48. Традиционален илинденски коњички марш – коњаниците повторно тргнуваат од Горно Лисиче кон Крушево
248. Традиционален илинденски коњички марш – коњаниците повторно тргнуваат од Горно Лисиче кон Крушево
3Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји
Емотивни сцени по елиминацијата на Англија: Дејвид Бекам не можеше да ги сокрие солзите и разочарувањето
1Емотивни сцени по елиминацијата на Англија: Дејвид Бекам не можеше да ги сокрие солзите и разочарувањето
3Видео: Бранителот на тронот Аргентина противник на Шпанија во големото финале на Мундијалот во Америка
ТехнологијаНовина на Фејсбук поради коронавирусот : Покажете дека ви значиНа Фејсбук се појавија можности за нови рекации поврзани со пандемијата на коронавирусот.Покрај лајкови, срца и други емотикони, Фејсбук сега додава реакции што укажуваат дека на лицето му значи, односно е загрижено. Реакцијата ќе вклучува емотикон што го грее срцето, а од компанијата велат дека се надеваат дека реакцијата ќе им овозможи на луѓето да се чувствуваат повеќе поврзани со семејството и пријателите, од кои моментално се одвоени. Новата реакција доаѓа и кај Месинџер, но ќе изгледа малку поинаква, во форма на пулсирачко виолетово срце. We’re launching new Care reactions on @facebookapp and @Messenger as a way for people to share their support with one another during this unprecedented time. We hope these reactions give people additional ways to show their support during the #COVID19 crisis. pic.twitter.com/HunGyK8KQw — Alexandru Voica (@alexvoica) April 17, 2020 Инаку , компанијата се соочува со голем проблем од почетокот на пандемијата , а тоа е ширењето на лажни вести преку оваа платформа. Како резултат, од „Фејсбук“ објавија дека дезинформациите за коронавирусот ќе ги бришат и ги предупредија сите со прикажување на порака ,,Добијте ги фактите за информации со линк до страницата на СЗО каде што би можеле да се најдат вистински информации за пандемијата’. Поради пандемијата, Фејсбук исто така забележа значителен раст, но тоа не влијае на финансиската добивка поради негативното влијание на пандемијата врз дигиталните реклами.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС, ДУИ и Левица со задкулисните игри го блокираат напредокот на државатаСДС, ДУИ и Левица со задкулисните игри го блокираат напредокот на државата, тоа што не се донесе Изборниот законик е доказ дека опозицијата не е за реформи туку за опструкции.Тоа што не се донесе Изборниот законик е доказ дека СДС, Левица и ДУИ, го блокираат напредокот на државата, а политичките игри им се пред интересот на граѓаните. Недонесувањето на новиот Изборен законик е уште еден доказ дека СДС, Левица и ДУИ се подготвени да го блокираат секој процес што значи напредок за државата, само заради сопствени политички интереси. Изборниот законик не е прашање на дневна политика, туку важен реформски процес. Неговото донесување е потребно за усогласување со препораките на ОБСЕ/ОДИХР, за исполнување на обврските од Реформската агенда и за обезбедување дополнителен напредок и придобивки за граѓаните. Македонија успешно реализираше 9 од 10 реформи од Реформската агенда. Единствената пречка е блокадата предводена од СДС, Левица и ДУИ. Однесувањето на СДС, ДУИ и Левица покажува дека кога имаат можност, наместо да работат за државните интереси, избираат опструкции и политички калкулации. За нив поважна е партиската стратегија отколку напредокот на Македонија и придобивките за граѓаните. СДС, ДУИ и Левица наместо да преземат одговорност и да придонесат за донесување на закон што е во интерес на сите, тие се обидуваат да создадат политичка драма и да се претставуваат како жртви. Граѓаните треба да знаат кој го кочи развојот и кој работи против реформите. Пропуштената можност за навремено усвојување на Изборниот законик значи и ризик од губење на дополнителни средства и можности од Планот за раст. Политичките игри на СДС, ДУИ и Левица нема да го спречат патот на реформите. Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи за напредокот на државата, а одговорноста за блокадите останува кај оние што ги предизвикуваат. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНиколовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08Денеска ќе се одржи нова седница на Социјално економскиот совет08:52Стевчо Јакимовски доброволно замина во затворот „Скопје“ 18:05Истекува крајниот рок за Изборниот законик партиите останаа без договор15:00Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08
Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08
Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08
МакедонијаВо Македонија се потврдени 10 нови жаришта на болеста сипаници кај овци и козиВо Македонија се потврдени 10 нови жаришта на болеста сипаници кај овци и кози, со што вкупниот број на регистрирани жаришта од почетокот на годината достигна 17. Според Агенцијата за храна и ветеринарство, новите случаи се регистрирани во Македонска Каменица, Чешиново–Облешево Бигла и Косевица -Делчевско, Малино -Свети Николско, Сопот како и во селото цера. Од институцијата нагласуваат дека болеста не претставува опасност за луѓето, но предизвикува сериозни последици врз сточарството. Досега се усмртени повеќе од 1.400 животни, а постапката продолжува и во новопотврдените жаришта. Во текот на вчерашниот ден беше спроведена депопулација и на заразеното одгледувалиште во селото Сопот, Куманово. АХВ воведе низа заштитни мерки за спречување на ширењето на болеста. Забрането е движење и транспорт на овци и кози во заштитните зони, освен во строго контролирани случаи за колење во одобрени кланици. Воедно, на целата територија на државата е забранета работа на добиточните пазари за овци и кози, како и организирање изложби и други собири на овие животни. -Сопствениците се должни секој сомнеж за заболување или угинување на животни да го пријават во рок од 24 часа до надлежното ветеринарно друштво или официјалниот ветеринар- апелираат од АХВ.Тагови: АХВ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија48. Традиционален илинденски коњички марш – коњаниците повторно тргнуваат од Горно Лисиче кон КрушевоОпштина Аеродром ги поканува граѓаните да присуствуваат на свеченото испраќање на учесниците на 48. Традиционален Илинденски коњички марш, што ќе се одржи во пресрет на одбележувањето на големиот државен празник – 2 Август, Илинден.Општина Аеродром ги поканува граѓаните да присуствуваат на свеченото испраќање на учесниците на 48. Традиционален Илинденски коњички марш, што ќе се одржи во пресрет на одбележувањето на големиот државен празник – 2 Август, Илинден во организација на Здружението на граѓани „Илинденски марш 1978“. На 27 јули (понеделник), со почеток во 18:00 часот, од дворот на црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче, околу 40 коњаници, меѓу кои и пет девојки, ќе тргнат кон Крушево, продолжувајќи ја речиси петдецениската традиција посветена на чествувањето на Илинден и на македонските херои. На 31 јули, коњаниците од Горно Лисиче ќе се обединат со учесниците од Свети Николе, Кичево и Битола, испраќајќи силна порака за единство, почитување на традицијата и зачувување на македонското историско наследство. Општина Аеродром упатува покана до сите граѓани да бидат дел од свеченото испраќање и заедно да им оддадеме почит на илинденците, чија жртва и идеали и денес претставуваат симбол на слободата, единството и државноста на Македонија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook