Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
1Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
КултураНовинарска проекција и прес на филмот „Врба“ пред повеќе од 80 медиуми од светот (видео)Денеска, во Аудиториумот Парко дела Музика, каде се одвива третиот фестивалски ден на Римскиот филмски фестивал, за време на новинарската проекција на филмот „Врба“ на Милчо Манчевски беше преполно.На прес скринингот присуствуваа повеќе од 80 светски медиуми, меѓу кои и најрелеватните италијански медиуми. На проекцијата, покрај новинарите присуствуваа и студенти од факултетите по Историја на уметност и од Факултетите за драмски уметности од Рим. Салата беше преполна до последното место. Веднаш по новинарската проекција, беше одржана конференија за печат на која присуствуваа режисерот Милчо Манчевски и трите хероини од „Врба“, актерките Сара Климоска, Наталија Теодосиева и Камка Тоциновски. „Луѓето се исти, без оглед каде и кога живеат. Она што нам ни беше важно е да проговориме за човечките дилеми, болки, разочарувања и радости... од аспект на еден обичен човек, женски човек. Врба можеби не е моето омилено дрво (ако подобро размислам, повеќе ги сакам тополата, чемпресот, липата и медитеранскиот бор), ама врбата е поблиска како симбол со она што го кажува филмот. Жална врба - ова се три тажни приказни со среќен крај“, изјави Манчевски. Трите актерки Сара, Наталија и Камка, блеснаа во полн сјај на средбата со новинарите, одговарајќи искрено и непосредно на прашања врзани со нивните ликови од филмот. Вистински куриозитет е што на крајот од пресот новинарите ја почестија филмската екипа со френетичен аплауз. И по завршувањето на проекцијата на Врба, се случи долга тишина, па аплауз, што е необично за прес проекции. Официјалната гала светска премиера на „Врба“ е закажана за вечерва во 22.30 часот, а половина час претходно филмската екипа од филмот ќе помине на црвениот килим. Врба е во официјалната програма на фестивалот помеѓу други 32 филмови, од кои вкупно 24 се играни, останатите 9 се документарни филмови. „Врба“ е шестиот долгометражен филм на Милчо Манчевски. Во филмот игра млада актерска екипа: Никола Ристески, Сара Климоска, Наталија Теодосиева, Ненад Нацев, Камка Тоциновски. Во останатите улоги се Петар Мирчевски, Благој Чоревски, Ратка Радмановиќ, Ана Костовска, Лазе Манасковски, Катина Иванова, Кире Ѓоревски, Адем Карага, Јелена Јованова-Периќ и други. Музиката ја потпишува Кирил Џајковски, дизајнер на продукција е Дејвид Манс, директор на фотографија е Тамаш Добош, а продуцент на филмот е Јане Ќортошев. Филмот е во продукција на „Банана филм“ и е македонско-унгарско-белгиска копродукција, со учество и на Албанија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотПоследното писмо на Меган Маркл до татко ѝ, обвинет за педофилија- знаела што се случува Британската војвотка од Сасекс Меган Маркл во последното писмо што му го испратила на својот татко Томас Маркл, со кого го прекинала контактот, изјавила дека е свесна за обвинувањата за сексуална злоупотреба на деца.Британската војвотка од Сасекс Меган Маркл во последното писмо што му го испратила на својот татко Томас Маркл, со кого го прекинала контактот, изјавила дека е свесна за обвинувањата за сексуална злоупотреба на деца што му биле упатени, нагласувајќи дека одлуката да одбие контакт со своите деца ја донела за да ги заштити, пренесува британскиот весник The Sun, повикувајќи се на извори. Според весникот, Меган го испратила писмото до нејзиниот татко во декември 2025 година, додека тој бил на болничко лекување на Филипините, по ампутација на ногата поради компликации предизвикани од згрутчување на крвта. Во писмото, како што се наведува, таа вели дека нема да му дозволи да се сретне со нејзините деца и дека повеќе нема да биде во контакт со него. Весникот наведува дека во писмото Меган упатила сериозни обвинувања против нејзиниот татко, вклучително и наводи за неговото наводно непримерно однесување кон малолетниците и дека била свесна дека случајот се разгледува. Томас Маркл моментално е под истрага поради сомнеж дека поседува материјал кој прикажува сексуална злоупотреба на деца, што тој го негираше, пишува Сан. Според весникот, спорниот материјал наводно бил пронајден во неговиот дом на Филипините, во неколку кутии. Неговиот син Томас Маркл Јуниор, полубрат на војвотката од Сасекс, изјави дека дошол до материјалот и дека случајот го пријавил во надлежните институции во Соединетите Американски Држави. Сан известува дека на 10 јули, Томас Џуниор го пријавил случајот во Федералното истражно биро (ФБИ), Националниот центар за исчезнати и експлоатирани деца и полицијата во државата Пенсилванија, каде што порано живеел неговиот татко. Томас Маркл постариот ги отфрли обвинувањата во изјавата што ја даде за Дејли Меил во петокот. Меган Маркл проговори за случајот во изјава за магазинот People во која изјави дека е длабоко потресена од информациите кои се појавија и дека нејзините мисли се со сите деца кои можеби биле повредени. Таа исто така изјави дека во 2018 година, писмо со вознемирувачки наводи против нејзиниот татко било испратено до лондонската Метрополитен полиција и службата задолжена за заштита на членовите на кралското семејство и другите заштитени лица. Меган и нејзиниот сопруг, принцот Хари, имаат две деца, седумгодишниот син Арчи и петгодишната ќерка Лилибет. Томас Маркл не присуствуваше на нивната венчавка во мај 2018 година, кога беше придружувана по патеката од кралот Чарлс III. Според магазинот People, Меган за писмото со обвинувања дознала по венчавката, а потоа, како што наведува извор запознаен со случајот, и било советувано да не зборува за тоа јавно за да не се загрози евентуалната истрага. Изворот додаде дека таа е загрижена и за правните последици од јавното изнесување непотврдени тврдења.Тагови: Меган Маркл Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Црна хроника15- годишно дете од тетовско било застрелано во стомакот- во полиција сами се пријавиле татко и син На 24.10.2026 во 14:10 часот во СВР Тетово, од Клинички центар Тетово било пријавено дека кај нив со прострелна рана во пределот на стомакот бил донесен 15 - годишен малолетник од с.Боговиње, тетовско. Подоцна, во Полициската станица Тетово се самопријавиле С.М.(42) и неговиот 16-годишен син, двајцата од с.Боговиње, кои предале пиштол со една празна рамка. Според изјавата на С.М., настанот се случил околу 13:45 часот во с.Боговиње, при што од невнимание дошло до испукување на еден куршум од пиштолот, кој го носел неговиот малолетниот син. Извршен е увид во присуство на јавен обвинител од ОЈО Тетово и претставници од Центарот за социјални работи Тетово. Малолетникот е задржан за понатамошна постапка и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава, соопштуваат од МВР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветНајмалку 12 лица се повредени во пукотница во Флорида Најмалку 12 лица, меѓу кои шест малолетници, беа повредени во пукотница во Талахаси, Флорида, доцна синоќа во близина на стадионот „Браг Меморијал“ на Универзитетот за земјоделство и машинство во Флорида.Најмалку 12 лица, меѓу кои шест малолетници, беа повредени во пукотница во Талахаси, Флорида, доцна синоќа во близина на стадионот „Браг Меморијал“ на Универзитетот за земјоделство и машинство во Флорида, соопшти локалната полициска станица и универзитетот. Полицијата соопшти дека 11 од 12-те повредени лица имале прострелни рани, објави Ројтерс. „Во овој момент, најмалку три од жртвите од пукотницата се во критична состојба, додека девет се во стабилна состојба“, соопшти полициската станица во Талахаси.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook