ЗдравјеНовини во Мој Термин – се воведуваат два нови упати „Итен 24" и „Упат без термин"Министерството за здравство соопшти дека со Управата за електронско здравство воведуваат новини во националниот систем Мојтермин.Со цел подобрување на здравствената евиденција и поедноставување на работата на здравствените работници, но пред се заради оптимизација на процесот на упатување на пациентите и побрзо добивање на услугата која им е потребна. Најзначајната новина, што се воведува се два нови упати, од кои првиот тип е „Итен 24", кој ќе се издава доколку лекарот кој врши преглед утврди дека пациентот заради неговата состојба (животозагрозувачка/итна состојба) е неопходно да биде прегледан од специјалист, односно супспецијалист или да му биде извршена одредена дијагностичка процедура во рок од 24 часа. Вториот тип на упат се нарекува „Упат без термин" и се користи во случај кога пациентот има потреба од преглед, поврзан со остварување одредено право и прегледот треба да се изврши во следните седум дена. Овој тип на упат ќе се користи доколку во установата каде се упатува пациентот не постои слободен термин во следните седум дена за т.н. регуларен преглед. Имено, упатот без термин нема да се користи за прв преглед, туку за остварување права и обврски на осигурениците од задолжително здравствено осигурување и тоа за: препорака за боледување, препорака за користење хронична терапија и издавање ортопедски помагала, остварување право на БПО, остварување други права за кои е потребно мислење од специјалист/супспецијалист/ конзилиум на лекари и преглед/аплицирање терапија, која поради здравствената состојба треба да се изврши во рок од 24/48/72 часа Во делот на болничко работење се воведува нова мерка, со која отпусното писмо задолжително ќе се издава на денот на испишување на пациентот од болница, а најдоцна во рок од 24 часа. Доколку за пациентот се чека хистопатолошки наод се издава отпусно писмо со работна дијагноза, а по добивање на резултатите и отпусно писмо со конечна дијагноза, стои во соопштението од Министерството за здравство. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести73-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска18:0073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска15:15Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:1043 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00Странските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
Македонија73-годишен маж е петтата жртва од западнонилска трескаПо 22 дена борба со вирусот на нилска треска, 73 годишен скопјанец почина на клиниката за инфективни болести. Тој е петтата жртва од нилска треска. Во моментот хоспитализирани се 21 пациент, кај 18 е потврдена инфекцијата на вирусот и невроинвазвина форма, а додека тројца се сметаат за сомнителни, потврдуваат од клиниката за инфективни болести. На клиниката најмладиот пациент има 24 години, помладите пациенти имаат полесна клиничка слики, возраста и целокупната здравствена состојба има големо влијанине каков тек ќе има инфекцијата, објаснува доктор Цана. Според него 80 проценти од потенцијалните инфицирани пациенти се асимптоматски или со лесна клиничка слика и не бараат болничко лекување. Нилската треска ги полни и инфективните болници во Европа. Во Италија има 311, Грција 157. Голем број европски земји кои немале случаи на нилска треска или биле во мал број оваа година се на мапата на нилската треска. Случаи на нилска треска има и во Германија, Франција, Австрија и Холандија. Во Македонија има вкупно 43 случаи. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПретрес во Струмица, пронајдени оружје и муниција, лишено од слобода едно лицеНа 21.08.2026 во 06:30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Ѓ.Р.(58) од Струмица. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени пиштол „Црвена застава“ калибар 9 мм, 187 парчиња муниција за пиштол, 40 парчиња муниција за пушка, две рамки за пиштол и една воздушна пушка, за кои постои основано сомнение дека неговиот син Д.Р.(33) ги поседувал без документација. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по документирање на случајот ќе биде поднесен кривична пријава.Тагови: оружје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести73-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска18:0073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска15:15Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:1043 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00Странските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
МакедонијаПревентивни активности СВР Штип и СВР СкопјеНа 21.08.2026 на Градскиот стадион во Штип, во пресрет на фудбалски натпревар, Отсекот за превенција при СВР Штип спроведена кампања „Навивај безбедно за нашиот клуб“. Активноста насочена кон подигнување на свеста кај навивачите и сите посетители за значењето на спортското и фер навивање и на тој начин да се придонесе за создавање безбедна спортска атмосфера, спречување на нарушувања на јавниот ред и мир, насилство, недолично однесување и други инциденти пред, за време и по завршувањето на натпреварот. Во непосреден контакт со граѓаните, посебен акцент беше ставен на одговорното однесување на младите навивачи и почитувањето на упатствата од организаторите и полициските службеници. На 21.08.2026 во вечерните часови на подрачјето на општина Зрновци, полициски службеници од ОВР Кочани реализираа соседска патрола, при што беа остварени повеќе средби со граѓани на кои беше дискутирано за повеќе области од секојдневното живеење, безбедноста на младите, спречување на меѓуврсничко насилство, одржување на стабилтен јавен ред и мир и други. Денеска (22.08.2026), полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со претставници на Дирекцијата за заштита и спасување, на подрачје на Полициското одделение Мирковци – општина Чучер Сандево реализираа превентивна активност за заштита од пожари. Притоа, во разговор со жителите беше потенцирано дека е потребна континуирана соработка со надлежните институции и задолжително пријавување на несовесно однесување, како што се фрлање и палење ѓубре, палење на стрништа, палење оган на отворен простор и во близина на шумски појаси, фрлање на отпушоци и слично, со цел брза и навремена реакција на институциите. Покрај тоа, граѓаните беа информирани и за законските одредби и санкции особено во поглед на законскaта регулатива која го опфаќа делото „Предизвикување општа опасност“, регулирано во Кривичниот законик по член 288, со што се предвидува казна затвор од шест месеци до пет години. За време на активноста на жителите им се делеше пропаганден материјал за заштита од пожари.Тагови: Превентивни активности Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter