Новинари од регионот на туристичко патување во Македонија

Новинари од Србија, Хрватска, Бих и Црна Гора чија специјалност и професионалност е туризмот, од утре до четврток ќе престојуват во Македонија. 

Домаќин и организатор на нивното туристичко патување е Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ).

Новинарите треба да пристигнат во Скопје, каде првиот ден ќе прават репортажи за Старата Чаршија, Старата железничка станица, Спомен куќата на Мајка Тереза, црквите „Св. Спас“ и „Св. Димитрија“, плоштадот „Македонија“, Калето,...

Претпладнето во вторник е резервирано за Пантелејмон и Кањонот Матка, а попладне се оди за Маврово и Дебар каде новинарите ќе имаат можност да ги видат руралните предели на Македонија. Во овој дел е вклучена и посета на манастирите „Јован Бигорски“ и „Рајчица“.

За среда е планиран Охрид, посета на неговите природни и културни знаменитости и обележија, додека во четврток на агендата се Битола и винскиот регион на Македонија, со посета на кралската винарија „Вила Марија“.

Како што велат од АППТ за МИА, на дел од новинарите во турата специјалност им е гастрономијата, поради што е договорено снимање на подготовка на македонски специјалитети во секој регион што ќе биде посетен.

Информативното патување на новинарите од регионот беше прелиминарно договорено на интернационалните саеми за туризам во Белград и Заграб на кои учествуваше Агенцијата за туризам предводена од директорот Љупчо Јаневски. /МИА

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер