Новиот Хјундаи Елантра ќе дебитира на 17 март

Хјундаи новата генерација на моделот Елантра најпрвин ќе ја претстави во САД.

Корејскиот произведувач го објави тизерот за новата генерација на Елантра која ќе има онлајн премиера во вторник. Силуетата на новиот модел најавува значително поразличен дизајн на автомобил во однос на актуелниот модел и подинамичен изглед на надворешноста.

Погледот во внатрешноста открива минималистички обликувана патничка кабина со голем централен екран на мултимедијалниот систем и минимум физички команди. Повеќе детали ќе бидат познати во наредната седмица, по официјалната премиера на новата Елантра.

притисни ентер