Новиот опасен ТикТок предизвик „летечки Супермен“ ги полни болниците со повредени основци - Канал 5

Новиот опасен ТикТок предизвик „летечки Супермен“ ги полни болниците со повредени основци

Откако во Србија се појави морничав и многу опасен тикток предизвик наречен „игра на гушење“, сега се појави уште еден, не помалку опасен предизвик, таканаречениот предизвик „летечки супермен“.

Новиот опасен ТикТок предизвик „летечки Супермен“ ги полни болниците со повредени основци

Она што е спорно за него е начинот на кој се изведува и ризикот од сериозни последици што може да ги предизвика, што често доведува до скршеници, објави Телеграф.

Едно видео кое се појави на српскиот тикток покажува како учениците го изведуваат овој предизвик за време на училишните часови. Како што можете да видите, девојчињата, една по друга, трчаат и скокаат на прекрстените раце на двајца врсници кои цело време стојат таму, а кои потоа, откако нивните другарки ќе им паднат во прегратка, ги фрлаат колку е можно подалеку.

@tala.alostwani slomila sam zglob… @nola @𝔵𝔞𝔬𝔪𝔦 #malapalma #tiktok #fyp ♬ Watch mee - Sensei

Покрај овој „успешно“ завршен предизвик, на споменатата платформа има многу примери каде што тие се несмасно изведени, па јасно е дека самото изведување на најновиот популарен тикток предизвик може да има сериозни и болни последици.

Посебната опасност на „летечкиот супермен“ е всушност тоа што двајцата задолжени да го прифатат третиот, доколку не успеат да го направат тоа во вистински момент, можат да го фрлат на подот, па предупредија самите креатори на оваа содржина дека учеството во оваа активност, може да предизвика еден од актерите да биде тешко повреден.

Да потсетиме, пред овој предизвик во Србија, сериозна загриженост кај возрасните и родителите предизвика предизвикот „игра на гушење“ во кој се снимаат малолетници како го задржуваат здивот додека не се онесвестат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Посебен режим на сообраќај во Скопје

Денес во официјална посета на Република Македонија ќе престојува претседателот на Владата на Република Косово, г-дин Албин Курти. 

Посебен режим на сообраќај во Скопје

Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на подрачјето на град Скопје.

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 26. август 2026 година

Дневен хороскоп за среда, 26. август 2026 година. 

Дневен хороскоп за 26. август 2026 година

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Ќе бидете концентрирани на саканата личност и ќе настоите да и игодите во секој поглед. Сепак не заборавајте се себеси.

Кариера

Можеби некои други се сега центар на случувањата на работното место , но вие својата работа пропдолжувате да си ја работите во мир и тишина.

Здравје и совет

Не очекувајте чуда.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Заведувањето ќе ви биде секојдневно хоби , а денеска преку него ќе се надмудрувате со другата страна.

Кариера

Веројатно ќе ви текне интересна идеја , но сепак ќе треба да знаете кому да му ја претставите.

Здравје и совет

Мали преодни грижи.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Немојте премногу да сонувате зашто принцот(принцезата) на коњ би можела да ви избега.Подобро држете ги очите ширум отворени.

Кариера

Вашата потреба за слобода денеска ќе се засили , и како што ќе минува денот , така се помалку ќе ви се работи.

Здравје и совет

Подобро да трчате отколку да озборувате.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Колку и да се трудите , ќе чувствувате празнина во душата , а љубовниот живот ќе ви биде недокажан.

Кариера

Пред вас се нови и многубројни работни задачи. Ќе мора да работите повеќе и најдобро е да почнете веднаш.

Здравје и совет

Држете се до своите принципи.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Ќе бидете малку лути , зашто другата страна не ве разбира , но тоа е резултат од вашите преголеми очекувања.

Кариера

Ако малку подобро погледнете што се случува околу вас ,ќе најдете на работата многу причини за задоволство.

Здравје и совет

Подготвени сте за акција на работното место.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе поработите на комуникацијата со саканата личност. Така својот однос уште повеќе ќе го унапредите.

Кариера

Кога се работи за деловните односи, денеска многу работи доаѓаат на вистинското место.

Здравје и совет

Покажете се што знаете.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Во случај да се посомневате во себеси , свртете се и погледнете ги луѓето околу вас. Преку нив ќе видите дека се е во ред.

Кариера

Го ценат вашиот труд , а особено сега на почеток на новите анализи или пописи. Почнувате да ги согледувате резултатите.

Здравје и совет

Ќе има чудни сништа.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Некои ќе флертуваат со личност која едноставно не е од нивен ранг. Ќе биде тоа вистинска утопија за двете страни.

Кариера

Можете да бидете среќни што некој од соработниците ви прогледува низ прсти. Истовремено , вашите критичари не спијат.

Здравје и совет

Морате да се приберете.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Идеализам , сонување и фантазирање – сето тоа ќе го доживеете денеска. Бидете подготвени.

Кариера

Без оглед што сте направиле некои грешки , денеска ќе го одвоите и нагласите она доброто што сте го направиле.

Здравје и совет

Не ги критикувајте другите, прво погледнете се себеси.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Ќе се двоумите дали да излезете надвор на атрактивно место или да останете дома и да уживате со партнерот во пријатна вечера. И едното и другото е добро за вас.

Кариера

Вашиот стил на работење веќе на сите им е препознатлив, но сега и други ќе ве прашуваат за совет или упатство.Помогнете им.

Здравје и совет

Не ви треба совет , знаете на што сте.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Како што ќе минува денот , полека ќе паѓаат сите маски , а вас тоа ќе ве радува зашто по природа сте отворени.

Кариера

Со тактичност и дипломатија можете да постигнете вреден договор со шефовите. Без тактичност можно е само надмудрување.

Здравје и совет

Бидете паметни.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Би можеле денеска да излезете и убаво да си поминете. Нема да има сензации , но ритамот на друштвениот и личниот живот е поволен.

Кариера

Почнува период во кој нема да ги држите конците во свои раце , па затоа продгответе се .

Здравје и совет

Размислувате за диета.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драган Даниловски вечерва во „Вести Плус“

Вечерва во „Вести плус“ гостин ќе биде Драган Даниловски

Драган Даниловски вечерва во „Вести Плус“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер