ЖивотНовиот тренд на сончање може да предизвика сериозна болестЕве кои се последиците од опасните совети на Тикток (фото)Најновиот тренд, што многу доктори го карактеризираат како „лудост“, е користење пиво за побрзо потемнување при сончање. Ова не само што ќе ве направи лепливи и магнет за муви, туку и ќе ве изложи на ризик од топлотен удар и смртоносен рак на кожата. Кетрин Клифорд е ко-основач на една добротворна организација за подигање на свеста за ракот на кожата, таа истакнува дека ова е исклучително опасен тренд и несомнено може да доведе до развој на рак. - Не ми се верува дека ова „лудило“ постои. Ова е исклучително опасен „тренд“ со потенцијално сериозни последици. Луѓето кои се склони предолго да остануваат на сонце се изложени на сериозен ризик од развој на сите видови на карцином на кожа. Пецкањето е поврзано со развој на меланом, најтешката форма на болест што го загрозува животот - изјавила Кетрин за Сан. Таа исто така додава дека ракот на кожа е сè повеќе развиен кај младите. - Ракот на кожата во големи проценти се појавува кај младите од 15 до 34 години кои најмногу ја користат оваа апликација. Ваквиот тип на содржина треба да се забрани на платформите како Тикток - вели Кетрин. Џејсон Голдберг, директор на „Спа-сикерс“ предупредува дека пивото може да предизвика труење. - Користењето пиво за потемнување, особено без заштитен фактор, значително го зголемува ризикот од изгореници од сонце, топлотен удар, а ако се користи постојано, ова предизвикува предвремено стареење. Без заштитен фактор, потребни се само 10 минути на сонце за кожата да почне да гори. Со текот на времето, ова претставува ризик од рак на кожата, при што 70 % од случаите со вакво заболување се предизвикани од оштетување од сонцето - изјави Голдберг. Голберг вели дека пивото поради хмељот, кој е клучна состојка, може да влијае да потемните побрзо, но тоа не го прави добро средство за сончање, туку го зголемува лачењето на меланин, што ја прави нашата кожа потемна, но треба исклучително да внимаваме. - Секој метод што се користи за побрзо потемнување носи повеќе штета отколку корист, а резултира со трајно оштетување на кожата. Запомнете, потемниот тен колку и да изгледа привлечно, не е вреден за вашето здравје и не го следете овој тренд – додава Голдберг. Од „Националниот центар за здравје“ наведуваат дека не постои безбеден или здрав начин за инстант потемнување и дека треба исклучително да се внимава при изложување на сонце. Ова вклучува поминување време под сенка кога сонцето е најсилно - помеѓу 11 и 15 часот, како и покривање со соодветна облека. Употребата на крема за сончање со заштитен фактор од најмалку 30 е важна за заштита од сончевите зраци. Секоја година се дијагностицираат најмалку 100.000 нови случаи на рак на кожата, а од оваа болест умираат околу 2.500 луѓе годишно. Добивањето тешки изгореници во детството исто така може да биде причина за подоцнежно развивање на рак на кожата. @rrenriquez Lahat ba tayo nakapag try na ng beer tanning?😝✌️ I forgit to bring my oil. Promise ok din ang beer! I’ve been using this since 20 years ago😝 #Fyp #Foryou #Trending #SanMiguelBeerMen #SanMiguelBeer #RrEnriquez #QueenSawsawera ♬ GENTO - SB19 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија31-годишен охриѓанец приведен поради претепување девојкаОхридската полиција приведе 31-годишен маж по пријава дека физички ја нападнал својата девојка.. Неофицијално, девојката синоќа била брутално претепана и оставена буквално без свест на улица во Охрид, по што итно била пренесена во болница. Според информациите во неколку медиуми, двајцата прво биле заедно во ресторан, каде што започнала меѓусебна расправија. По заминувањето од таму, насилството продолжило во автомобил, од каде што наводно насилникот ја исфрлил во близина на маркет. Од СВР Охрид го потврдуваат инцидентот, но без да наведат повеќе детали. Од таму само потврдија дека е приведен 31-годишниот Х.К од Охрид.Тагови: претепување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаФронтекс: Речиси 110.000 мигранти влегле нелегално во ЕУ оваа годинаНелегалните преминувања во Европската Унија се намалија за 29 проценти во првите 10 месеци од 2026 година, во споредба со истиот период минатата година, објави европската гранична агенција Фронтекс.Агенцијата со седиште во Варшава регистрираше речиси 110.000 гранични преминувања во тој период. Бројките се намалија на речиси сите миграциски рути, намалување што комесарот за миграција на Европската Унија, Магнус Брунер, го припиша на посилната меѓународна соработка. Паѓање на бројките „Намалувањето на нелегалната имиграција во Европската Унија е резултат на континуирана работа и поголема стабилност во клучните региони“, изјави Брунер за германските медиуми претходно оваа недела. „Зад ова стојат реформи, меѓународни договори и заеднички мерки со нашите партнерски земји по должината на миграциските рути.“ Најостар пад е забележан на централната медитеранска рута помеѓу Северна Африка и Италија. Најголем број нелегални влегувања во ЕУ, речиси 60 проценти, се случуваат во источниот Медитеран. Сепак, бројките се намалуваат и таму, за околу 12 проценти. Спротивен тренд е забележан во западниот Медитеран, каде што има зголемување од 21 процент во споредба со 2025 година. Промените беа особено изразени на западноафриканската рута долж атлантскиот брег до шпанските Канарски Острови. Изгубени животи во Медитеранот На оваа рута, нелегалните преминувања се намалија за 13 проценти во истиот период, но вкупниот пад го прикриваше наглото зголемување во октомври, кога преминувањата беа четири пати повисоки од оние регистрирани во октомври 2025 година. Обидите да се стигне до Европа со небезбедни чамци честопати завршуваат трагично. Според Меѓународната организација за миграција (ИОМ), повеќе од 2.000 луѓе ги загубиле животите во Средоземното Море само оваа година. Извор: Индекс.хрКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветКим Џонг-ун ја повикува војската да се подготви за војнаНа севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун му се дадени дополнителни уставни овластувања, вклучително и команда на нуклеарните сили, а исто така ги повика воените команданти да ги засилат подготовките за можна војна.Промените доаѓаат во време на затегнати односи со Јужна Кореја, од чие обединување Пјонгјанг официјално се откажа, пишува „LADbible“. Северна Кореја неодамна го објави текстот на својот устав, речиси три години откако беше отстранет од нејзината официјална веб-страница. Уставот беше изменет во март оваа година, дополнително консолидирајќи ја моќта на Ким. Ким добива повеќе овластувања Изменетиот устав му дава на Ким Џонг-ун право на вето на одлуките за парламентот и можност да ги разрешува претставниците кои ја губат довербата на народот. Како претседател на Комисијата за државни работи, тој исто така доби експлицитно овластување да командува со нуклеарните сили и можност да го пренесе овластувањето за употреба на нуклеарно оружје на надлежното воено тело. Промените дополнително ја зајакнуваат неговата позиција на чело на земјата, која технички сè уште е во војна со Јужна Кореја. Корејската војна заврши во 1953 година со примирје, но мировен договор никогаш не беше потпишан. Северна Кореја се откажа од обединувањето Изменетиот устав повеќе не содржи одредби за обединување на двете Кореи и ја дефинира Јужна Кореја како посебна земја. Ова го потврди пресвртот во политиката на Пјонгјанг, што Ким го објави на крајот на 2023 година. „Промената на севернокорејскиот устав го одразува она што го знаеме веќе три години - Северна Кореја не сака ништо да има со Јужна Кореја“, изјави за Newsweek Едвард Хауел, автор на „Новата оска на превирањата: Северна Кореја, Русија, Кина, Иран“. Јужнокорејскиот претседател Ли Џе-мјунг повика на воспоставување траен мир, но Пјонгјанг ги отфрла обидите за зближување на двете земји. Ким Џонг-ун претходно изјави дека Северна Кореја нема апсолутно никаква работа со Јужна Кореја. Хауел верува дека Пјонгјанг испраќа јасна порака дека не е заинтересирана за напорите на јужнокорејската влада за обновување на односите. Ким ја повикува војската да се подготви за војна Тензиите дополнително се зголемија во последните недели поради воените активности на Северна Кореја. Според извештаите, Пјонгјанг тестирал балистички ракети, а претходно овој месец тенкови биле забележани во близина на границата со Јужна Кореја. Сестрата на Ким, исто така, се закани со „безмилосно уништување“, додека севернокорејскиот лидер ги повика воените команданти да ја зголемат борбената готовност на своите единици. „Главната револуционерна задача на командантот на чета е да ја заврши борбената готовност на своите единици за да бидат целосно подготвени за војна. Ова мора да се постигне со значително подобрување на интензивната воена обука“, рече Ким. Тој додаде дека неговата крајна цел е да изгради што е можно посилна армија и да ја забрза нејзината модернизација. Уставните промени дополнително ја зајакнаа неговата контрола врз вооружените сили, вклучително и нуклеарниот арсенал. Извор: Индекс.хрТагови: Ким Џонг-ун Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМихаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55