односно вложувања,- Александар Николовски – студент. Николовски побара Владата да го разгледа проблемот со греењето на Педагошкиот факултет во Битола, каде зимава немало настава бидејки немало парно, студентите од Медицинскиот факултет во Штип оделе на пракса во Скопје, бидејки Клиничката болница не била изградена Тагови: МОН УКИМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Црна хроникаУапсен е гостиварец- му пронашле кокаин „Task Foce“ пронајде дрога во Гостивар и лиши од слобода едно лице.На 25.10.2026 во 01:55 часот на ул.„Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, полициски службеници од мобилниот тим „Task Force“ при ОВР Гостивар го лишиле од слобода М.Д.(27) од Гостивар. При преглед извршен кај него, полицискисте службеници пронашле две пакувања со кокаин. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Црна хроникаПијани возачи предизвикале сообраќајки во струмичко и валандовско- загина човек од с.Добрејци Двајца возачи на подрачје на СВР Струмица возеле под дејство на алкохол и предизвикале сообраќајни несреќи со смртни последици и со тешки телесни повреди.На 25.10.2026 околу 02:00 часот во СВР Струмица било пријавено дека на магистралниот пат Струмица-Радовиш, во близина на с.Радичево, општина Василево, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Н.В.(19) од с.Злеово, радовишко и патничко возило „мицубиши“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Р.С.(58) од с.Добрејци, струмичко. Од здобиените повреди на местото починал возачот Р.С., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Во несреќата со телесни повреди се здобил сопатникот во патничкото возило „мицибуши“ Д.А.(36) од село Дабиле, струмичко. Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа на СВР Струмица, при што било констатирано дека Н.В. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,32 промили алкохол во крвта, по што е лишен од слобода. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција. На 25.10.2026 во 00:15 часот во ОВР Валандово било пријавено дека на регионален пат во с.Марвинци, валандовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со валандовски регистарски ознаки, управувано од В.И.(26) од с.Брајковци, валандовско и мотоцикл „кавасаки“ со валандовски регистарски ознаки, управуван од М.Г.(57) од с.Марвинци. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општа болница Гевгелија. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Валандово, при што било констатирано дека возачот на патничкото возило „мерцедес“ В.И. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,45 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни пријави, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВучиќ гласаше, откако два часа чекаше во ред со сопругата (ВИДЕО)10:50Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
Македонија18-годишен делчевец за пример- пронашол документи и поголема сума пари и ги предал во полицијаНа 24.10.2026 година, во 14:00 часот, во Полициската станица Делчево, 18-годишен жител на Делчево предал пронајдени лични документи и парични средства во износ од 114.000 денари и околу 2.000 евра.Имено, младиот делчевец на булеварот „Македонија“ во Делчево пронашол патна исправа и лична карта на лице од Делчево, како и наведените парични средства, по што совесно постапил и истите ги предал во полициската станица. Министерството за внатрешни работи ја поздравува оваа постапка, која претставува позитивен пример за чесност, совесност и високо развиена граѓанска одговорност, особено кај младите. Ваквите постапки заслужуваат јавно признание и претставуваат поттик за негување на општествените вредности, меѓусебната доверба и одговорното однесување во заедницата, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook