Судот го извести Обвинителството и Судскиот совет дека граѓански судија не извршил одлука на Уставниот суд за слободи и права на новинарката Наташа Стојановска
2Судот го извести Обвинителството и Судскиот совет дека граѓански судија не извршил одлука на Уставниот суд за слободи и права на новинарката Наташа Стојановска
МакедонијаНовиот предлог-закон за пушење не е ригорозен туку европски, смета АлиуНовиот предлог-закон за пушење кој инаку вклучува казни од 100 евра за граѓаните и до 5.000 евра за фирмите, не е ригорозен ни рестриктивен, туку е европски, оценува Азир Алиу. Според Министерот за здравство, ние го препишуваме она што веќе е спроведено, а бизнисот со тутун и извозот нема да „трпат“ поради новата законска рамка. Ние не браниме пушење на цигари, вели Алиу, тој што сака да пуши електронски или обичен тутунски производ има начини, на отворено, подалеку од автобуска постојка и не пред врата на училиште или државна институција. Законот е за здравјето на граѓаните, бидејќи сме меѓу земјите со највисока стапка во Европа. Тука некаде во просек или близу половина од младите пушат, а тутунски производ користат 13,6% од децата од 13 до 15 години, вели Алиу кој смета дека законот не треба да биде празно слово на бела хартија. Предлог законот и во наредните недели ќе биде предмет на јавна дискусија и се уште има простор за измени и прецизирања, сметаат здравствените власти. Закон за заштита од пушење во Македонија има од 1995 година и повеќепати е менуван, со најзначајни промени во 2008 та и 2013 тата година. Тогаш, новите правила донесоа и построги ограничувања, особено за угостителските објекти. Сепак, официјални податоци за тоа колку законот од тогаш досега се почитува нема, а јавноста често забележува дека законот во пракса, особено надвор од Скопје, не важи. Недостатокот на систематски мониторинг го отежнува и оценувањето на реалниот ефект за здравјето на граѓаните од изминатите законски измени. Тагови: закон за пушење Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Отруена е цела Македонија а никој од власта не одговараПоради тендер патриотите Христијан Мицкоски и Сашо Клековски, Македонија се претвори во држава во која граѓаните не знаат дали водата што ја пуштаат од чешма е безбедна.Над 50 населени места се со загадена вода. Во Гостивар цел град беше отруен, на 4.000 илјади граѓани побараа медицинска помош. Клековски призна дека „црвените светла“ се запалиле доцна. Панче Тошковски се занимаваше со хиперхлорирање, испуштање вода од цевките и анализи на вода. Ја прогласија водата за техничка и дека може да се користи а никогаш не објавија анализа, резултат за водата, кој потпишал и кој одобрил. А Стојанче Ангелов јавно потврди дека во водата има опасна бактерија. Сега се најавува дека официјалните резултати од анализите, ќе бидат достапни на 20 август. Народот што да прави? Во меѓувреме, Владата склучила зделка вредна околу 100.000 евра за набавка на вода, без тендерска постапка. Тотален распад на институциите и колапс на здравството. Прашањето е зошто Обвинителството молчи? Зошто досега никој од власта не одговара за Гостивар? Не може цела држава да се труе, а никој да не биде одговорен. Не може илјадници граѓани да бараат лекарска помош, институциите да признаваат дека задоцниле, а функционерите да продолжат како ништо да не се случило. Кога се во прашање животот и здравјето на луѓето, одговорност мора да има. Скопје, 07.08.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеПовеќе од 4.000 луѓе се заразени со ебола во Конго, бројот на смртни случаи растеСпоред податоците на владата, бројот на потврдени случаи на ебола во Демократска Република Конго за првпат ја надмина бројката од 4.000 за време на оваа епидемија. Ова е втората најголема епидемија на ебола во светот според бројот на заболени, а исто така е опишана и како епидемија на оваа болест што се шири најбрзо досега. Експертите сметаат дека вирусот почнал да се шири неколку месеци пред официјалното прогласување на епидемијата на 15 мај и дека реалниот број на заразени лица би можел да биде значително поголем од официјалните бројки. Националниот институт за јавно здравје соопшти дека се потврдени вкупно 4.053 случаи на зараза, од кои 1.850 завршиле со смртен исход. Случаи на ебола се потврдени во пет провинции: Итури, Северен Киву, Јужен Киву, Горно Уеле и Чопо. Во извештајот објавен минатиот месец во научното списание „Science“ се наведува дека епидемијата во Конго започнала уште во јануари, а можеби и порано, во провинцијата Итури. Истражувачите идентификуваа повеќе од 500 сомнителни случаи во периодот од средината на јануари до 15 мај. Доцното откривање на болеста, преоптоварениот систем за епидемиолошки надзор, вооружените конфликти и недостигот на вакцини и ефективни третмани за вирусниот сој што ја предизвика епидемијата, ги попречија напорите за нејзино сузбивање.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалМанчестер Сити го продаде резервниот голман за 50 милиони евра Манчестер Сити го продаде голманот Џејмс Трафорд на Лидс. Според „Атлетик“, Сити ќе добие 50 милиони евра, вклучувајќи ги и бонусите, за својот резервен голман. Покрај тоа, Сити задржа клаузула од 20% од наредната продажба. Овој трансфер претставува нов клупски рекорд за Лидс.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиШокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04Сончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23Македонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04