Одржана ждрепката за плеј-офот во Лигата на шампионите: Динамо и Звезда ги дознаа потенцијалните противници
1Одржана ждрепката за плеј-офот во Лигата на шампионите: Динамо и Звезда ги дознаа потенцијалните противници
СветНовинари исфрлени од прес конференција на Блинкен,откако извикувале: Местото ти е во Хаг(ВИДЕО)Американскиот државен секретар во заминување Антони Блинкен денеска ја бранеше политиката на администрацијата на Бајден кон израелската војна против Хамас, откако беше постигнат договор за прекин на огнот во Газа.На последната прес-конференција во Стејт департментот тој се соочи со протести кои накратко го прекинаа. Блинкен рече дека очекува договорот, објавен вчера од претседателот Џо Бајден и Катар, да биде имплементиран во текот на викендот. Тој го нарече моментот „историска можност за регионот и пошироко“, иако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека последниот спор со Хамас го одложува израелското одобрување на договорот. „Реализацијата на оваа можност ќе бара огромен напор, политичка храброст и подготвеност за компромис. Важно е да се осигураме дека достигнувањата во изминатите 15 месеци, кои беа постигнати со огромни и болни жртви, ќе се одржат“, рече Блинкен. My final words for Tony Blinken, Secretary of Genocide, and his smirking press secretary, Matt Miller pic.twitter.com/DuLnepSwDl — Max Blumenthal (@MaxBlumenthal) January 16, 2025 Додека тој го фалеше договорот, двајца новинари во просторијата го обвинија за соучесништво во израелското насилство врз палестинските цивили. Тоа се новинарот на Grayzone News, Макс Блументал и хонорарниот новинар Сем Хусеини, објави Анадолија. Хусеини му викна на Блинкен: „Криминалец! Треба да си во Хаг. Зошто не си во Хаг?“ повикувајќи се на Меѓународниот кривичен суд. Блинкен побара од нив „да го почитуваат процесот“. Sam Husseini forcibly removed from the briefing room after interrupting Blinken’s final press conference. @TheNationalNews pic.twitter.com/xw5ulrYhPA — Willy Lowry (@willy_lowry) January 16, 2025 Персоналот на Стејт департментот го отстрани Блументал од просторијата, додека Хусеини мораше да биде спроведен од обезбедувањето.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС се препозна во говорот на претседателот на Владата на Пелинце како “талог”СДС се препозна во говорот на претседателот на Владата на Пелинце како “талог” и потврди дека е целосно во координација со надворешни агентурни центри.РЕАКЦИЈА НА СДС СДС се препозна во говорот на претседателот на Владата на Пелинце како “талогот” и потврди дека е целосно во координација со надворешни агентурни центри. Имено, во текот на вчерашниот ден, за време на одбележувањето на илинденската прослава во селото Ташмаруништа, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Владата, Христијан Мицкоски, традиционално го посети ова населено место, по неговиот говор во Пелинце. Поздравен од присутните граѓани се движеше низ народот како што прилега на народен лидер, за разлика од претседателот на СДС кој бега од народот на скапи јахти и уплашен преку снимени пораки се обраќа на ден како Илинден. За време на движењето на претседателот Мицкоски низ народот, едно лице во обид да испровоцира инцидент, под дејство на алкохол, дофрлало зборови со непримерна содржина. Лицето било изолирано од присутните граѓани и легитимирано од страна на припадници на МВР. При легитимирањето лицето извадило бугарска лична карта и бугарска патна исправа. Конструкцијата на СДС е уште еден доказ за нивните блиски релации со странски агентурни центри на влијание, а со самопрепознавањето како “талогот” во говорот на претседателот Мицкоски на Пелинце, потврдија дека антимакедонските позиции и анационакните елементи се длабоко вкоренети во СДС како политичка партија. Кон “талогот” во СДС имаме една порака, без разлика на вашите договори со странски агентури и конструкциите темелени на ужасни лаги, нема никогаш да направиме отстапки на штета на идентитетот и државата. Вие продолжете да тонете во вашето политичко мочуриште и правете заговори на јахти на штета на идентитетот и државата, а ние заедно со народот ќе продолиме да работиме за Македонија. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Што му се случило на Мицкоски во Ташмаруништа?Вчера попладне, на Илинден, Христијан Мицкоски, заедно со генералниот секретар на ВМРО-ОКГ Драган Ковачки беше во селото Ташмаруништа.Објави и фотографии. Но, прашањето е што навистина му се случило на Мицкоски во Ташмаруништа? Дали е точно дека граѓаните вербално го нападнале Мицкоски? Дали го пцуеле незадоволни од неисполнетите ветувања? Очигледно токму политиката на ширење омраза, раздор и поделби што ја води Мицкоски, дури и во својот говор за Илинден се причина за граѓаните да не можат да го гледаат. Незадоволството кај граѓаните е огромно, поради катастрофалната економска состојба, труењето со вода, изолацијата на земјата и секојдневните лаги на Мицкоски. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотЦелосен колапс на Куба,10 милиони луѓе без струја, нема ниту горивоЦелосен колапс на Куба,10 милиони луѓе без струја, нема ниту гориво, се шири непријатна миризба. Националната електроенергетска мрежа на Куба колабираше доцна во неделата, соопшти државната компанија за електрична енергија, оставајќи околу 10 милиони жители на островската земја во мрак. Компанијата „Унион електрика де Куба“ (Union Electrica de Cuba) не даде дополнителни детали во своите објави на социјалните мрежи X и Фејсбук, пренесува Ројтерс. Најновиот прекин во снабдувањето уследи по трите прекини на електричната енергија на национално ниво во текот на јули, во период кога се на сила американското ембарго за увоз на нафта и блокадата на застарената енергетска инфраструктура на Куба. Тас наведува дека дури и во луксузните населби на кубанската престолнина се шири непријатен мирис на скапана храна бидејќи фрижидерите во продавниците не можат да издржат долги периоди без електрична енергија, генераторите што одржуваат електрична енергија често откажуваат поради големо оптоварување, а горивото за нив во моментов е доста тешко да се набави во Куба. Огромни купишта ѓубре повторно се натрупаа на градските улици бидејќи нема доволно гориво за движење на камионите за ѓубре.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter