Британците забрануваат три вида екстремна порнографија: Опасната содржина ги загрозува жените и девојчињата
2Британците забрануваат три вида екстремна порнографија: Опасната содржина ги загрозува жените и девојчињата
МакедонијаНовиот план за просторно планирање на државата во нацрт-верзија, ќе важи до 2040 година Наредната година се планира да биде донесен Предлог-планот за просторно планирање на ниво на држава. Во моментот, тој е во фаза на Нацрт-план кој е предаден на доработка во Министерството за животна средина и просторно планираењ. Новиот план за просторно планирање ќе биде за период до 2040 година. Директорот на Агенцијата за планирање на просторот Александар Гелевски вели дека имаат изготвено методологија за постапката и процедурата како ќе се носи. - Во моментов, Агенцијата ги има предадено Нацрт-просторниот план. Се очекува планскиот период да биде до 2040 година. Во наредната година планираме да биде донесен Предлог-планот. Тој треба да помине во собраниска процедура и да се донесе. Просторен план се носи неколку години. Имаме изготвено методологија, за постапката и процедурата тоа како се носи. Во оваа фаза изготвена е само Нацрт-верзијата и таа е предадена на разработка во Министерството за животна средина и просторно планирање, изјави денеска Гелевски на свеченоста на која Агенцијата одбележа 20 години постоење. Од Владата очекуваат новиот план за просторно планирање да биде донесен низ транспарентен процес и со него да се решат бројни дилеми и да се постави патот за развој на државата до 2040 година. - Интензивно работиме со Агенцијата за просторно планирање. Политички да одговорам – директорот е кадар на нашиот коалициски партнер, така што коалициско ниво имаме добра соработка во однос на ова прашање. Очекувам во еден транспарентен процес да се донесе новиот просторен план, којшто треба да реши бројни дилеми, отворени прашања и да постави пат за развој на државата до 2040 година, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Новиот план за просторно планирање, како што посочи Николоски, треба да понуди и нов инфраструктурен концепт за развојот на државата. - Би сакал да ја потенцирам важноста на новиот просторен план од следните причини: Македонија како природна крстосница меѓу Југоисточна и Централна Европа, има геостратешка важност која произлегува од положбата на коридорите Исток–Запад и Север–Југ, односноа Коридорите 8, 10 и 10 - д. Понатаму близината на јужните пристаништа и улогата како транзитна земја за транспорт, енергија и трговијата. Гледаме во овие глобални предизвици колку е важно Македонија енергетски да се поврзува и во таа насока изградбата на интерконекторот кој не поврзува со Грција како и планираниот интерконектор со Србија, ќе значи дека Македонија ќе стане и енергетска раскрсница. А во меѓувреме интензивно се работи и на далноводно поврзување и со Албанија преку далноводот Охрид-Елбасан. Тука се автопатите, железничките поврзувања, логистичките центри, мултимодуларните јазли особено јазолот со вкрстувањето на коридор 10 со коридор 8, подобрување на меѓуграничната поврзанот и др. И затоа сметам дека треба да постои добра соработка со сите институции на изработка на тој документ кој ќе се почитува и со кој ќе се следи развојот на државата, истакна Николовски во обраќањето на свеченоста по повод 20 години Агенција за планирање на просторот. Важноста на постоечкиот план за просторно планирање е помината, но директорот на Агенцијата за планирање на просторот појаснува дека додека не се донесе новиот план, во важност е се уште стариот. - Иако истекол планскиот период, тоа не значи дека планскиот документ не важи. Во моментот сè уште важи претходниот просторен план и тој ќе се применува сè донесувањето на новиот просторен план, вели Гелевски. Тагови: просторно планирање Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДИК: Денес во Брвеница гласаат болните или немоќни лица и затвореницитеДенес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор за Предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница.Вкупно 88 болни или немоќни лица можат да гласаат за градоначалник на Брвеница. Своето право на глас може да го остварат и вкупно 9 лица кои се на издржување казна затвор. Гласањето на овие лица се спроведува во 3 казнено поправни установи на територија на Македонија, и тоа во градовите Скопје, Штип и Тетово. Државна изборна комисијаТагови: ДИК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија„Жетва без нејзино име“ во Јуроп хаус Струмица: Разговор за руралните жени и нивниот невидлив трудНад 38.000 жени во Македонија се регистрирани како земјоделки, но многу од нив немаат еднаков пристап до финансиска сигурност, породилно отсуство, здравствено осигурување и социјална заштита. Овие предизвици беа во фокусот на вчерашната панел-дискусија „Жетва без нејзино име: Руралните жени и невидливиот труд“, одржана во Јуроп хаус Струмица. Настанот беше организиран како дел од кампањата „Носи ја промената“ (Wear the Change), иницирана од Делегацијата на Европската Унија и амбасадите на земјите членки на ЕУ, обединети во #TeamEurope, во рамки на националниот караван. Дискусијата отвори простор за разговор за системските и институционалните пречки, но и за предрасудите и нееднаквостите што го ограничуваат пристапот на жените во руралните средини до нивните права. Жените земјоделки учествуваат во производството на храна и руралната економија, а истовремено најчесто се грижат и за домот. Сепак, нивниот труд и придонес често остануваат надвор од формалните економски и институционални рамки. Посебно загрижувачки е пристапот до имот и земјиште: во 2021 година, само 4,1 процент од жените во руралните области биле евидентирани како сопственички на имот, додека на национално ниво земја поседуваат само 12 проценти од жените. Разговорот ги опфати причините за овие нееднаквости, вклучувајќи ги практиките поврзани со наследувањето. Иако ќерките имаат законско право да наследуваат, често се откажуваат од својот дел во корист на браќата. На тоа влијаат долгогодишни традиции и очекувањето дека по бракот ќерката ќе „припадне на друго семејство“. Во дискусијата учествуваа Вероника Јоана Чолка, заменик-шефица на мисијата на Амбасадата на Романија, Лејла Рајкова, застапничка за правата на руралните жени и локалното земјоделство, и Лилјана Јоновски, вонредна професорка на Факултетот во Кичево и експертка за вклучување на жените во јавниот живот, со фокус на руралните средини. Разговорот го модерираше Андреа Угриноска од „Тиииит! Инк.“ – Скопје. Панелистките ги разгледаа предизвиците со кои се соочуваат жените што живеат и работат во руралните средини, спроведувањето на законите и достапните механизми за поддршка. Беше отворена и перспективата на Романија, како земја со значително учество на работната сила во земјоделството, како и прашањето за улогата на Европската Унија во унапредувањето на правата на руралните жени. Во разговорот беа опфатени и општествените и културните пречки што опстојуваат покрај законските рамки, како и начините на кои институциите и заедниците можат да придонесат за еднакви можности. По панелот, во прашања и одговори се вклучи и публиката. Главната порака од дискусијата беше дека придонесот на жените земјоделки мора да биде препознаен и проследен со еднакви права и сигурност. Обезбедувањето пристап до имот, здравствено и социјално осигурување и права поврзани со работата е важен чекор кон поправедно и одржливо општество. Преку караванот „Носи ја промената“, Делегацијата на Европската Унија, амбасадите на земјите членки на ЕУ и мрежата на Јуроп хаус продолжуваат да отвораат јавни разговори за родовата еднаквост и правата на жените низ земјата.Тагови: Струмица Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗаврши експедицијата на „Врело“: Поставени три нови светски рекорди09:26Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
МакедонијаМППС: Бараме итна акција за да се намали сиромаштијата и социјалната исклученост во земјатаОтворено писмо до владата на Македонија.Кога се соочуваме со сиромаштијата, солидарноста е отпор! На 17 октомври - меѓународниот ден за искоренување на сиромаштијата, потсетуваме дека речиси 22% од граѓаните живеат под линијата на сиромаштија: 29,5% од децата живеат во сиромаштија; 38% од децата се наоѓаат во состојба на повеќедимензионална сиромаштија и живеат во услови ризични по здравјето, учењето, безбедноста и развојот на самото дете; 19% од домаќинствата со деца добиваат детски и семејни додатоци, во споредба со 88% во Европската Унија. Од оваа статисика, најпогодени се децата во многудетните семејства, самохраните родители и ромските семејства. Но сиромаштијата е тесно поврзана и со услугите за грижа за деца и стари лица кои се ограничени - 45,5% од децата на возраст од 3 до 6 години посетуваат градинка, додека кај децата Роми таа стапка е 17% (во ЕУ таа стапка е 95%), Недостигот од услуги за грижа особено ги погодува жените, кои извршуваат 72,5 % од неплатената домашна работа и грижата за децата, старите и изнемоштени лица, што ја ограничува нивната економска независност и придонесува повеќе од половина од жените во земјата да се неактивни на пазарот на труд. Во Северна Македонија, сиромаштијата останува долготрајна, структурна и системска реалност додека социјалната заштита е под сè поголем притисок, што резултира со срам и изолација. Недостигот од стратегија уште од 2020 година, и постојаното префрлање на одговорноста меѓу централната и локалната власт, создава длабок институционален вакуум. Граѓаните се без системска поддршка во борбата против сиромаштијата. Повикувајќи се на европските цели и стандарди, бараме итно отворање на широк и инклузивен дијалог кој ќе ги преточи барањата во политики за достоинствен живот за сиромашните. Секоја можност за вклучување на преживеаното искуство во креирањето на државните политики е важен чекор напред, додека ние, претставниците на граѓанското општество и локалните организации, заедно со лицата со искуство во борбата против сиромаштија и социјална исклученост го ставаме на располагање тоа знаење и искуство. Нашата цел и директно барање е итно донесување на сеопфатна Национална стратегија против сиромаштијата, по примерот на Европската стратегија против сиромаштија, со која Европската комисија постави јасна цел за целосно искоренување на сиромаштијата до 2050 година. Состојбата во државата налага потреба од дефинирање на стратешка рамка за следење на мултидимензионалноста на сиромаштијата низ целиот животен век. Во време на тешки социо-економски предизвици, несериозно е државата да имплементира парцијални мерки кои не го решаваат проблемот и да промовира социјална помош која го гази човековото достоинство. Наспроти тоа бараме да се прекине пренесувањето на сиромаштијата низ животниот век преку обезбедување системска поддршка во сите критични транзиции, од детство кон младост, од младост кон вработеност и од работен век кон пензија. Оттука, Македонската платформа против сиромаштијата, по повод 17 Октомври - Меѓународен ден за борба против сиромаштијата, ги упатува следните барања до Владата: Итно спроведување на Европската гаранција за децата, универзален детски додаток и мерки за превенција на детската сиромаштија; Вклучување на домувањето во социјалните политики, со фокус на домувањето како човеково право, превенција на бездомништво, достапно домување за младите, заштита на граѓаните од нереалните цени на пазарот и незаконските пракси на правните субјекти; Развој на услуги за ранливите категории на граѓани, вклучително и вложувања за зголемување на пристапот до градинки, социјални услуги за деца со попречност и услуги за грижа и нега за стари лица; Намалување на сиромаштијата помеѓу вработените преку соодветна и доследна имплементација на механизмите за заштита и надзор врз работничките права; Усвојување на политики кои ќе ги намалат плаќањата од џеб на граѓаните во здравството; Развој на мерки за справувањето со сиромаштијата и социјалната исклученост кај постарите лица преку флексибилни патеки за пензионирање и соодветност на пензиите, поддршка за активно стареење и ефективен пристап до висококвалитетни услуги за нега и насочени интервенции за социјална инклузија. Националната стратегија против сиромаштија не може и не смее да биде уште еден документ без буџет и скриен во фиока. Таа треба да е документ од стратешко значење на Владата и институциите, кој ќе води кон структурно и системско искоренување на сиромаштијата и мора да е донесен инклузивно и транспарентно преку механизам за учество и следење од страна на граѓанските организации. Одбележувањето на 17 Октомври - Меѓународен ден за борба против сиромаштијата и реалната состојба на граѓаните се повод институциите да преземат одговорност за справување со сиромаштијата, заштита на правата, обезбедување соодветна социјална заштита и зачувување на достоинството на сите граѓани. Со поврзување на преживеаните искуства на луѓето со колективното дејствување и политичкото одлучување, можеме да изградиме општество во кое секој има моќ да учествува и каде што никој нема да биде изоставен. Конечно, НАМАЛУВАЊЕТО НА СИРОМАШТИЈАТА Е ПОЛИТИЧКА ОДЛУКА и директно зависи од креирање и имплементирање на соодветни, сеопфатни и достоинствени политики, кои не ја третираат сиромаштијата како случајност или личен неуспех, туку како системски проблем што може и мора да се реши! Во солидарност, Македонска платформа против сиромаштијата (МППС) – Сојуз на здруженија на граѓани со повеќе од 50 членови Мрежи, сојузи и коалиции: Родова платформа Коалиција МАРГИНИ Скопје Мрежа за заштита од дискриминација Мрежа на даватели на социјални услуги Национален младински совет на Македонија Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство Платформа за одржливост на сервисите за превенција и поддршка за ХИВ Мрежа ИнклузиваМ Организации кои не се дел од горенаведените мрежи: Здружение за акција против насилство и трговија со луѓе „Отворена Порта“ Скопје Здружение на граѓани за промовирање и зачувување на културните и духовните вредности – Легис Скопје Здружение за одржлив развој и заштита на животната средина Гоу Грин Скопје Здружение на граѓани Еврохаб агенда МППСТагови: МППС Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗаврши експедицијата на „Врело“: Поставени три нови светски рекорди09:26Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11