Началникот на Генералштабот на Армијата на состанок на началниците на генералштабовите на земјите членки на Иницијативата за соработка во одбраната – DECI
1Началникот на Генералштабот на Армијата на состанок на началниците на генералштабовите на земјите членки на Иницијативата за соработка во одбраната – DECI
СветНовиот ирански претседател е кардиолог, син на Азер и Курдка, и ги поддржува сите малцинства Неговиот триумф најверојатно ќе биде поздравен од светските сили кои се надеваат на помирен пристап кон меѓународната заедница со која Иран е во расправија околу неговата нуклеарна програма и поддршката за паравоените организации во регионот.Хина Новиот ирански претседател, умерениот политичар Масуд Пезешкијан, ги подигна надежите на милиони Иранци кои сакаат повеќе социјални слободи и попрагматична надворешна политика, откако вчера, во вториот круг од претседателските избори, го победи тврдокорниот Саед Џалили. Неговиот триумф најверојатно ќе биде поздравен од светските сили кои се надеваат на помирен пристап кон меѓународната заедница со која Иран е во расправија околу неговата нуклеарна програма и поддршката за паравоените организации во регионот. Пезешкијан успеа да победи на бранот на поддршката од средната класа и младите, кои се погодени од долгогодишната репресија од страна на исламистичкиот режим. Овој 69-годишен кардиолог вети дека ќе води попрагматична надворешна политика, ќе ги намали тензиите во преговорите за нуклеарната програма и ќе донесе социјална либерализација во општеството, како и политички плурализам. Според иранскиот двоен систем на свештеничка и републиканска влада, претседателот не може сам да донесе големи промени бидејќи врховниот лидер, ајатолахот Али Хамнеи, сè уште го држи клучот. Но, претседателот може да влијае на тонот на иранската политика и ќе биде важен фактор во изборот на наследник на 85-годишниот Хамнеи. Пезешкијан е лојален на иранската теократска влада и нема намера да им се спротивставува на моќниците на безбедносниот апарат и свештенството. Во телевизиските дебати и интервјуа, тој вети дека нема да ја оспорува политиката на Хамнеи. -Доколку се обидам, а не успеам да ги исполнам предизборните ветувања, ќе се збогувам со политиката и нема да продолжам. Нема смисла да си ги трошиме животите и да не му служиме на нашиот драг народ, им порача Пезешкијан на гласачите. Враќајќи се во јавноста по долгогодишната политичка изолација, реформистичкиот табор предводен од поранешниот претседател Мохамад Хатами го поддржа Пезешкијан на изборите распишани по смртта на тврдокорниот претседател Ебрахим Раиси, кој загина во хеликоптерска несреќа во мај. Ставовите на Пезешкијан често пати беа спротивни од оние на Раиси. Поранешниот ученик на Хамнеи го зајакна надзорот врз жените кои не ги следат правилата за облекување и зазеде поостра линија во преговорите со светските сили. Пезешкијан, исто така, вети дека ќе ја оживее пропаднатата економија, уништена од лошото управување, корупцијата и американските санкции. Пратеник од 2008 година, Пезешкијан е син на Азер и Курдка и ги поддржува правата на сите малцинства во Иран. Тој често го критикуваше задушувањето на политичкиот и општествениот отпор во земјата. Но, некои Иранци веруваат дека тој нема да може да донесе многу промени поради силата на Хамнеи и неговите сојузници. Во 2022 година, новиот претседател побара објаснување од властите во врска со смртта на Махса Амини, која почина во затвор откако наводно го прекршила кодексот на облекување, што предизвика протести низ целата земја.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
НБАВидео: Дончиќ повторно во „судир“ со судиитеКошаркарите на Јута ги совладаа Лос Анџелес Лејкерс со 109:97 во изминатата ноќ, а во преден план повторно изби Лука Дончиќ.Но, не поради играта на теренот туку поради расправии со судиите. Сè започна на полувремето, кога словенечкиот ас дофрли нешто кон еден од судиите, кој се сврте и го праша: „Што рече?“. Сепак, Дончиќ не реагираше на тоа, туку едноставно продолжи кон соблекувалната. The ref just ran up to Luka Doncic at the half and was held back by an assistant Luka looked CONFUSED as hell 😭 https://t.co/mSds4Jeeoo — LakersCenter (@LALakersCenter) November 19, 2026 Напнатоста меѓу Дончиќ и тројцата судии продолжи во третата четвртина, кога на клупата на Лејкерс ѝ беше досудена техничка грешка. Тогаш Дончиќ се сврте кон Даника Баруда и можеше да се слушне како вели: „Не се работи за тебе“, на што му беше одговорено дека не знае кога да застане. Целата оваа ситуација лошо влијаеше на Дончиќ, поради што Лејкерси без вистинскиот Лука беа поразени од Јута. Езерџиите на тој начин ја прекинаа низата од девет победи, а Јута неочекувано го забележа само трет триумф во сезоната. Гостите ги предводеа Кијонте Џорџ со 30 поени и Ејс Бејли со 19 поени. Лука Дончиќ го заврши натпреварот со 29 поени, но не успеа да пронајде ритам во шутот, погодувајќи само два од 12 обиди за три поени.Тагови: НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНачалникот на Генералштабот на Армијата на состанок на началниците на генералштабовите на земјите членки на Иницијативата за соработка во одбраната – DECIНачалникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, утре во Тирана, Република Албанија, ќе учествува на редовниот годишен состанок на началниците на генералштабовите на земјите членки на Иницијативата за соработка во одбранатаНачалникот на Генералштабот на Армијата на состанок на началниците на генералштабовите на земјите членки на Иницијативата за соработка во одбраната – DECI (Defence Cooperation Initiative) Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, утре во Тирана, Република Албанија, ќе учествува на редовниот годишен состанок на началниците на генералштабовите на земјите членки на Иницијативата за соработка во одбраната – DECI (Defence Cooperation Initiative). На состанокот ќе присуствуваат и високи воени претставници на НАТО и ЕУ, меѓу кои заменик-командантот на Здружената команда на НАТО во Неапол, командантот на мултинационалните копнени сили, командантот на КФОР и командантот на ЕУФОР. Во фокусот на дискусиите ќе бидат актуелните безбедносни предизвици во регионот, воената соработка во рамките на DECI и НАТО, како и можностите за продлабочување на одбранбената соработка и заедничките обуки. За време на работните сесии, генералот Лафчиски ќе има свои излагања во кои ќе ја потврди посветеноста на нашата држава кон колективната безбедност и улогата на Армијата во рамките на оваа иницијатива, како сигурен партнер во зачувувањето на мирот и стабилноста на Балканот. На крајот од конференцијата ќе се утврди динамиката за следните заеднички проекти, а началниците на генералштабовите ќе потпишат заедничка изјава за соработка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
КултураВечерва на сцената на Македонската филхармонија два оркестра, два града „Профундис“ од Скопје и „Камерата“ од Нови Сад вечерва за првпат заедно на сцената на Македонската филхармонија, под диригентската палка на маестра Ѓурѓица ДашиќСКОПЈЕ, 19.11.2026: Вечерва, во 20:00 часот, во Големата сала на Македонската филхармонија, Камерниот оркестар „Профундис“ од Скопје и оркестарот „Камерата“ од Нови Сад ќе настапат како еден голем музички состав, под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ. Музичарите од двата града ја споделуваат сцената во изведба во која оркестарот е вистинскиот главен актер. Наместо два ансамбли што настапуваат еден покрај друг, публиката ќе слушне една музичка целина, изградена од искуствата, изведувачките сензибилитети и уметничката енергија на двата оркестри. „За мене, посебната вредност на овој концерт е во тоа што на сцената нема да имаме два оркестри кои само настапуваат еден покрај друг, туку два ансамбли кои преку заедничката работа создаваат една музичка целина. Соработката со Камерата ни овозможува да го прошириме музичкиот простор, да ја почувствуваме силата на поголемиот ансамбл и да создадеме изведба во која оркестарот е вистинскиот главен актер. Верувам дека публиката ќе ја препознае енергијата, посветеноста и музичката комуникација што стојат зад овој проект“, вели маестра Ѓурѓица Дашиќ, основач и диригент на „Профундис“. Вечерната програма обединува четири дела од различни епохи и стилови. Публиката ќе ја доживее возвишената и полифонична звучност на „Фантазија на тема од Томас Талис“ од Ралф Вон Вилијамс, ритмичката динамика и современиот израз на „Последен круг“ од Освалдо Голијов и „Свита за гудачки оркестар“ од македонскиот композитор Стојан Стојков, а вечерта ќе ја заокружи темпераментната и виртуозна „Свита Кармен“ од Жорж Бизе, во оркестарска обработка на Родион Шчедрин. Од суптилноста на музичките линии до ритмичката енергија и драматичните контрасти, секое дело носи поинаков предизвик и ја покажува ширината на изразните можности на заедничкиот ансамбл. Со ваквите проекти, „Профундис“ продолжува да ја развива својата уметничка мисија, да воспоставува меѓународни соработки и да ја збогатува концертната сцена со внимателно осмислени музички продукции.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45