Видео: Валјак за трева прегази поранешен англиски репрезентативец, но, фудбалерот потоа продолжи да игра.
2Видео: Валјак за трева прегази поранешен англиски репрезентативец, но, фудбалерот потоа продолжи да игра.
АвтомобилизамНовиот СУВ на „Xiaomi“ со повеќе од 100.000 резервацииНовиот SUV на Xiaomi веќе има повеќе од 100.000 резервации .Xiaomi се подготвува да ја прошири својата понуда на возила со серијата „SkyNomad“, која моментално опфаќа два големи SUV-модели опремени со систем за продолжен досег. „SkyNomad N90 Max“ е позициониран како голем SUV со седум седишта, погон на сите тркала и систем за продолжен досег, дизајниран за семејни патувања на долги релации. Тука е и „SkyNomad N70 Max“, позициониран како SUV со пет седишта и погон на сите тркала – исто така со систем за продолжен досег – наменет за секојдневно патување и удобност при возењето. Подот на возилото е рамен. Предните седишта можат да се ротираат за 180 степени, додека вториот ред располага со седишта што можат да се преклопат. Двата кросовери се базирани на новата платформа „Kunlun“ на Xiaomi и користат електричен погонски систем со продолжувач на опсегот. Врвниот модел е „Xiaomi SkyNomad N90 Max“; со должина од 529 сантиметри, тој е опремен со два електромотори – кои испорачуваат 286 КС на предната и 136 КС на задната оска. Батеријата се полни со помош на 1,5-литарски турбо-бензински мотор со моќност од 154 КС. Вкупниот досег со користење и на електрична енергија и на бензин изнесува 1.500 километри според стандардот WLTP. Капацитетот на батериите кај моделите N70 и N90 се движи од 52 до 76 kWh, во зависност од верзијата, што овозможува досег на електричен погон од 460 до 500 километри. Максималната брзина е електронски ограничена на 190 km/h, додека моделот N90 забрзува од 0 до 100 km/h за 5,9 секунди. Кога батеријата ќе се испразни, сите модели постигнуваат потрошувачка на гориво од само 5,7 литри на 100 километри според стандардот WLTC. Системот за потпирање е независен на сите четири тркала и вклучува воздушно... Планирано е овие модели да пристигнат и во Европа, почетната цена во Кина изнесува 33.000 евра за N70 и 38.500 евра за N90, пренесува Revija HAK. Тоа е неверојатно ниска цена за голем теренец (SUV) со должина од над пет метри. Цените во Европа сигурно ќе бидат повисоки, но неизбежно се поставува прашањето како европските премиум конкуренти ќе можат да му парираат на ваков модел. Кинескиот медиум „Cailian“ известува дека Xiaomi веројатно надминал 100.000 нарачки во претпродажба за својата почетна линија на возила SkyNomad EREV за само девет дена, при што поголемиот модел N90 се покажал како попопуларен меѓу купувачите.Тагови: автомобилска индустрија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
ЖивотАмериканка криела ДНК-докази во случаи на силување, осудена на 10 години затворПоранешната форензичарка од Бирото за истраги на Колорадо (CBI), Ивон „Миси“ Вудс, е осудена на десет години затвор поради манипулирање со податоци од ДНК-анализи во кривични предмети, вклучувајќи случаи на убиство, сексуално насилство и грабеж.Вудс, која работела како форензички аналитичар речиси три децении, во јуни се изјасни за виновна по четири точки од обвинението: компјутерски криминал, лажно сведочење, фалсификување и обид за влијание врз службено лице. Таа беше осудена на 8 септември од страна на судијата Ендру Поланд во округот Џеферсон, Колорадо. Откако беа откриени неправилности, CBI ја прегледа работата на Вудс и утврди проблеми во 1.045 кривични предмети. Вудс работела на повеќе од 10.000 предмети за време на нејзиниот 29-годишен ангажман во лабораторијата. Според обвинителите, таа менувала или изоставувала податоци за ДНК, прескокнувала задолжителни чекори и на други начини манипулирала со лабораториските записи за побрзо да ги обработи предметите. Како резултат на тоа, во некои случаи, полицијата и обвинителите не добиле целосна слика за тоа што всушност покажале ДНК-анализите. „Колорадо паблик радио“ (Colorado Public Radio) известува дека повеќе од 400 од предметите на кои работела Вудс се однесувале на сексуални напади. На рочиштето за изрекување на пресудата, обвинителите опишаа случаи во кои количината на откриена машка ДНК била прикажана како помала или била изоставена од извештаите. Обвинителот Дарен Кафка на суд наведе десет конкретни случаи за да ги прикаже последиците од постапките на Вудс. Меѓу нив беа случаи на сексуален напад врз четиригодишно девојче во Пуебло и врз 88-годишна жена, како и пријавено силување во Националниот парк „Роки Маунтин“. Според обвинителството, Вудс пронашла машка ДНК на предметните докази, но не ја пријавила точно во конечните лабораториски наоди. Пред судот, Вудс им се извинила на жртвите, на нивните семејства и на колегите, признавајќи дека нејзините одлуки можеби довеле до пропуштање на можности за понатамошна истрага. Укината пресуда за убиство поради нејзината работа. Скандалот веќе доведе до укинување на најмалку една пресуда за убиство. Скандалот го принуди CBI повторно да анализира големо количество докази и да ги преиспита лабораториските процедури. Колорадо веќе потроши милиони долари за нови тестирања, а адвокатите на одбраната и обвинителите повторно ги отвораат предметите во кои бил вклучен Вудс.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваВечерва на „Кино на отворено“ во Кисела Вода: „Таинствената шума“ и култниот „Пред дождот“Во прекрасна опуштена атмосфера, синоќа во паркот „Македонија“ се одржа првата вечер од манифестацијата „Кино на отворено“ во Кисела Вода. Присутните уживаа во програмата која ја отвори детскиот анимиран филм „Клинци Каубојци“, а продолжи со проекцијата на наградуваниот македонски филм „Приказната за Силјан“ во режија на Тамара Котевска и продукција на Јорданчо Петковски и Ана Хамши. Општина Кисела Вода ги поканува граѓаните да бидат дел од филмското дружење и вечерва, на истата локација. Вечерашната програма, која се одржува во близина на Домот на културата „Билјана Беличанец“, стартува во 19:00 часот со детскиот анимиран филм „Таинствената шума“, синхронизиран на македонски јазик. Веднаш потоа, од 20:25 часот, следува проекција на култниот „Пред дождот“ на Милчо Манчевски, македонско ремек-дело кое има освоено над 30 меѓународни награди, меѓу кои и „Златниот лав“ во Венеција, како и номинација за Оскар. Настанот се реализира во соработка со Кинотека на Република Македонија и „Киноверзум“. Ве очекуваме и вечерва во паркот „Македонија“!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаВидео: Првиот ден на „Октоберфест“ во сенка на инцидентПрвиот ден на „Октоберфест“ во сенка на инцидент. Посетители виселе наопаку, итните служби веќе згрижиле 600 лица.Посетителите на „Октоберфест“ во Минхен виселе наопаку околу пет минути за време на една атрактивна панаѓурска вожња, а причината за инцидентот сè уште е непозната, пренесе ДПА. Откако се симнале од високиот тобоган,неколку лица, главно помлади, се пожалиле на блага вртоглавица и проблеми со циркулацијата. По кратка лекарска контрола, сите се вратиле на фестивалот на пивото. Службата за итна помош соопшти дека првиот ден од 191-виот „Октоберфест“ згрижила околу 600 пациенти. Најголемиот фестивал на пивото во светот беше отворен вчера и ќе трае 16 дена, сè до 4 октомври. https://www.instagram.com/reel/DdeZBufocli/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=loadingТагови: Октоберфест Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16