АвтомобилизамНовиот Opel Grandland пристигна во Македонија!Новиот Opel Grandland во Македонија, Hybrid, 136КС, Edition ниво на опременост за 32.990 €Јубилејна година за генералниот увозник „Еуроимпекс“ . 35 години стабилен раст и развој, со јасна визија за иднината. Новиот Opel Grandland беше промовиран на македонскиот пазар, во просториите на својата матична куќа - продажниот салон на Opel Македонија на 11.2.2025 година Овој грандиозен модел претставен во својата промотивна Copper боја, ги пречека присутните со сите свои новитети, гордо истакнувајќи ја новата генерација Vizor маска поставена во 3D, со илуминирано лого пресликана од прототипот “Opel Experimental“. Новитет кој за прв пат е претставен кај Opel и воопшто кај некој модел од целата Стелантис групација, како и илуминирано име на брендот од задната страна давајќи му еден уникатен светлосен потпис во Edge Light технологија. Пристапувањето кон возилото со Welcome home или оддалечувањето со bye-bye анимација креира wow ефект кој го издвојува од околината. “Grand” ефектот се постигнува со зголемените пропорции на возилото со +17 cm поголема должина и +11 cm поголемо меѓуосовинско растојание од предходникот кои обезбедуваат поголем простор на задната клупа и 550 литри багажен простор. Чистиот дизајн пак преовладува по цела должина на возилото, без кровни шини за постигнување на одличен коефициент на аеродинамика од Cx28, ослободен од хром во форма на украсни лајсни или капачиња, со втиснато име на вратата од багажникот. Присутните одблиску се запознаа со новиот SUV во гамата на опел и воедно ја добија и ексклузивната информација за промотивната цена на Новиот Opel Grandland. Ние сме навистина горди на овој грандиозен C-SUV модел. Кога велиме грандиозен, не мислиме само на неговите надворешни димензии, грандиозноста се огледува во секој еден детаљ на оваа креација, грандиозен дизајн, чувство на грандиозност при управување, грандиозен стил, а истовремено чист и елегантен. Тоа е новиот Opel Grandland – Изјави Ана Јовановска, Менаџер за медиуми и односи со јавност во Еуроимпекс. Продукт Менаџерот за Опел, во Еуроимпекс – Драган Јовев изјави: „за што се залагаме во Опел во моментот...ние сме прогресивен и возбудлив Германски бренд. Новиот Opel Grandland скока нанапред вон своето време. Сега созреан, просторен и премиум... достоен на своето име. Карактеристиките на моделот се изведени од столбовите на кои е поставен брендот: - Смел и чист дизајн - Чисто кокпит искуство - Германско тежнеење кон извонредност - Гриновација И додаде: „Со новиот Grandland целиме во срцето на горниот C-SUV сегмент нудејќи БЕЗБЕДНОСТ на традиционалните купувачи, ПРОСТОР и ФУНКЦИОНАЛНОСТ на семејствата и ТЕХНОЛОГИЈА и СТИЛ на прогресивните купувачи. На нашиот пазар овој модел ќе го понудиме во хибридна изведба од 1 36КС со Edition ниво на опременост, по одлична цена од 32.990€!“ Ги повикуваме сите заинтересирани да закажат тест возење или да ги посетат продажните места на Opel во Македонија. Нашиот тим стои на располагање, а за повеќе информации посетете ја веб страната www.opel.mk Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
МакедонијаСиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во ДаблинПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска, ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин, Ирска.На настанот, што се одржува во рамки на ирското претседателство со Советот на Европската Унија, е предвидено учество на над 50 европски шефови на држави или влади и лидери на клучни европски и меѓународни институции. Со состанокот ќе ко-претседаваат претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта и ирскиот премиер, Михал Мартин.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
МакедонијаСДСМ: Кривични пријави против СДСМ, Мицкоски панично ја штити Алта - банката на ВучиќКривични пријави против СДСМ, Мицкоски панично ја штити банката на Вучиќ од истрагата во Србија.Го натера Славески да ги поднесе кривичните пријави против претседателот на СДСМ, Венко Филипче, Александар Саша Димитријевиќ, Андреј Жерновски и Александар Трајановски. Граѓаните знаат дека Мицкоски сè работи по налог на Вучиќ, како што беше внесувањето на Aлта банка во Македонија, неговата лична пералница на пари. Овој пат го презема неговиот модел на кривични пријави, притисок и заплаашување на опозицијата. Тоа што Вучиќ го правеше сега Мицкоски го прави против опозицијата во Македонија. Copy-paste. Македонија станува заробена држава. СДСМ 11 месеци предупредува за Алта и дека не смее да се дозволи. Мицкоски и Славески внесоа во Македонија забранета банка во Европа, под санкции во Австрија, со забранет влез во Црна Гора и под истрага за потекло на имот. Банкарот на Вучиќ стана банкар на Мицкоски. По информациите за истрага во Србија, стечај, одземање на лиценцата и апсење на Давор Мацура, стана јасно каква пералница на пари донесоа. И што направија? Веднаш ја обвинија СДСМ за ширење паника. Не ширеше СДСМ паника туку Славески и Мицкоски кои велеа дека се е во ред. Тие се виновни што ја донеса оваа криминална банка во земјава. Сега прават притисок со кривични пријави, сакаат да не замолчат, по рецепт на Вучиќ. Тоа нема да им успее. Ајде да видиме дали Обвинителот Савески ќе биде дел од ова и ќе стане соучесник на оваа организирана криминална група. Вчера на надзорната расправа во Собранието Мицкоски лажеше пред македонската јавност за да се оправда со Aлта банка. Изнесе гнуасни лаги дека СДСМ ја внела Алта банка. Затоа ќе одговара. Мицкоски, доаѓа крај на твоите лаги. Твоето копирање и служење на твојот шеф Вучиќ знаеш каде води. Сега нема назад. Вистината веќе се гледа. Доаѓа времето на правдата. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПолитико: НАТО го ревидира своето воено планирање, се очекува договор во февруариСојузниците во НАТО започнале преговори за најголема ревизија на своето воено планирање во последните две децении.Сојузниците во НАТО започнале преговори за најголема ревизија на своето воено планирање во последните две децении, при што приоритет е обезбедување доволно капацитети за потенцијален судир со Руската федерација, наместо обезбедување воено присуство во други мисии како што е КФОР во Косово, пренесува светскиот медиум Политико. Европски претставници во повеќе наврати предупредија на можноста за руски напад на територијата на нато до 2029 година, А според нацрт-документот, сојузниците до февруари треба да постигнат конечен договор. Оваа промена нема автоматски да влијае на тековните мисии на НАТО, како што е во Косово, тврди Политико, меѓутоа, од сојузниците ќе се бара или да обезбедат доволно сили за водење голема европска војна или присуство во тековните мисии но не и двете истовремено. Сегашниот фокус на северноатлантската алијанса надвор од својата територија е воглавно на Косово, Ирак и Авганистан, меѓутоа, руската инвазија врз Украина го пренасочи приоритетот кон одбрана на Европа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter