Новиот сој на Ковид-19 можеби го имало во САД уште од октомври - Канал 5

Новиот сој на Ковид-19 можеби го имало во САД уште од октомври

Повторната анализа на два милиони тестови на ковид, спроведена во САД во последните месеци покренува нови прашања во врска со потеклото на „заразата од Велика Британија“ на мутацијата Б117 и сугерира дека веќе бил широко распространет.

Новиот сој на Ковид-19 можеби го имало во САД уште од октомври

Сојот на коронавирусот што ги носи истите мутации како и многу заразната британска варијанта може да го имало во САД од октомври и веќе е распространет, сугерира повторната анализа на повеќе од два милиони теста во САД, пишува британски Гардијан.

Секвенционирањето на геномот на вирусот веќе некое време го прават научници од калифорниската компанија за тестирање ДНК „Хелик“ за да потврдат дали мутацијата забележана кај Американците е истата со таканаречената варијанта Б117 што моментално циркулира во Велика Британија.

Хелик во моментов соработува со американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) бидејќи се очекуваат резултатите од студијата за варијантата пронајдена во САД.

„Ако ја идентификуваме таа варијанта како Б117, можеби ќе можеме да откриеме дали е присутна веќе некое време во САД, дали ја имаат сите примероци или има само еден или два примерока, можно е да е присутна од неодамна“, рече Никол Вашингтон, соработник во Хелик.

Резултатите се очекуваат за неколку дена, но откритијата покренаа нови прашања за тоа од каде потекнува модифицираниот вирус, вклучувајќи ја и малата можност тој да започнал во САД, а не во Велика Британија или на друго место. Варијантата е пронајдена и во најмалку 17 земји, вклучувајќи ги Јужна Кореја, Шпанија, Австралија и Канада.

„Не би било изненадувачки ако барем некои од случаите биле Б117“, рече Ерик Топол, шеф на Институтот за истражување Скрипс од Медицинскиот институт во Калифорнија, кој не бил вклучен во студијата, но чиј тим го потврдува случајот во Калифорнија од средата со варијантата Б117 .

„Веројатно циркулира веќе некое време на ниско ниво, но не го гледате додека не го побарате“, потенцира Топол.

Исто така, можно е варијантата да потекнува од САД, а потоа да се проширила и во Велика Британија, иако тоа е малку веројатно, имајќи предвид дека варијантата Б117 се чини дека е позастапена во Англија, рече Топол.

„Сепак, мислам дека не треба да се вика британска варијанта, бидејќи не знаеме од каде потекнува“, рече американскиот научник.

Владата е убедена дека варијантата на заразниот вид kovid 19 циркулира во Велика Британија од септември.

Веста за новиот сој предизвика повеќе земји да ги забранат патувањата од Велика Британија или во случајот со САД, бараат од патниците да покажат негативен тест за влез во земјата.

Сепак, овој сој бил откриен оваа недела во Колорадо и Калифорнија, што предизвикува сомневања дека веќе може да бил широко распространето во САД, заклучува Гардијан.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година

Министерството за надворешни работи на Никарагва објави дека земјата се повлекува од Централноамериканскиот парламент.

Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година

Како што соопшти Министерството вчера, „остварувајќи го своето суверено право“, Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година со кој беше формиран парламентот за шест централноамерикански држави, одлуката стапува на сила веднаш, пренесува Ројтерс.

Владата на Никарагва не одговори на барањето за коментар.

Овој потег уследи еден ден откако Организацијата на американските држави (ОАД) усвои резолуција со која се повикуваат властите во Никарагва да ги ослободат политичките затвореници и да ги вратат граѓанските слободи.

Никарагва ја напушти ОАД во 2023 година, тврдејќи дека оваа дипломатска организација станала инструмент на интервенционизмот на САД.

Земјата, исто така, во 2025 година објави дека ќе се повлече од Советот за човекови права на ОН, по извештајот на Обединетите нации во кој меѓународната заедница се повикува да реагира на кршењето на човековите права во земјата.

Политичка криза во Никарагва

Никарагва се наоѓа во состојба на политичка криза од април 2018 година, кога полициските сили ги задушија масовните протести, притоа загинаа повеќе од 350 луѓе, околу 2.000 беа повредени, а илјадници беа уапсени или избегаа од земјата.

Владата на Никарагва, предводена од претседателот Даниел Ортега и неговата сопруга Росарио Муриљо, минатиот јули објави дека земјата повеќе нема да одржува избори. Ортега е на власт во континуитет од 2007 година, откако претходно ја извршуваше функцијата претседател во 80-тите години на минатиот век.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп именуваше пратеник за затворениците: „Тој врати 65 Американци од Белорусија“

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави дека адвокатот и актуелен пратеник за Белорусија, Џон Коул, ќе биде негов специјален претседателски пратеник за прашања поврзани со затвореници.

Трамп именуваше пратеник за затворениците: „Тој врати 65 Американци од Белорусија“

Белорускиот претседател Александар Лукашенко минатиот месец помилува 15 затвореници по разговорите со Коул, кој повеќе од една година преговара со Минск.

„Во текот на изминатата година, Џон веќе обезбеди враќање на повеќе од 65 Американци и државјани на сојузнички земји од Белорусија и договори ослободување на повеќе од 800 политички затвореници од неколку источноевропски земји“, објави Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“.

Коул ќе го замени Адам Болер, за кого Трамп рече дека вратил 196 заложници.

Болер, кој во август помогна да се обезбеди ослободување на поранешен американски маринец од Русија, ќе продолжи да помага околу други прашања како виш советник, додаде Трамп.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Серафимовски: Како министерство сериозно сме засегнати за решавање на проблемите

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство сериозно е засегнато за решавање на проблемите во делот на пласманот, производството и цената на оризот, порачал ресорниот министер Борче Серафимовски.

Серафимовски: Како министерство сериозно сме засегнати за решавање на проблемите

Тој денеска во Горни Подлог присуствувал на традиционалното зажетнување со срп на 35. издание на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер