Новиот „Џон Вик“ со рекордни 137,5 милиони долари заработка во првиот викенд (ВИДЕО) - Канал 5

Новиот „Џон Вик“ со рекордни 137,5 милиони долари заработка во првиот викенд (ВИДЕО)

John Wick: Chapter 4 заработи 73,5 милиони долари на американскиот бокс офис во првиот викенд.

Новиот „Џон Вик“ со рекордни 137,5 милиони долари заработка во првиот викенд (ВИДЕО)

Филмот дебитираше на првото место и на секој од 71 пазар каде што беше објавен, заработувајќи неверојатни 137,5 милиони долари ширум светот, пишува Variety.

Домашното отворање ја надмина заработката од првиот филм, Џон Вик од 2014 година (14 милиони долари), како и Џон Вик 2 од 2017 година (30 милиони долари) и Џон Вик: Поглавје 3 - Парабелум од 2019 година (56 милиони долари). Според Холивуд Репортер, четвртиот дел го означува и најголемото домашно отворање на Лајонсгејт во ерата на пандемијата, како и едно од најдобрите досега во 2023 година. Тие додаваат дека само девет франшизи во изминатите 40 години успеале да постават рекорди за првиот викенд со нивното четврто продолжение.

Во режија на Чад Стахелски, филмот од 2 часа и 49 минути е преполн со вообичаениот хаос, насилство и морбиден хумор што ја дефинира оваа акциона франшиза. Во актерската екипа се Кијану Ривс, Дони Јен, Бил Скарсгард, Лоренс Фишбурн, Хиројуки Санада, Шамиер Андерсон, Рина Савајама, Иан Мекшејн и Ленс Редик, кој почина на почетокот на месецов.

YouTube video

Што се однесува до другите филмови, Shazam! Fury of the Gods заработи 9,7 милиони долари во вториот викенд или 122,4 милиони долари во странство.

Scream VI на Paramount и Spyglass се искачија на третото место со 139,3 милиони долари ширум светот. Creed III на MGM следи на 4-то место со вкупно 140,9 милиони долари дома до недела, или 100 милиони долари во странство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Нов инфраструктурен проект во Гази Баба преку владината програма за поддршка на општините

Изјава за медиуми на претседателот на Владата, Мицкоски од посетата на Општина Гази Баба.

Мицкоски: Нов инфраструктурен проект во Гази Баба преку владината програма за поддршка на општините

„Добар ден и од мене. Јас сум исклучително задоволен што можам да присуствувам на почеток на уште еден проект којшто е финансиран од онаа програма којашто ја имавме од Владата за децентрализација на средства од централниот буџет кон општините. Важно е што со овој проект речиси ова населено место ќе добие канализација онака како што треба да има во 21 век и јас сум навистина среќен што можам ваков тип на проекти коишто додаваат квалитет во животот на луѓето да ги отпочнуваме заедно со градоначалниците и заедно да ги пуштаме во употреба со граѓаните.

Би сакал да ја искористам оваа прилика да му честитам на градоначалникот за посветената работа којашто ја врши овде во Општина Гази Баба, да се заблагодарам на поддршката на советниците кои ја поддржуваат неговата работа, се разбира и на вработените во општината коишто ја подготвуваат оваа документација којашто е неопходна за изработка на ваков тип на проекти. Да се заблагодарам на пратениците од Македонското собрание коишто се борат за проект повеќе за Општина Гази Баба.

Добро е што веќе размислуваат градоначалниците и проектираат нови проекти за следниот повик кога ќе биде отприлика некаде втората половина од следната година, за да можеме и од тој повик постепено да реализираме проекти.

Така што јас уште еднаш сакам од овде да ги поздравам реализирањето на вакви проекти и да посакам уште многу вакви проекти во периодот којшто следи да реализираме, бидејќи суштината е таа, на една влада и на една локална самоуправа да испорача во рамките на можностите, некогаш и повеќе, како што тоа и ние го правиме од можностите коишто ги имаме да реализираме за граѓаните.

Уште еднаш благодарам и благодарност до медиумите што нè следите во сите овие иницијативи.“

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Чистка во Пекинг: Исклучени 33 члена од Комунистичката партија

На Петтиот пленум на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина, 33 члена беа исклучени од партијата, откако истрагите покажаа дека тие извршиле сериозни прекршувања на дисциплината и законот.

Чистка во Пекинг: Исклучени 33 члена од Комунистичката партија

На состанокот, кој се одржува секоја година, присуствуваа 279 полноправни членови, а со него претседаваше кинескиот претседател Си Џинпинг. Тој поднесе извештај за работата на Партијата и за прашања поврзани со подобрување на партиското управување, пренесува „China Radio International“.

Меѓу исклучените се поранешниот генерал Џанг Јусија и поранешниот секретар на Партијата во Ксинџијанг, Ма Сингруи, двајцата претходно беа обвинети за корупција.

Исто така, се наведува дека Пленумот ја повикал Комунистичката партија уште поцврсто да се обедини околу Централниот комитет – на чие чело е Си Џинпинг – да се посвети на доброто управување и зајакнувањето на државата, како и да го унапреди сеопфатното и строго партиско управување.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Жерновски: Дали Скопје станува станица за трансфер на црни пари на Вучиќ до Москва преку Алта банка?

„Не зборува за криминалот, за криминалните пари и за тоа кој овозможи Алта банка да влезе и кои сега овозможуваат пари да се трансферираат од Белград до Скопје и преку Скопје до Москва“, рече Жерновски.

Жерновски: Дали Скопје станува станица за трансфер на црни пари на Вучиќ до Москва преку Алта банка?

Андреј Жерновски, Секретар за меѓународна соработка и член на Извршниот одбор на СДСМ, на денешната прес-конференција побара итни одговори од премиерот Христијан Мицкоски, гувернерот Трајко Славески и Обвинителството за информациите за трансфери на пари преку Алта банка од Србија во Македонија. Тој го отвори прашањето дали Скопје станува станица за натамошен трансфер на пари кон Москва.

„Не зборува за криминалот, за криминалните пари и за тоа кој овозможи Алта банка да влезе и кои сега овозможуваат пари да се трансферираат од Белград до Скопје и преку Скопје до Москва“, рече Жерновски.

Тој посочи дека, според информациите на кои се повикува СДСМ, станува збор за трансфери од над 50 милиони евра, за кои премиерот и гувернерот треба да дадат одговори пред јавноста.

„Верувале или не, според последните информации коишто доаѓаат од соседна Србија, од централата на Алта банка во Белград се префрлаат фрапантни над 50 милиони евра во Алта банка Македонија“, истакна Жерновски.

Според него, Мицкоски и Славески се најповикани да објаснат што се случува, поради нивната улога во влезот на банката во државата.

„Да не заборавиме дека влезот на Алта банка во Македонија е со знаење, со одобрување и со одлука токму на Мицкоски и на Трајко Славески и затоа тие се најповикани да одговорат што се случува денеска, бидејќи одговорот на тоа прашање го очекуваат не само нашите граѓани, туку го очекуваат сите и во регионот. Но тука упорно се молчи“, нагласи тој.

Жерновски соопшти и дека до СДСМ пристигнале информации од свиркачи за притисоци врз институции, вработени и компании што добиваат тендери да работат преку Алта банка.

„Во меѓувреме, ова е крајно сериозен податок: преку свиркачи, СДСМ дојде до информација дека наназад, по влезот на Алта банка во Македонија, институциите во Македонија, вработените во тие институции и компаниите коишто добиваат тендери се терани усно да работат преку Алта банка“, рече Жерновски.

Тој предупреди на сериозноста на овие наводи и побара институциите да престанат да молчат.

„Гледаме молк, што е исто така многу страшно, и од гувернерот Трајко Славески. Гледаме молк и од обвинителството и затоа денешната прес-конференција е крајно сериозна“, посочи Жерновски.

На крајот, тој порача дека избегнувањето одговори нема да ги затвори отворените прашања.

„Стратегијата на Мицкоски е јасна. Тој молчи затоа што мисли на тој начин дека ќе помине сето ова, секое чудо за три дена и така натаму“, рече Жерновски, додавајќи: „Така што, му сугерираме да не молчи, туку веднаш да излезе пред граѓаните и да каже за потеклото на овие криминални пари.“

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер