ЖивотНовиот филм на Дејвид Бекам за УНИЦЕФ: Насилството ги обележува децата засекогаш! (ВИДЕО)Новиот филм во кој настапува амбасадорот на добрата волја на УНИЦЕФ, Дејвид Бекам, ја нагласува итната потреба да се стави крај на насилството врз децата. Секои пет минути, како резултат на насилство умира по едно дете!Новиот филм со силна порака, во кој настапува амбасадорот на добра волја на УНИЦЕФ, Дејвид Бекам, започна да се прикажува денеска, за да ја илустрира бруталната реалност за физичката и психичката злоупотреба која може засекогаш да ги обележи децата. Во новиот едноминутен филм на УНИЦЕФ, сцени од насилство врз децата се појавуваат како анимирани тетоважи на телото на Дејвид Бекам. Додека личните тетоважи на Бекам се белези избрани да претстават среќни или важни спомени, милиони деца носат белези кои не ги избрале: долготрајни лузни од насилство и злоупотреба. Анимациите во филмот ги прикажуваат сите пречести форми на насилство кои момчињата и девојчињата ги трпат на места каде што треба да се безбедни - дома, на училиште, на интернет и во заедницата. Бекам вели: „Кога започнав со мојата фондација наречена „7“ со УНИЦЕФ, се обврзав да направам сè што можам за светот да стане побезбедно место за децата и да го кренам гласот за работите што имаат разорно влијание врз нивниот живот. Една од тие работи е насилството. Секои пет минути, по едно дете умира од насилство некаде во светот. Уште неколку милиони се во опасност од физичка, емоционална и сексуална злоупотреба што може засекогаш да им го уништи детството. Минатата година, со УНИЦЕФ ја посетив Камбоџа, каде што сретнав и слушнав деца кои раскажуваа за ужасното насилство што го доживеале. Бев шокиран од она што го чув и видов како насилството може да остави длабоки и трајни лузни. Ниедно дете не треба да го трпи тоа. Сепак, во сите делови од светот, дома, на училиште и на улица, децата трпат слично насилство. Се надевам дека овој нов проект ќе привлече внимание врз овој итен проблем и ќе инспирира акција. Насилството врз децата е погрешно и заедно треба да му ставиме крај.“ Со помош на У-извештајот, алатка за пораки што им овозможува на младите да известуваат за прашања што го засегаат нивниот живот, Дејвид Бекам ги покани младите да одговорат на прашања за насилството врз децата.У-извештајот е алатка со која им се овозможува на младите да одговараат на прашања на своите мобилни телефони, а на УНИЦЕФ веднаш да ги собере тие одговори и бргу да ги искористи со владите и другите клучни партнери, за да потпомогне креирање на политики и промени во корист на децата. Одговорија повеќе од 190.000 „У-репортери“ од 22 земји. Две третини од нив изјавија дека лично доживеале физичко или вербално насилство, или дека познаваат некого што доживеал. На прашањето кој сметаат дека најчесто врши насилство, една третина одговорија дека тоа е полицијата или органите за спроведување на законот, 29 отсто рекоа дека тоа се нивните врсници, 28 отсто се изјаснија дека тоа е родителот или старателот, а 9 отсто ги посочија наставниците. Околу 80.000 У-репортери дадоа предлози за она што може да се направи за решавање на насилството во нивните заедници. 24-годишниот У-репортер од Филипините рече: „Ќе го кренам гласот за да ме чујат и да ги предупредам сите луѓе околу мене за она што се случува, и ќе побарам некој да помогне за да се стави крај, ако не можам сам да го направам тоа.“ Трагичните последици од насилството ги засегаат сите аспекти од животот на детето и може да се пренесуваат од генерација на генерација. Насилството врз децата носи сериозни трошоци за сите општества во секој регион на светот. „Насилството и злоупотребата земаат ужасен данок на животот и иднината на децата - повредувајќи го нивното тело, поткопувајќи ја нивната емоционална благосостојба, па дури и попречувајќи го здравиот развој на нивниот мозок“, изјави извршниот директор на УНИЦЕФ, Ентони Лејк. „Кога ги штитиме децата од насилство, спречуваме лични трагедии - и промовираме посилни, постабилни општества. Благодарение на моќните заговорници како Дејвид Бекам, и поткрепени со гласот на самите деца и млади, ние градиме импулс за ставање крај на насилството врз децата насекаде.“ Насилството не е неизбежно. УНИЦЕФ укажува на седум докажани стратегии кои може да помогнат за искоренување на насилството врз децата. Тие се: јакнење на ставовите со кои се поддржува ненасилство; спроведување на законите; создавање безбедна средина за децата; поддршка на родителите и старателите; зголемување на семејните приходи за намалување на сиромаштијата; зајакнување на социјалните услуги и опремување на децата со животни вештини. Дејвид Бекам и УНИЦЕФ ги повикуваат луѓето да го споделат новиот филм на социјалните медиуми. По 10 години како амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ, Дејвид Бекам го започна 7: Дејвид Бекам-Фонд на УНИЦЕФ во февруари 2015 година, заложувајќи се за помагање на најзагрозените деца во светот. Подоцна истата година, Бекам ја посети Камбоџа, каде сретна деца кои претрпеле насилство и злоупотреба. Трогнат од приказните што ги слушна, Бекам потоа беше во Обединетите нации и ги повика светските лидери да ги стават децата, особено најобесправените, во центарот на новите Цели за одржлив развој. Најновите достапни статистички податоци покажуваат неверојатни нивоа на насилство врз децата: • Секои пет минути, како резултат на насилство умира по едно дете. • Приближно една од 10 девојки на возраст од 20 години, или 120 милиони девојки во светот, доживеале сексуално насилство. • Секоја година, речиси една милијарда деца - или 6 од 10 деца во светот - на возраст од 2 до 14 години, се предмет на редовно физичко казнување од своите старатели. • Една третина од учениците на возраст меѓу 13 и 15 години во светот, редовно се малтретираат. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
СветВо МААЕ се загрижени поради иранскиот објект за збогатување ураниум во Исфахан МААЕ не ја знае точната локација или статус на иранскиот објект за збогатување ураниум во Исфахан, ниту дали содржи нуклеарен материјал. Иран го прогласи објектот минатата година, но сè уште не им дозволил пристап на инспекторите, според извештајот на Меѓународната агенција за атомска енергија што го виде Ројтерс. Недостатокот на информации и неможноста за проверка на нуклеарниот материјал се сериозна загриженост во врска со нуклеарната пролиферација, се вели во извештајот. Иран не им дозволил на инспекторите да се вратат во нуклеарните објекти што Израел и САД ги бомбардираа во јуни минатата година, објави Ројтерс. Меѓу целите беше мрежа од тунели во Исфахан, за која дипломатите веруваат дека го содржи Иранскиот објект за збогатување гориво (IFEP). Директорот на МААЕ, Рафаел Гроси, претходно изјави дека значителна количина од високо збогатениот ураниум на Иран веројатно се наоѓа во комплексот на тунели во Исфахан. Агенцијата повторно го повика Иран да обезбеди податоци за своите нуклеарни објекти и залихи на високо збогатен ураниум, како и да им дозволи на инспекторите да се вратат на бомбардираните локации.Тагови: МААЕ ураниум Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветФБИ заплениле криптовалути, вредни 1,2 милијарди долари- биле украдени од платформата Бајненс Федералното истражно биро на САД (ФБИ) соопшти дека запленило повеќе од 1,2 милијарди долари во криптовалути, кои се пријавени како украдени минатиот месец од Binance, најголемата светска берза за криптовалути.Кражбата од околу 6,3 милијарди долари од Бајненс се смета за најголема кражба во историјата на криптовалутите, а ФБИ претходно ја обвини севернокорејската хакерска група позната како TraderTraitor за тоа. Владата на САД и приватниот сектор досега колективно замрзнаа повеќе од 2,7 милијарди долари украдени средства, а Министерството за правда на САД во четврток соопшти дека сега добило судско одобрение да заплени или блокира повеќе од 1,2 милијарди долари од таа сума. Во такви случаи, владата на САД обично поднесува барање до судија за запленување на средствата, по што судијата утврдува кој има легитимно право да ги поврати повратените средства. ФБИ, исто така, ја обвини Северна Кореја за посебна измама со шверц на луѓе, за која официјалните лица велат дека довела до кражба на 400 милиони долари во криптовалути во текот на изминатите 18 месеци. Измамата, позната како FaceStealer, вклучува сложена низа активности што вклучуваат преземање контрола врз популарните апликации за пораки и снимање deepfake видеа. Американските претставници постојано ја обвинуваат Северна Кореја дека користи сајбер измами за собирање средства за режимот, вклучително и за нејзината програма за нелегално оружје.Тагови: ФБИ Бајненс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
МакедонијаМерцедес ги стопира вложувањата во Германија- можно е затворање на фабрики Mercedes-Benz ги суспендира сите понатамошни инвестиции во своите германски фабрики и ја разгледува можноста за затворање на фабрики.Одлуката е донесена по неколкумесечни преговори меѓу менаџментот и претставниците на работниците за намалување на трошоците, во кои досега нема напредок, пишува Handelsblatt. Тоа е нов знак за проблемите што ја оптоваруваат германската автомобилска индустрија. Високите трошоци за труд и производство им отежнуваат на производителите да се натпреваруваат со поевтините електрични и хибридни автомобили од Кина. Притисокот се чувствува и во Volkswagen, кој исто така спроведува големи намалувања на трошоците. Менаџментот го зголемува притисокот врз работниците Одлуката на Meрцедес беше објавена во интервју на интерниот портал на компанијата, до кој Handelsblatt имаше пристап. „Колективно одлучивме во менаџментот да ги запреме сите понатамошни инвестиции во германските фабрики“, рече членот на менаџментот задолжен за производство Михаел Шибе. Членот на одборот задолжен за човечки ресурси, Брита Зегер, рече дека, и покрај интензивните дискусии, решение сè уште не е на повидок. „Затоа, сега сме принудени конкретно и детално да разгледаме кои локации во Германија сè уште можеме да си ги дозволиме“, изјави таа. Тие бараат подолга работа за иста плата Во срцето на спорот се трошоците за работна сила. Менаџментот бара зголемување на продуктивноста, односно вработените да работат подолго за иста плата. Со запирање на инвестициите и отворање на можноста за затворање на фабриките, менаџментот врши дополнителен притисок врз работничкиот совет и синдикатот IG Metall да се согласат на промените. Според информациите од Handelsblatt, Mercedes сака да заштеди околу 800 милиони евра годишно во Германија. Менаџментот бара најмалку 38 работни часа неделно наместо сегашните 35, а исто така размислува за намалување или откажување на одредени дополнителни плаќања на вработените. Синдикатот се спротивставува на наметнувањето на 35-часовната работна недела. Затворањето на објектот во моментов е можност Конечната одлука за затворање на одредени фабрики сè уште не е донесена. Зегер рече дека компанијата сака да избегне таков исход, но дека сега мора подетално да ја разгледа оваа можност. Додека не се најде решение, понатамошните инвестиции во германски локации остануваат во мирување.Тагови: мерцедес фабрики Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook