Новиот закон предвидува дуалното стручно образование да се воведе и на факултетите - Канал 5

Новиот закон предвидува дуалното стручно образование да се воведе и на факултетите

Дуалниот концепт на образование ќе се воведува и на факултетите, најавува министерката Весна Јаневска.

Новиот закон предвидува дуалното стручно образование да се воведе и на факултетите

Со новиот Закон за високо образование се предвидуваат стручни студии, со 40% практична настава во прв, втор и трет циклус, како и воведување на кратки студии од 90 кредити во траење од година и половина. Дипломата од овие програми, покрај насочувањето кон конкретна дејност на пазарот на трудот, ќе може да се користи и за унапредување.

-Компаниите ќе си ги обучат луѓето кои им се потребни за работа, од тука прв пат го воведуваме овој процес..Овие стручни студии кои ги предвидовме со законот и сите и академсктие, за прв пат се обврзани со практична настава која треба да достигне до 40% и за прв пат во високото образование споменуваме дуална настава,- Весна Јаневска – министерка за образование и наука.

Идејата за дуално образование и на факултетите, како што посочи Јаневска, се темели на успехот на ваквиот модел во средното стручно образование. Според податоците на Стопанска комора, бројот на компании вклучени во практична настава пораснал од 11 во 2020 на над 1.000 во 2025 година. Во 65 паралелки, запишани се над 13.000 ученици, односно околу 30% од средношколците во земјава.

- Да направиме симбиоза која што е потребна меѓу бизнисот и неговите потреби за кадар што ќе може веднаш да биде вклучен во процесот на производство и образованието, затоа што ако не беа кризите во 2008 година, економската финансиска криза, здравствена, енергетската итн, најголем проблем на нашиот бизнис ќе биде кадровскиот проблем,- Бранко Азески – претседател на Стопанска комора на Македонија.

Во меѓувреме, продолжуваат јавните дебати за предлог-законот за високо образование, кој предизвика низа реакции и критики во академската заедница. По вчерашната расправа на УКИМ , денеска на Универзитет „Гоце Делчев“ ќе се одржи четвртата од вкупно шесте најавени дебати. По нивното завршување, министерката Јаневска посочи дека финалната драфт-верзија на законот ќе остане на ЕНЕР уште неколку дена, пред да влезе во владина процедура.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Златото и среброто бележат раст на светските берзи

Цените на благородните метали бележат позитивно движење на светските берзи, при што и златото и среброто ја започнаа трговската сесија со раст.

Златото и среброто бележат раст на светските берзи

Фјучерсите на златото со рок на испорака во декември 2026 година достигнаа цена од 4.100,26 долари за унца, што претставува зголемување од 25,36 долари, односно 0,62 проценти. Во текот на тргувањето цената се движеше во распон од 4.062,55 до 4.143,17 долари.

Позитивен тренд бележи и среброто. Фјучерсите за декември се тргуваа по цена од 52,258 долари за унца, со раст од 0,316 долари, или 0,61 процент. Највисоката забележана цена изнесуваше 53,453 долари, додека најниската беше 51,415 долари.

Движењата покажуваат истовремен раст на двата благородни метала, кои традиционално се следат како важни инструменти на меѓународните финансиски пазари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици

По бегството во Бугарија, по предлог на обвинителство судот донесе решение да и се суди во отсуство и по неа е распишана потерница.

Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици

Во Основниот суд во Кочани продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици што се случи во октомври минатата година на експресниот пат Штип–Кочани.

По бегството во Бугарија, по предлог на обвинителство судот донесе решение да и се суди во отсуство и по неа е распишана потерница.

Во Кочани е Михајло Видимлиски, Михајло повели со деталите за денешното судење?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Франција-Според анкетите, Ле Пен убедливо води во претседателската трка

Француската политичарка од крајната десница, Марин ле Пен, и нејзиниот ривал од крајната левица, Жан-Лик Меланшон, ги зацврстија своите водечки позиции во анкетите.

Франција-Според анкетите, Ле Пен убедливо води во претседателската трка

Француската политичарка од крајната десница, Марин ле Пен, и нејзиниот ривал од крајната левица, Жан-Лик Меланшон, ги зацврстија своите водечки позиции во анкетите за преференциите на гласачите пред претседателските избори следната година, покажува најновото истражување, во време кога политичката поларизација во земјата се продлабочува.

Според анкетата на агенцијата „Толуна Харис Интерактив“ (Toluna Harris Interactive), спроведена во периодот од 3 до 5 ноември, Ле Пен би освоила меѓу 34 и 36 отсто од гласовите во првиот круг од изборите.

Во слична анкета спроведена минатиот месец, нејзината поддршка се движеше меѓу 35 и 37 отсто. Меланшон, кандидатот на крајно левичарската партија „Непокорена Франција“ (LFI), би се пласирал во вториот круг во сите пет тестирани сценарија, со поддршка од 18 до 19 отсто.

Сите останати кандидати имаат поддршка помала од 10 отсто.

Според една анкета, Ле Пен убедливо би победила во вториот круг, освојувајќи околу 68 отсто од гласовите, наспроти 32 отсто за Меланшон. Вториот и последен петгодишен претседателски мандат на Емануел Макрон се ближи кон крајот; овој непопуларен претседател зад себе остава ослабен политички центар и економија во лоша состојба – наведува Ројтерс – ситуација што отвора простор за партии со порадикални политички ставови.

Меланшон се кандидирал за претседател три пати – во 2012, 2017 и 2022 година – но никогаш не успеал да стигне до вториот круг. Ле Пен, исто така, учествуваше на сите три изборни циклуси, при што во вториот круг губеше од Макрон и во 2017 и во 2022 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер