Новиот клинички центар ќе чека подобри времиња, 8-ми септември ќе прерасне во регионален центар

Изградба на нов Клинички центар е ставена на пауза.

Подоборување на статусот за универзитетска клиника која има добра инфраструктура е градската општа болница „8 Септмеври“, каде со законски измени ќе има реформирање на болницата да стане регионален центар за лекување со цел да се намали притисокот на Клиничкиот центар Мајка Тереза. Заради тоа и оваа болница има изголемување на буџетот 30 милиони евра. Во оваа болница ќе има онколошки дел, но ќе се отвараат и нови оддели, изјави денеска на прес конфренција директорот на ФЗОМ Сашо Клековски.

На голем дел од јавното здравство се зголемија буџетите со цел да има подобра услуга кон пацинетите. Клековски рече дека ќе биде затегната и контролата во болниците со цел да се контролира трошењето на парите. Контрола ќе има и во лабораториите. За 100 милиони евра е зголемен буџтетот за јавните установи.

Новина е дека во дел од клиниките ќе има нова терипија пред се во психијатриските болници и установи. А исто така буџетот е зголемен и на Детската клиника со цел да се намали возраста на деца кои примаат трикафта и за шест годишна возраст. На дигестивната клиника се подготвува програма за трансплантација на црн дроб од жив донор, воведување на баријатрична хиругрија кај обезни пациенти, а на урологија ќе се реновира центарот за трансплантација.

Гундоган незадоволен од ремито со Брајтон

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Илкај Гундоган го сподели своето мислење за ремито со Брајтон (2:2) во 29. коло од Премиер лигата.

- Откако двапати бевме во водство и одигравме навистина добро, штета што не освоиме три бода. Во вториот дел, откако го примивме вториот гол, почувствувавме дека ја загубивме самодовербата и вербата. Се разбира, грешките се случуваат дури и на ова ниво. Мислам дека имавме добра недела на тренинзи. Сакаме да ја пренесеме оваа моќ и енергија на натпреварите, изјави Гундоган за „Би-би-си“.

Манчестер Сити со 48 бодови останува на петтото место на табелата во Премиер лигата.

Брајтон со бод помалку (47) е седми на првенствената табела. /МИА

Протест на стотици Гренлаѓани против политиката на Трамп кон островот

Стотици луѓе на Гренланд протестираа денеска против плановите на американскиот претседател Доналд Трамп за освојување на арктичката територија, јави ДПА.

„Наша земја. Наш избор. Нашата слобода“, напиша на Фејсбук, Јенс-Фредерик Нилсен, лидер на централно-десничарската партија „Демократи“ како одговор на фотографиите од демонстрациите во главниот град Нук.

Претходно неделава претдедателот Трамп ја повтори својата идеја Гренланд да се приклучи на САД. Тој со месеци зборува дека сака да ја преземе контролата врз Гренланд, кој е дел од Данска.

На состанокот со генералниот секретар на НАТО Марк Руте во Белата куќа во четвртокот, американскиот претседател дополнително го разгоре прашањето кога одговори на новинарско прашање за неговите планови за можна анексија.

„Мислам дека тоа ќе се случи“, рече Трамп, нагласувајќи го големото стратешко значење на островот и фактот дека Данска е многу далеку од него.

Пратениците во Гренланд реагираа со бес. Ова е „целосно неприфатлив“ пристап, изјави актуелниот шеф на владата Муте Егеде за гренландскиот весник „Сермицијак“ за време на денешниот митинг во Нук.

Луѓето излегоа на улиците и во другите градови на островот. /МИА

Агенции на ОН добиле прашалник од САД да се изјаснат дали имаат антиамерикански уверувања

 Агенциите за пружање помош на Обединетите нации добиле прашалник од САД во кој се бара да наведат дали имаат „антиамерикански“ верувања или припадности.

Помеѓу 36-те прашања на формуларот испратени од Канцеларијата за менаџмент и буџет на САД (OMB), во кои увид имал Би-Би-Си, едно прашање е дали тие имаат некаква врска со комунизмот.

Прашалникот им бил доставен на некои од најголемите хуманитарни организации во светот, како што се Агенцијата на ОН за бегалци и Меѓународниот комитет на Црвениот крст.

Агенциите на ОН стравуваат дека потегот на ОМБ е знак дека САД планираат целосно да се повлечат од хуманитарната работа или дури и од Обединетите нации.

САД веќе ја напуштија Светската здравствена организација, и тоа уште на првиот ден од вториот мандат на Доналд Трамп како претседател на САД.

Американскиот државен секретар Марко Рубио неделава објави дека се суспендирани огромно мнозинство од програмите на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД).

Анкетите покажуваат дека повеќето Американци веруваат дека нивната земја троши премногу за странска помош./МИА

притисни ентер