Mладите ракометарки од Ѓорче Петров најдобри во Македонија ќе настапат на меѓународното „Pлазма“ финале во Сплит
2Mладите ракометарки од Ѓорче Петров најдобри во Македонија ќе настапат на меѓународното „Pлазма“ финале во Сплит
ТенисНовинарка го штипна Ѓоковиќ на Австралија Опен, за да се увери дека е човек (ВИДЕО)Новинарката на Еуроспорт Барбара Шет-Игл го штипна Новак Ѓоковиќ за време на краткото интервју откако српскиот тенисер го победи домашниот играч Алекс де Минаур со 6:2, 6:1, 6:2 во осминафиналето на Австралија Опен за само два часа.Шет-Игл се пошегува на тоа и рече: „Морам да те штипнам за да се уверам дека се уште си човек. Ти си, мислам дека си“. Таа го прашала дали неговиот настап против Де Минаур е толку блиску до совршенството што може да се постигне. „Блиску. Среќен сум“, одговорил Ѓоковиќ. Во еден од најкратките мечеви на првиот Грен слем годинава не можеше да се забележат проблеми со повредата на Ѓоковиќ. Се движеше со леснотија, принудувајќи го противникот на грешки. Де Минаур, инаку рангиран на 24. место во светот, на крајот освои само пет гема. "There's not much to say about my performance... it was 𝐚𝐥𝐦𝐨𝐬𝐭 𝐟𝐥𝐚𝐰𝐥𝐞𝐬𝐬!" 💪 😅 @Babsschett had to pinch Novak Djokovic make sure he was human after 𝙩𝙝𝙖𝙩 display 🤖#AusOpen | @DjokerNole pic.twitter.com/lSHc3wm2oV — Eurosport (@eurosport) January 23, 2023 Австралиецот одигра брилијантно во првите четири гема против 12-годишниот петти играч на АТП рангирањето и за малку ќе го скршеше својот сервис, но сè потоа до крајот на мечот беше игра на Ѓоковиќ. Ѓоковиќ во четвртфиналето ќе игра против Андреј Рубљев, шестиот тенисер во светот. Русинот во осминафиналето во фантастичен меч го совлада Холгер Руне, десеттиот тенисер во светот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВечерва трето вонредно прскање против комарци во ДрачевоДрачево е најголемото жариште на епидемијата со „западен нил“, барем според досегашните потврдени случаи. Најголема загриженост предизвикуваат токму застоените води кои можат да се забележат на јавните површини тука, токму како што е случајот со овој канал. Тука, има соодветни услови за размножување на комарците кои го пренесуваат вирусот. На состојбата влијае и близината на Маркова река која на делови им нуди слични услови на инсектите, исто како и длабоките одводни канали околу населбата. Жителите на Драчево велат дека и покрај прскањето комарци има. Дел стравуваат и за своето, но повеќе за здравјето на децата, бидејќи знаат за нивните сограѓани кои поради тешка форма на болеста завршија во болница. Дел од граѓаните сметаат дека неоходни се дополнителни мерки за да ги заштитат граѓаните во поризичните области. Во Драчево повторно ќе се прска од копно, потврдуваат од Центарот за јавно здравје. Од Општина Кисела вода велат дека третото прскањето ќе се реализира во периодот од 22:00 до 24:00 часот вечерва, при што со специјализирано возило ќе се дејствува против возрасните комарци, а препораката до граѓаните е во овој период да ги затворат вратите и прозорците од своите домови. Во меѓувреме, од Инфективната клиника за Канал 5 потврдуваат дека има нови пациенти со воспаление на мозокот и мозочните обвивки кои се примени во болница, дел не се од Скопје, но кај нив се уште не е потврден вирусот, па засега остануваат триесетина кај кои со тестови е детектиран „западен нил“. Од нив 20 се хоспитализирани, а петмина се во критична состојба, на респиратор, сите се повозрасни, со хронични болести. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21Крај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
МакедонијаПожарникари цела ноќ спасувале куќи во селата Богомила и Лознани, битолско33 часа непрекинат оган во битолскиот регион во општините Битола, Могила и Новаци. Најтешката битка пожарникарите ја имаа во селата Ивањевци, Новоселани и Лознани. Голема помош во селото Лознани бил младиот Алекснадар Чепиговски од село Ивањевци кој со својот трактор орал директо низ пожарната линија и изгаснал голе дел од пожарот. „Јас со мојот трактор влегов директно во пожарот ја имав и прскалката и почнав да гасам. Бев многу внимателен да не настрадам, но она што можев направив и помогнав“, раскажува Александар Чепиговски село Ивањевци. Тимови од од противпожарната единциа Битола, Кавадарци и Дирекцијата за заштита и спасување, заедно со жителите од селата ги совладаа пожарите. „Пожарите почнаа сите во исто време, може да се дел подмеметнати, дел да се од стрништа. Голема благодарност до жителите кои многу помогнаа со пожарите“, Тони Коњановски градоначалник на Битола. Првиот човек на ДСЗ Стојанче Ангелов објаснува дека вчерашниот ден бил најтежок со пожарите. Активен е пожарот кај скопско Студеничани. „Вчерашниот ден беше најтежок, пожарите во битолско се изгаснати има делови кои се на непристапен терен. Во Студеничани има оган во непристапен терен“, објаснува Ангелов. Едно лице било повредено со изгореници на дланките кое е на домашно лекување. На ниво на цела држава активни се шест пожари, два пожари се под контрола. ДСЗ и ЦУК со апел да се внимава со палење на огнови на отворено, бидејќи е кривично дело. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАХВ ја прогласи водата во Гостивар безбедна за пиењеГостиварци по речиси еден месец голгота, од денеска конечно можат повторно безбедно да пијаат вода од чешмите.Одлуката на Агенцијата за храна и ветеринарство беше соопштена пред малку на прес конференција во Гостивар, а доаѓа откако и последните добиени резултати потврдиле дека водата е микробилошки и бактериолошки исправна. За да ги уверат граѓаните во исправноста, функционерите пиеја вода од јавната чешма пред општината. Во Гостивар е Елизабета Спасеновска Дамјановска. Бети, дали со ова конечно се става крај на кризата во градот? Во видеото погледнете го целиот извештај. Тагови: АХВ Гостивар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21Крај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21