Тричлена банда Бугари извршиле најголема измама во историјата на Британија, тешка 53 милиони фунти- депортирани се
1Тричлена банда Бугари извршиле најголема измама во историјата на Британија, тешка 53 милиони фунти- депортирани се
3Епидемија на непозната болест кај патници на огромен крузер- десетици имаат стомачни проблеми (ВИДЕО)
БМВ го криел 21 година автомобилот што никогаш не го продал- има V12 мотор и е долг 5,5 метри (ВИДЕО)
2БМВ го криел 21 година автомобилот што никогаш не го продал- има V12 мотор и е долг 5,5 метри (ВИДЕО)
АвтомобилизамНОВИОТ PEUGEOT 2008Енергичниот и агилен SUV, кој го покажува својот модерен дизајн и новите електрични перформанси со опсег до 406 kmPEUGEOT 2008 е бестселер на пазарот на SUV возила од В-сегментот повеќе од три години и сега направи нов чекор напред во однос на дизајнот, технологијата и електрификацијата. Поседува: Повеќе Allure со својот елегантен карактер и наметливиот SUV дизајн, Повеќе Emotion зад управувачот со неговиот неспоредлив i-Cockpit® 3D подобрен со централен 10-инчен екран со висока резолуција и одлично чувство на патот, Повеќе Excellence со ефикасноста на неговиот нов електричен мотор кој овозможува опсег до 406 km (комбиниран циклус WLTP) и неговите нови технологии во внатрешноста. Лансиран на крајот на 2019 година и со речиси 700.000 произведени примероци, PEUGEOT 2008 отсекогаш бил на тронот во однос на продажбата на SUV од В-сегментот во Европа, па дури и бил на врвот на таа листа во 2021 година. Успехот на овој модел особено се должи на е-2008, кој беше пионер во електрификацијата во својот сегмент од 2019 година, со повеќе од 75.000 произведени единици. Тој учествуваше со 17,4% од продажбата на верзиите во 2022 година, ставајќи го на подиумот на европската продажба на електрични SUV возила во В-сегментот. MATTHIAS HOSSANN, МЕНАЏЕР НА ДИЗАЈН ВО PEUGEOT: „Со новата 2008, PEUGEOT продолжува да го зајакнува својот технолошки и мачкаст идентитет. Доживејте го еден од клучните елементи на дизајнерската работа а тоа е поставувањето на предниот дел, што го представува светлосниот потпис во форма на 3 лавовски канџи.“ Клиентите на PEUGEOT 2008 се воодушевени пред сè од неговиот дизајн, генерално опишан како елегантен, моќен и робустен. Тие, исто така, ја ценат неговата разновидност и агилност, што го прави новиот 2008 SUV особено погоден за активни семејства. Новиот PEUGEOT 2008 се произведува во фабриката Vigo во Шпанија. Ќе биде пуштен во продажба во лето 2023 година со гама заснована на три верзии - ACTIVE, ALLURE, GT - и четири мотори, вклучувајќи го и новиот целосно електричен мотор со 115 kW/156 КС со опсег до 406 km (WLTP комбиниран циклус). Палетата ќе биде проширена во 2024 година со доаѓањето на нов хибриден мотор. ALLURE: самоуверен SUV дизајн за уште помоќен карактер. Стилот е во срцето на неговиот успех уште од самото лансирањето на PEUGEOT 2008. Предизвикот за дизајнерскиот тим на PEUGEOT беше дополнително да го зајакне карактерот со зголемување на статусот на SUV и постигнување успех на пазарот. JEROME MICHERON, ПРОДУКТ МЕНАЏЕР НА PEUGEOT: „Новиот PEUGEOT 2008 го потврдува движењето кон иднината и влегува во нова димензија, благодарение на неговиот дизајн, кој е повеќе SUV од кога било досега, поврзаност од новата генерација и уште поголем опсег за неговата 100% електрична верзија. Новиот е-2008 е опремен со најнова електрична технологија и овозможува опсег од над 400 km. Многу активен пазар, новиот PEUGEOT 2008 има се што е потребно за да остане на врвот на компактниот SUV подиум. Ќе продолжи да привлекува широк спектар на клиенти кои бараат одржливо искуство, совршено отелотворувајќи ги вредностите на PEUGEOT. " Во предниот дел, нов светлосен потпис на PEUGEOT По новата 508 лимузина и 508 SW, 2008 е вториот модел што го усвои новиот светлосен потпис на PEUGEOT. Ова се карактеризира со три вертикални светлосни канџи кои се интегрирани во сјајно црните додатоци на браникот на новата 2008. Комбинацијата ја нагласува моќниот карактер на 2008 и робустниот SUV дизајн. Сите верзии го имаат овој нов светлосен потпис. Во верзиите GT, впечатливиот ефект на трите лавоваски канџи е продолжен за прв пат во осветлувањето на Full LED предни светла преку употреба на три светлосни модули. Ова ги разликува верзиите GT од остатокот од гамата со тоа што им дава ексклузивен преден потпис. Револуционарен преден дел Новата 2008 има нов преден дел, на кој се наоѓа новиот амблем на PEUGEOT. Тој е поширок и вклучува специфична странична шема која се поврзува со предните светла и ја зајакнува вертикалноста и моќната положба на возилото. Кај верзијата ACTIVE, предниот дел е украсен со хоризонтална шема во сјајно црна боја. Кај верзиите ALLURE и GT, предниот дел има вертикална шема во иста боја како и каросеријата, која се протега до суптилни темни додатоци за да се зајакне вертикалноста на предниот дел. Бојата на каросеријата на моделот, исто така, овозможува решетката подобро да се интегрира во браникот за поцврст изглед. Во задниот дел, редизајниран светлосен потпис Новите LED задни светла на сите верзии кај новата 2008 ги редизајнираат симболичните три канџи што го карактеризираат задниот дел на PEUGEOT. Овде, тие се составени од три надредени хоризонтални двојни летви, фини и елегантни, кои придонесуваат за визуелно проширување на положбата на автомобилот. Светлата за возење наназад и индикаторите се исто така LED. Нови бои Модерната Selenium сива боја е избрана за боја за лансирање и е исто така бојата понудена во достапната палета. Новата Okenite бела, богата со сино-сиви нагласи, ќе ја нагласи софистицираноста на новата 2008. Верзијата GT стандардно доаѓа со црн двотонски покрив. Сите нови модели од 2008 имаат црни ретровизори, без оглед на избраната боја на каросеријата. Новата 2008 е достапна во шест бои на каросеријата: Selenium сива, Artense сива, Okenite бела, црна Perla Nera, Elixir црвена и Vertigo сина. Иновативен дизајн на тркалата Новата PEUGEOT 2008 има нови алуминиумски фелни со дизајн кој е поразличен во согласност со оние претставени на PEUGEOT 408. Достапни се неколку модели, во 16-инчни „NOMA“ (ACTIVE верзии), 17-инчни „KARAKOY“ (ALLURE и GT ) или 18-инчен „EVISSA“ (опционално на GT). Сите алуминиумски фелни имаат 4 краци, со печат на PEUGEOT во центар, кој елегантно ги крие навртките на фелните. Модернизирани ознаки на PEUGEOT Предните, страничните и задните ознаки кај новата 2008 добија нов фонт и нова Basalt сива боја. е-2008 има ознака „Е“ во дихроична сина и бела боја. Назад, монограмот на PEUGEOT се протега низ целата ширина на лентата на вратата на багажникот. Нови префинети ткаенини Сите верзии на новата 2008 имаат рефинети ткаенини за седишта, што илустрира вистински чекор напред, како новиот тапацир Alcantara достапен како опција кај верзиите GT. EMOTION: неспоредливиот PEUGEOT i-Cockpit® е поинтегрален од кога било за уживањето при возењето Клучен елемент во кабината, PEUGEOT i-Cockpit® е една од најсилните карактеристики на моделите на брендот. Со повеќе од 10 милиони продажби во последната деценија, тој е подобрен и модернизиран со новата 2008, за да се оптимизира неговата ергономија и уживањето при возењето. Нов дизајн за дигиталната инструмент табла Идеално лоциран на висина на очите, веднаш над управувачот, инструмент таблата за новата 2008 е дигитална кај верзиите ALLURE и GT. Неговиот 10-инчен дигитален дисплеј има нов дизајн и, кај верзиите GT, 3D дисплеј. Бојата на екранот, хиерархијата и распоредот на информациите може целосно да се прилагодат за да одговараат на преференциите на возачот. Во верзијата ACTIVE, 2008 сè уште има своја аналогна инструмент табла. 10-инчен централен екран на допир за сите нови модели на 2008 Сите модели на 2008 сега доаѓаат со 10-инчен централен екран на допир како стандард (претходно 7 инчи кај првите две нивоа на опременост). Може да се користи за контрола на функциите на радио и телефон (ACTIVE верзија) или најновата генерација на PEUGEOT i-Connect® и PEUGEOT i- Connect® напредните инфозабавни системи. Кај верзиите ALLURE и GT, централниот екран е HD технологија. Под централниот екран, копчињата во форма на дирките пијано се за брз пристап до функциите. Компактниот управувач во центарот на случувањата Компактниот управувач е карактеристика на PEUGEOT i-Cockpit® и десеткратно го зголемува задоволството при возење овозможувајќи единствена агилност и прецизност на движењето. Управувачот го прикажува новото лого во центарот и, каде што е соодветно, новата ознака GT на долниот дел од раб. Во него се сместени контролите за мултимедијалниот систем (аудио извори, телефон), како и контролата за гласноста на звукот. Софистицирано амбиентално осветлување кај верзијата GT Внатрешноста кај новиот 2008 GT има амбиентално осветлување кое може да се прилагоди во осум различни бои, од кои некои се нови, кои сега се координирани со оние на централниот екран на допир и го земаат предвид избраниот режим на возење. Нова мануелна контрола на менувачот Новите модели на 2008 со шест-степен мануелен менувач имаат ново копче на менувачот за подобрена ергономија. Новите модели на 2008 со автоматски менувачи сè уште го имаат новиот елегантен, практичен и дискретен менувач претставен во пролетта 2022 година. Grip control Новиот PEUGEOT 2008 доаѓа со Grip Control, кој обезбедува пристап до три режими на возење: песок, кал и снег. Во зависност од земјата, оваа понуда за grip control е комбинирана со гуми за сите сезони „3PMSF“. EXCELLENCE: нов стандард во електрификација и поврзување. На врв на модерноста, новата 2008 има намера да ги направи своите ефикасни електрифицирани мотори и клучните елементи за поврзување од последната генерација за привлекување нови клиенти. Уште поефикасен Е-2008 со домет од над 400 km Е-2008 е пионер на 100% електрични SUV возила во В-сегментот, со новиот мотор веќе усвоен од Е-208 и Е-308. Максималната моќност е зголемена за 15% од 100 kW/136 КС на 115 kW/156 КС, додека батеријата е зголемена од 50 kWh на 54 kWh. Големиот напор за ефикасност овозможува зголемувањето на перформансите да се надополни со зголемување на опсегот, кој достигнува до 406 km во споредба со 345 km претходно (мешовит циклус WLTP). На новиот PEUGEOT E-2008 достапни се два типа на вградени полначи кои одговараат на сите намени и на сите решенија за полнење: стандардно, еднофазен полнач од 7,4 kW и, како опција, трифазен полнач од 11 kW. Проценетите времиња на полнење од 20% до 80% се 30 минути на јавна точка за полнење (100 kW), 4 часа и 40 минути на ѕиден полнач (7,4 kW) и 11 часа и 10 минути од армиран приклучок (3,2 kW). Наскоро доаѓа нов хибриден погон кај 2008 На почетокот на 2024 година, новата 2008 ќе ја добие новата 48V HYBRID погонска група, која се состои од бензински мотор PureTech од новата генерација со 136 КС, заедно со нов електрифициран менувач со двојна спојка со 6 степени, кој вклучува електричен мотор. Благодарение на батеријата што се полни додека возите, оваа технологија овозможува дополнителен вртежен момент при мали брзини на моторот и до 15% помала потрошувачка на гориво. При градско возење, новата 2008 опремена со системот HYBRID може да работи повеќе од 50% од времето во електричен режим со 100% нула емисија. Палета на мотори за задоволување на сите потреби Покрај електрифицираните мотори опишани погоре, палетата на новата 2008 овозможува избор на бензински и дизел мотори кои му овозможуваат на секој клиент да го најде моделот што одговара на нивните потреби: ₋ PureTech 100: 3-цилиндричниот бензински мотор со волумен од 1,2 литри и 100 КС, опремен со систем Stop & Start, е комбиниран со 6-степен мануелен менувач. ₋ PureTech 130: бензинскиот мотор со 3 цилиндри и 1,2 литри со 130 КС со систем Stop &Start може да се комбинира со 8-степен автоматски менувач EAT8 или 6-степен мануелен менувач. ₋ BlueHDi 130 EAT8: 1,5-литарски дизел мотор со 130 КС, со 4-цилиндричен со систем Stop & Start, се комбинира со 8-степен автоматски менувач EAT8. Најновата генерација на поврзани информациски системи PEUGEOT Новата 2008 сега доаѓа со системот PEUGEOT i-Connect® како стандард, а сите верзии може да се вградат со системот PEUGEOT i-Connect® Advanced како опција. И двете се контролираат преку централниот 10-инчен екран на допир со висока резолуција, кој е лесно приспособлив, со повеќе прозорци со графички контроли или кратенки, многу лесен за користење и реагира како паметен телефон. Лесно е да поминете низ менијата од лево кон десно, нагоре и надолу за известувања или со допир со три прста за да се појави ѕидот на апликацијата. Лесно е да се вратите на главната страница во секое време со притискање на копчето во форма на дирките на пијано „Home“ под екранот. На горниот дел од екранот, постојан банер ги прикажува информациите за надворешната температура и времето, позицијата на страниците на графичките контроли, податоците за поврзување, известувањата и времето. Системот PEUGEOT i-Connect® овозможува целосна поврзаност преку безжично пресликување (Apple CarPlay/Android Auto). Технолошкото искуство е комплетно со PEUGEOT i-Connect® Advanced, опремен со TomTom поврзан систем за навигација со високи перформанси. Мапата се прикажува на целиот 10-инчен екран за лесна читливост. Системот се ажурира „преку воздухот“. Командата „OK PEUGEOT“ на PEUGEOT i-Connect Advanced, која користи гласовно препознавање на природен јазик, обезбедува пристап до сите барања поврзани со инфозабавните функции. За да им помогне на корисниците и да одговори на нивните прашања, системот интегрира документација и упатства. Повеќе USB приклучоци Новите верзии ALLURE и GT на 2008 сега имаат стандардно три USB-C приклучоци (два напред, еден зад) и еден USB-A приклучок (назад). Во верзијата ACTIVE, 2008 сè уште го има својот USB-C приклучок напред, додека E-2008 исто така има приклучок за USB-C и приклучок за USB-A одзади. Помоќен индукциски полнач за паметни телефони Новите верзии ALLURE на 2008 може да се вградат со опционален полнач за паметни телефони од 15W (претходно 5W). Оваа опрема е стандардна кај GT нивото на опременост. Сè уште се наоѓа зад вратичката на централната конзола и брзо го полни паметниот телефон кога се користи за безжичното полнење. Камери за помош при паркирање со висока резолуција Новите предни и задни камери за помош при паркирање кај новиот PEUGEOT 2008 сега овозможуваат слика со висока резолуција. Во зависност од нивото на опременост, новата предна камера со висока резолуција (заедно со системот за селедење на мртвата точка) сега е достапна како опција, обезбедувајќи слика од 360° од непосредната околина на автомобилот, вредна помош при паркирање. Бројни системи за помош при возење Покрај новите камери за помош при паркирање со висока резолуција (види погоре), новата 2008 на својот корисник му овозможува голем број уреди кои го прават возењето побезбедно и полесно... ₋ Приспособлив темпомат со функција Stop and Go и прилагодливо подесување на растојанието меѓу возилата. ₋ Автоматско сопирање при итни ситуации со предупредување за судир: детектира пешаци и велосипедисти, дење и ноќе, од 7 km/h до 140 km/h. ₋ Проширено препознавање и прикажување на сообраќајните знаци на дигиталната инструмет табла: знак за запирање, сообраќаен знак во еден правец, знак за забрана на претекнување, знак за крај на престигнување, покрај вообичаените знаци поврзани со брзината. ₋ Активно предупредување за ненамерно напуштање лента со корекција на лента. ₋ Driver Attention Alert, which detects impaired alertness over long periods of driving and at speeds above 65 km/h, by analysing micro-movements of the steering wheel. ₋ Следење на слепа точка. ₋ Подобрена тракција со Grip Control, која обезбедува пристап до три режими на возење: песок, кал и снег. Во зависност од земјата, оваа понуда за grip control е комбинирана со пневматиците за сите сезони „3PMSF“. Услугата за онлајн продажба Во зависност од земјата каде што се продаваат, новиот PEUGEOT 2008 може да се купи на веб-страната за онлајн продажба на брендот за 100% дигитално купување („Продавање преку Интернет“) што е целосно безбедно. Клиентите можат да го купат своето ново возило, да го разменат своето старо возило и да го финансираат купувањето од нивниот паметен телефон, таблет или компјутер. Секој клиент ќе има слобода да избере возилото да му биде доставено до дома бесплатно. Поврзани услуги PEUGEOT Easy-Charge овозможува пристап до различни решенија за полнење на електрични возила: [Text Box: СООПШТЕНИЕ] Бројни решенија за полнење дома или на работното место, преку широката гама на опрема (армиран штекер, ѕиден полнач, паметен ѕиден полнач итн.), дијагноза за проценка на електричната инсталација што треба да се обезбеди и најдоброто решение за полнење, како и конечната инсталација, благодарение на препорачаните партнери, üБатеријата на новата PEUGEOT е-2008 има гаранција 8 години или 160.000 km. PEUGEOT Easy-care е дизајниран да ги увери купувачите во процесот на откривање и да им помогне да уживаат спокојно во својот автомобил со: Нови симулатори и дигитални патувања кои ќе им помогнат да дознаат повеќе за тајните на електричната мобилност на веб-страната на брендот PEUGEOT, Приспособени договори за услуги и помош на пат, кои може да се вклучат во единствен финансиски пакет за да им овозможат на клиентите спокојно да уживаат во своето возило. И на крај, апликацијата за паметни телефони MyPeugeot® додава 3 нови функции со новата 2008: Виртуелна книшка за одржување која овозможува да се чуваат сите фактури и да се запамети листата на интервенции направени на возилото во мрежите, во електронска датотека. Покрај тоа што е еколошки, ова е многу корисно кога сакате да го препродадете Вашето возило и да ја зголемите неговата цена, со цел да овозможите доверба на идниот купувач и да обезбедите брза препродажба. Испраќањето однапред на патувањата направени до системот за навигација од далечина на Вашиот паметен телефон е еден од начините да заштедите време при стартување на Вашето возило. Исто како брзо наоѓање паркинг место на јавен пат откако патувањето ќе заврши. Да не зборуваме дека повеќе не треба да пишувате на тастатура за да се разберете и да доживеете несреќа. Навигацијата е претходно програмирана да ги анализира и извршува Вашите говорни инструкции. И со TomTom, мапирањето се ажурира целосно беспрекорно. Предвидете ги точките за да ги оптимизирате Вашите патувања, истовремено предвидувајќи го нивото на полнење што е достапно кога ќе пристигнете на Вашата дестинација. Бидејќи можете да ги планирате Вашите патувања во My Peugeot, можете да го наполните Вашето возило во најпогодно време и според достапноста на станиците за полнење. Патувајте спокојно и заштедете време без да се грижите за автономијата на Вашата батерија. Мy Peugeot го прави планирањето за Вас! Секогаш имате опција да започнете или да закажете поставување на темературата и да проверите, закажете, стартувате или одложите полнењето на батеријата од далечина. Едноставна гама За да им го олесни изборот на клиентите, гамата на новата 2008 е поедноставна, со три верзии: ACTIVE, ALLURE и GT, при што главната стандардна опрема е: ₋ ACTIVE: нов светлосен потпис во форма на 3 лавовски канџи напред и 3 двојни LED светла одзади, задна помош при паркирање, автоматски клима уред, електрични предни и задни прозорци, електрични надворешни ретровизори, PEUGEOT i-Cockpit® со 10-инчен централен екран на допир, USB - C проклучок напред. ₋ ALLURE: исто како ACTIVE + 17-инчни алуминиумски фелни „KARAKOY“, решетка во боја на каросеријата, помош паркирање напред и назад, PEUGEOT i-Cockpit® со 10-инчен дигитална инструмент табла и 10-инчен централен екран на допир со висока резолуција, инфозабавен систем PEUGEOT i- Connect® со целосна конекција за паметни телефони, 2 UBS-C приклучоци напред, 1 USB-C приклучок и 1 USB-A приклучок одзади... ₋ GT: исто како кај ALLURE нивото на опрема + Full LED предни светла, паркинг камера со висока резолуција, пристап и старт без клуч, електрично преклопување на ретровизори со осветлување за добредојде, покрив во Diamobd црна, монограми GT... Компактни димензии Новиот 2008 ги задржува истите надворешни димензии: должина 4,30 m, ширина 1,987 m (вклучувајќи ги надворешните ретровизорите), висина 1,55 m. Волуменот на багажникот е непроменет 434 литри (под полицата). Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканТричлена банда Бугари извршиле најголема измама во историјата на Британија, тешка 53 милиони фунти- депортирани сеТројца членови на бугарска криминална група, одговорна за најголемата измама во историјата на Велика Британија, се депортирани откако измамиле 53 милиони фунти од британските даночни обврзници.Тројца бугарски државјани, вмешани во најголемата измама со социјални бенефиции во британската историја, се депортирани, објави Дејли Меил. Стојан Стојанов, Патриција Панева и Галина Николова беа отстранети од земјата откако ја признаа својата улога во измама тешка 53,9 милиони фунти. Тие биле дел од криминална група која поднела илјадници лажни барања за „Универзален кредит“ (Universal Credit – систем за социјална помош). Основале три „фабрики за измами“ низ Лондон, каде што масовно изработувале фалсификувани платни листи, договори за закуп и пасоши, како и лажни писма од станоиздавачи, работодавачи и лекари. Панева, Стојанов, Николова и нивните соучесници, Ѓунеш Али и Цвета Тодорова, парите ги потрошиле на луксузни автомобили, брендирана облека и скапи часовници. Групата злоупотребила повеќе од 6.000 идентитети за да поднесе барања за „Универзален кредит“, а во текот на петгодишната измама користеле дури и имиња на деца кои живеат во Бугарија. Групата била откриена откако еден бугарски полицаец ги известил британските власти за појава кај криминалци во градот Сливен, кои одеднаш дошле до големи суми пари. Од петчлената група, двајца – Али и Тодорова – сè уште се наоѓаат во Велика Британија, а во тек се напори и тие да бидат депортирани. До минатиот месец, властите успеале да повратат околу 1 милион фунти од групата, а се обидуваат да наплатат уште 1 милион фунти – што е само мал дел од вкупно 54-те милиони фунти што ги украле. Тодорова (54) вратила само 18.000 фунти од вкупниот износ од 101.000 фунти што ѝ бил наложен за конфискација. Николова уплатила 941.000 фунти, Стојанов 8.500 фунти, а Панева 99.000 фунти. Обвинителот Герет Мандеј на рочиштето изјави дека сумите што се бараат се оние што властите можеле „реално да ги пронајдат“, при што еден член на групата признал дека префрлил „готовина во странство“. Тодорова го пропуштила јулскиот рок за враќање на парите, па сега на преостанатиот долг се пресметува камата. Кога кон крајот на септември беше прашана зошто не извршила плаќање, Тодорова се пожали дека е болна и одби да даде коментар. „Не сакам да зборувам за ова“, им рече таа на новинарите од „Дејли мејл“ (Daily Mail), обраќајќи им се од прозорецот на горниот кат. „Со оглед на мојата здравствена состојба, ова е веќе премногу. Никој не смее да доаѓа кај мене дома и да ме вознемирува за било што. „Во Обединетото Кралство има многу вакви случаи; мојот трае веќе пет години и луѓето постојано ме вознемируваат.“ Во јануари, весникот „Мејл“ (Mail) откри дека Тодорова продолжила да прима социјална помош и по излегувањето од затвор. Таа се пријавила за добивање на „Универзален кредит“ (Universal Credit – систем за социјална помош) заедно со нејзиниот сопруг, за кого вели дека добива 1.300 фунти месечно. По објавувањето на нашата сторија, Министерството за труд и пензии започна ревизија, а подоцна соопшти дека таа ќе мора да ги врати средствата што ги примила како социјална помош по излегувањето од затвор. Во едно претходно интервју, дадено од нејзиниот дом во Ерит, југоисточен Лондон, Тодорова се фалеше со својот животен стил, кој всушност се финансира од парите на даночните обврзници. „Ми се допаѓа овде, добро е и ми помогна. Од 30 декември повторно примам социјална помош“, изјави таа. „Тоа се околу 200 фунти месечно. Немам право на работа. Мојот сопруг добива над 1.000 фунти месечно преку ’Универзалниот кредит‘.“ Во друга прилика, Тодорова се фалеше дека британските власти тешко ќе можат да ѝ го запленат имотот, бидејќи поголемиот дел од него се наоѓа во странство. Таа изјави: „Станот во кој живееме во Лондон е изнајмен. Имаме куќа со две спални соби во Бугарија, која обвинителството ја проценило на 90.000 фунти, но тие не можат да ја чепнат. „Ние сме во брак и куќата се води на име на двајцата. Мојот сопруг нема никаква поврзаност со случајот.“ Коментирајќи ја депортацијата на Панева, Стојанов и Николова, министерката од Министерството за внатрешни работи (Home Office), Ана Тарли, изјави: „Овие измамници ја измамија јавноста и ја злоупотребија великодушноста на Обединетото Кралство. „Нивното отстранување испраќа јасна порака дека странските криминалци кои ги прекршуваат нашите закони ќе бидат протерани од земјата.“ „Бројот на отстранети странски државјани кои сториле кривични дела е на највисоко ниво во последните речиси десет години, а ние продолжуваме да го зајакнуваме системот за да го олесниме отстранувањето на оние што немаат право да бидат овде.“ Лилијан Гринвуд, министерка задолжена за измами, иновации и податоци, изјави: „Ако крадете од системот за социјална заштита, треба постојано да се осврнувате зад себе. Ќе ве пронајдеме и ќе се соочите со последиците, исто како што тоа го дознава Стојан Стојанов. Секоја фунта украдена од оние што го злоупотребуваат системот е фунта одземена од некој на кого таа навистина му е потребна. Токму затоа се погриживме тој да ги врати парите во државната каса.“ Тодорова, теоретски, се соочува со казна затвор во траење до пет години доколку не постапи според налогот за конфискација.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СудбинаДве и пол години имале 250.000 евра на дофат, но немале поим- конечно провериле старо лото ливчеДвојка од германската покраина Саксонија-Анхалт ја доби својата награда од 250.000 евра две и пол години подоцна, соопшти германската државна лотарија.Извлекувањето се одржа во април 2024 година, а бидејќи двојката играше анонимно и без картичка за лојалност, лотаријата не можеше директно да ги контактира добитниците, па затоа беше започнато јавно пребарување четири недели по извлекувањето, објави Билд. Го зедоа билетот на патување Според лотаријата, билетот стоел на полица во областа Витенберг сè додека двојката не одлучила да го провери. Добитниците неодамна отпатуваа во Магдебург и го однесоа стариот билет во седиштето на лотаријата, каде што беше потврдено дека освоиле повеќе од 250.000 евра. Портпаролката на лотаријата, Астрид Веслер, изјави дека на добитниците им треба време да го сфатат шокот. Тие не знаат како ќе ги потрошат парите Таа рече дека сите клучни информации останале читливи иако билетот бил оштетен со текот на времето. Рокот за подигнување на оваа награда беше до крајот на 2027 година. Парите се префрлени на сметката на победникот, а според портпаролката на лотаријата, двојката сè уште нема конкретни планови и сè уште не одлучила на што ќе ги потроши. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаРоманскиот „Џек Мевосек“ убивал ескорт дами- сега му е изречена казна Романскиот „Џек Мевосек“ Николај Митреа, познат по прекарот „Чакалот“, е осуден на доживотен затвор за убиство на две млади жени во округот Констанца, Романија.Пресудата е изречена на првостепено судење. Судот во Констанца, исто така, наложи исплата на повеќе од 300.000 евра граѓанска отштета. „Случајот со Чакалот од Констанца, маж обвинет за убиство на најмалку две девојки со цел да ги ограби, и кој имал посебна опсесија со жени кои работеле во проституција, стигна до првостепена пресуда. Досудени се повеќе од 300.000 евра граѓанска отштета, како и две казни за тешко убиство - едната од 30 години затвор, а другата од доживотен затвор. Како резултат на тоа, обвинетиот ќе отслужи доживотна казна“, изјави адвокатот Адријан Кукулис. Злосторства што ја потресоа Констанца „Чакалот“ е обвинет за убиство на Делија (34), жена од Тулчеа, која работела како ескорт, во изнајмен стан во Мамаја Норд на 2 јули 2024 година. По убиството, тој го украл нејзиниот автомобил и го продал во Бугарија, додека го заложил накитот на младата жена. Нејзиниот сопруг пријавил дека е исчезната, но полициските службеници ја одложиле истрагата. На крајот на август, тој наводно извршил уште едно убиство, користејќи го истиот образец. Неговата втора жртва била Дениса (28), која исто така работела како ескорт, објавува „Обсерватор“. Снимките од безбедносните камери го покажуваат осомничениот неколку дена по убиството во автомобилот на жртвата, во бар во градот Синое, откако претходно го напуштил нејзиното тело. Тој се обидувал да го продаде автомобилот. Полицијата го уапсила во септември, по сообраќајна несреќа. Тој ја изгубил контролата врз автомобилот на жртвата, удрил во столб и се превртел. Никулај Митреа е во притвор од септември. Додека беше зад решетки, тој се соочи со нови обвиненија: кај него беше пронајден импровизиран нож, а тој испрати писма до роднините за да ги усогласат нивните изјави. Тој се обиде да избегне казна и да ја префрли одговорноста за злосторствата врз малолетниот син на неговата девојка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08