Новиот договор со Хамилтон не е приоритет за Мерцедес - Канал 5

Новиот договор со Хамилтон не е приоритет за Мерцедес

Тимот на Мерцедес во Формула 1 соопшти дека причина за одложување на договорот со нивниот возач и актуелен светски шампион, Луис Хамилтон, е недостигот на време поради фокусираноста на натпреварите и развојот на болидите.

Новиот договор со Хамилтон не е приоритет за Мерцедес

Хамилтон и Мерцедес преговараа за продолжување на соработката уште минатата година, кога на јавноста и беше соопштено дека договорот наскоро треба да биде потпишан.

Потоа беше објавено дека договорот ќе биде потпишан до почетокот на сезоната, но и по пет трки се уште нема нова спогодба за продолжување на соработката.

- Ние не сакаме да го загубиме и мислиме дека ни тој не сака да го смени тимот. Се ќе биде како што треба, истакна првиот човек во тимот на Мерцедес, Тото Волф.

Според него не постојат пречки поради кои не би продолжила соработката, но дека во овој период има други приоритети.

- За да ги финализираме преговорите потребно е да се посветиме на тоа, потенцира Волф.

Договорот меѓу четирикратниот светски шампион и тимот на Мерцедес истекува на крајот од оваа сезона./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Талогот од СДС лажеше и за инфлацијата, еве како ширеа паника, додека инфлацијата од 5,7 падна на 2,3 проценти

Венко Филипче со месеци ја плаши јавноста со тврдења дека цените неконтролирано растат, дека инфлацијата се разгорува и дека Владата не успева да ја стави под контрола.

ВМРО-ДПМНЕ: Талогот од СДС лажеше и за инфлацијата, еве како ширеа паника, додека инфлацијата од 5,7 падна на 2,3 проценти

Но, за разлика од политичките прес-конференции на Филипче, бројките не можат да се приспособуваат според дневнополитичките потреби.

На 27 март Филипче тврдеше:

„Сведоци сме како цените на храната растат секој ден... сè е поскапено.“

На 22 април отиде уште подалеку, тврдејќи:

„Спиралата на раст на цените започна и тешко нешто сега може да го стопира.“

На 21 јуни повторно тврдеше дека Владата потфрлила во контролата на инфлацијата и посочи дека инфлацијата изнесувала 4,8 проценти, додавајќи дека „растот на цените е огромен“.

А на 14 јули Филипче повторно најавуваше нова спирала на поскапувања:

„Стагнира економијата, опаѓа животниот стандард, цените растат.“

И тврдеше дека покачувањето на горивата ќе донесе „дополнително активирање на спиралата на поскапување насекаде“.

Само неколку недели подоцна, официјалните бројки покажуваат сосема поинаква слика од онаа што Филипче ја претставуваше пред граѓаните.

Според податоците прикажани од Државниот завод за статистика, инфлацијата во март 2026 година изнесувала 4,9 проценти, во април 5,7 проценти, во мај 4,8 проценти, во јуни се намалила на 3,4 проценти, а во јули паднала на само 2,3 проценти.

Значи, токму во периодот кога Филипче зборуваше за спирала која „тешко нешто може да ја стопира“, инфлацијата од априлскиот максимум од 5,7 проценти се намалува на 2,3 проценти во јули.

Тоа е пад од 3,4 процентни поени за само три месеци.

Уште појасна е споредбата со периодот кога СДС беше на власт.

Во периодот март–јули 2022 година просечната инфлација изнесувала 12,34 проценти, додека во истиот период од 2026 година изнесува 4,22 проценти. Разликата е огромни 8,12 процентни поени.

Кај цените на мало разликата е уште поголема: просекот март–јули 2022 година изнесувал 12,1 проценти, додека во истиот период во 2026 година е 3,88 проценти, односно 8,22 процентни поени пониско.

Ова се бројки, а не политички квалификации.

Филипче во април велеше дека спиралата на раст на цените започнала и дека тешко може да се запре. Во јули тврдеше дека цените продолжуваат да растат и најавуваше дополнителна спирала на поскапувања.

Официјалната статистика, пак, покажува дека инфлацијата се движи во спротивна насока – од 5,7 проценти во април, преку 4,8 проценти во мај и 3,4 проценти во јуни, до 2,3 проценти во јули.

Тоа е најдобриот одговор на политиката на страв и создавање лажна слика во јавноста.

Филипче може секојдневно да зборува дека цените „се вивнуваат“ и дека инфлацијата неконтролирано расте, но на крајот остануваат фактите.

А фактите покажуваат дека инфлацијата паѓа, дека во јули е повеќе од двојно пониска од април и дека просечната инфлација во периодот март–јули 2026 година е за 8,12 процентни поени пониска отколку во истиот период во 2022 година.

Толку за економските прогнози и „спиралите“ на Венко Филипче.

Официјалните податоци на Државниот завод за статистика се најдобриот демант.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стојчевски: Во Штип се распродава земјата за бизнис интересите на ВМРО - бараме итно поништување на огласите

Општина Штип водена од градоначалникот на ВМРО – Иван Јорданов, започна со распродажба на земјата во сопственост на државата.

Стојчевски: Во Штип се распродава земјата за бизнис интересите на ВМРО - бараме итно поништување на огласите

Повторно на мета се познатите штипски “Печурки”. Таму постојат правни субјекти од кои граѓаните со години егзистираат.

Затоа прашуваме:

- Дали имате согласнот за изградба на шеснаесеткатница, од граѓаните кои работат таму и ги прехрануваат своите семејства?

- Дали како градоначалник ги прашавте и лично разговаравте со нив?

- ⁠Дали ви се поважни бизнис интересите од егзистенцијата на граѓаните?

Начинот на кој се распишани огласите и условите кои се поставени, времето во кое се објавуваат, среде сезона на годишни одмори, како и фактот дека ова не е првпат да се објавуваат отвораат сериозни сомнежи дека целата постапка се подготвува за однапред познати интереси.

Зошто инаку по трет пат се објавува оглас со промена на условите?

Очигледно целта е бизнис партнерите на Мицкоски и ВМРО да добија земја по багателни цени од 1600 денари по метар квадратен за потоа да тераат бизниси си згради.

Затоа бараме: огласите огласите за продажба на градежно земјиште во сопственост на државата во Штип да се поништат.

Државното земјиште не е приватна сопственост на ВМРО-ОКГ и не смее да биде ставено во функција на ничии бизнис-интереси.

Јавноста има право да знае зошто условите се менувале и кому му одговараат сегашните услови?

Кој ќе профитира од изградбата на зградите?

Дали условите се кроени така што ќе одговараат на однапред определени компании?

Ова се прашања на кои власта мора да одговори пред да биде продаден и еден квадратен метар државна земја.

Додека тоа не се направи, огласите мора да бидат поништени.

Очигледно сè е бизнис за ВМРО. Со водата тераат бизнис. Струјата – бизнис.

Сега и државната земја за изградба на згради – бизнис.

Македонија не е на продажба.

Државното земјиште не е партиски плен.

YouTube video

Прес конференција на СДСМ, Трајче Стојчевски,претседател на СДММ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јамалов: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со конкретни инвестиции го развива туризмот и ја позиционира Македонија како се поатрактивна туристичка дестинација

Развојот на туризмот е еден од стратешките приоритети на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. 

Јамалов: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со конкретни инвестиции го развива туризмот и ја позиционира Македонија како се поатрактивна туристичка дестинација

Во изминатиот период се реализираат бројни инфраструктурни и развојни проекти кои имаат за цел да ја подобрат туристичката понуда, да ја зголемат поврзаноста на државата со регионот и Европа и да создадат нови можности за локалниот економски развој.

Еден од најзначајните проекти е изградбата на брзата железничка пруга Скопје – Солун, која ќе претставува најголем инфраструктурен проект не само за Македонија, туку и за целиот регион на Југоисточна Европа. Со нејзиното завршување, патувањето до Солун значително ќе се скрати, што ќе овозможи побрз пристап до морето и ќе придонесе за зголемен број туристички посети во двата правци. Истовремено, Гевгелија ќе се развие во значаен туристички и економски центар, а со проширувањето на граничниот премин ќе се олесни движењето на патниците и туристите.

Паралелно се реализираат и повеќе проекти во Гевгелија кои директно придонесуваат за развојот на туризмот. Во тек е изградбата на западниот булевар, кој ќе го подобри сообраќајното поврзување, се реставрира заштитената стара чаршија со цел повторно да стане препознатлив симбол на градот, а се привршува и изградбата на браната Конско. Со нејзиното ставање во функција Македонија ќе добие ново вештачко езеро, кое отвора можности за развој на рекреативен, спортски и викенд туризам. Дополнително, се реконструира и патот до ски-центарот Кожуф, со што се создаваат услови оваа туристичка дестинација повторно да стане атрактивна за домашните и странските посетители.

Значајни резултати се постигнати и во авиосообраќајот како важен сегмент за развојот на туризмот. Преку програмата за субвенционирање нови авиолинии, од есента 2024 година досега се обезбедени 21 нова авионска дестинација од скопскиот и охридскиот аеродром. Новите линии кон градовите како Барселона, Дубаи, Неапол, Милано, Будимпешта, Виена, Краков и други европски центри ја прават Македонија достапна за странските туристи и придонесуваат за зголемување на туристичкиот промет.

Во исто време се инвестира и во модернизација на аеродромската инфраструктура. Реконструкцијата на охридскиот аеродром е во завршна фаза, со нов терминал, нова административна зграда и проширување на капацитетите за прием на патници и авиокомпании. Резултатите веќе се видливи, при што охридскиот аеродром забележува рекорд со повеќе од 3.000 опслужени патници во еден ден.

Почитувани,

Сите овие инвестиции се дел од јасна стратегија за развој на туризмот преку подобра инфраструктура, поголема поврзаност и создавање нови туристички содржини. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на реализација на проекти кои ќе ја направат Македонија уште поатрактивна туристичка дестинација, ќе го поттикнат локалниот економски развој и ќе донесат нови можности за граѓаните и стопанството.

YouTube video

Александар Јамалов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер