Новиот претседател на Аргентина, Милеи, положи заклетва

Новиот претседател на Аргентина, Хавиер Милеи денеска положи заклетва пред парламентот на земјата и со тоа и официјално ја презеде претседателската функција, јавија британските медиуми.

Како претседателски кандидат, Милеи вети дека ќе го исчисти политичкиот естаблишмент од корупција, ќе ја елиминира Централната банка, која ја обвини дека печати пари и ја поттикнува инфлацијата и дека ќе го замени нестабилниот пезос со американски долар.

Милеи победи со убедлива победа во вториот круг од изборите одржани на 19 ноември и ја испрати перонистичката политичка опција која со децении доминираше на политичката сцена во Аргентина во опозиција.

Храбра 67 годишна продавачка избрка крадец- го натепа со сукало (ВИДЕО)

Продавачка и сопственичка на продавница во центарот на Ираклион, на Крит, храбро му се спротивстави на вооружен криминалец и парите останаа во каса.

Необичната снимка е снимена на безбедносна камера, а грчките медиуми пренесуваат детали од драмата.

Продавницата се наоѓа на авенијата Калокаринос, а била цел на маскиран разбојник кој во раката носел голем остар предмет, како мачета.

Неименуваната жена (67) прво се помести, кога тој се заканил да ќе ги предаде парите, но потоа посегнала по сукалото и добро му ја „повлекла“ раката.

Таа го удрила неколку пати и почнала да вика, па тој морал да ја „свитка опашката“ и да побегне. Пред продавницата го чекал мотоцикл, пренесува Катимерини.

Сопругот на сопственичката истакнува дека таа работи 20 години во ноќна смена, а и претходно користела сукало за да се одбрани од криминалци.

Нејзината „одбранбена алатка“ секогаш виси до касата и е подготвена за употреба.

Нетанјаху со план за Газа: Израел ќе ги контролира сите територии и границата со Египет

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го претстави планот за Газа по војната, неговиот прв официјален предлог за повоена држава на палестинската територија со која моментално владее Хамас.

Според документот, презентиран вчера пред членовите на израелскиот безбедносен кабинет, Израел ќе ја задржи безбедносната контрола врз сите територии западно од реката Јордан, вклучително и окупираниот Западен Брег и Газа, области каде што Палестинците сакаат да создадат независна држава, објави Си-Ен-Ен.

Во наведените долгорочни цели, Нетанјаху го отфрла „едностраното признавање“ на палестинска држава.

Се наведува дека спогодбата со Палестинците може да се постигне само преку директни преговори меѓу двете страни, но не се наведува кој ќе ја претставува палестинската страна.

Во Газа, Нетанјаху ги истакнува демилитаризацијата и дерадикализацијата како цели што треба да се постигнат на среден рок. Не е разјаснето кога ќе започне таа меѓуфаза и колку ќе трае.

Сепак, реконструкцијата на Појасот Газа, чиј голем дел беше уништен од израелската офанзива, бара целосна демилитаризација.

Нетанјаху предлага Израел да одржи присуство на границата Газа-Египет на југот на енклавата и да соработува со Египет и Соединетите Држави во областа за да ги спречи обидите за шверц, вклучително и на преминот Рафа.

Со цел да се замени владеењето на Хамас во Газа додека се одржува јавниот ред, Нетанјаху предлага соработка со локални претставници „кои не се поврзани со терористички земји или групи и не ги поддржуваат финансиски“.

Тој повика и на затворање на агенцијата на ОН за палестински бегалци, УНРВА, која треба да биде заменета со други меѓународни хуманитарни групи.

„Документот на премиерот за принципите одразува широк јавен консензус за целите на војната и замена на владеењето на Хамас во Газа со цивилна алтернатива“, се вели во соопштението од кабинетот на премиерот.

Портпаролот на палестинскиот претседател Махмуд Абас, Набил Абу Рудеине, изјави дека предлогот на Нетанјаху е осуден на пропаст, како и сите израелски планови за промена на географската и демографската реалност на Газа.

„Ако светот е навистина заинтересиран за безбедноста и стабилноста во регионот, тој мора да стави крај на израелската окупација на палестинската земја и да признае независна палестинска држава со Ерусалим како главен град“, рече тој.

Ќе се случи ли сензација во Бахреин- Ферари е побрз од Ред Бул

Карлос Саинц го постави најбрзото време досега на предсезонските тестирања за Ферари и беше првиот што помина под 1:30 на воланот на SF-24.

Саинц ја презеде одговорноста за болидот на Ферари во попладневните часови и набрзо почна да прави кругови во SF-24 на C3 гуми, а два часа по попладневната сесија, Шпанецот постигнува 1:31.297 со помош на гумите C3.

Но, Саинз не застана тука бидејќи постави уште два брзи круга - прво 1:30.424 околу 14:20 часот, а потоа стана првиот возач кој помина под 1:30 со 1:29.921 десет минути подоцна.

Времето на Саинц е само две десетинки побавно од минатогодишното време на пол-позицијата поставено од Верстапен (1:29.708) и четири десетинки побрзо од најбрзото време на минатогодишното предсезонско тестирање (Перез, 1:30.305).

Перез денеска го возеше Ред Бул РБ20 што Верстапен го возеше вчера цел ден и го постави второто најбрзо време, 0,758 секунди побавно од Саинц.

Хамилтон го презеде Mercedes F1 W15 од Расел кој возеше целиот прв ден и заврши трет, но големи 1,2 секунди зад најбрзиот Саинц.

притисни ентер