Итно соопштение од УЕФА – остро удрија по Џани Инфантино: „Доста е со сомнителни зделки и задкулисни игри“
1Итно соопштение од УЕФА – остро удрија по Џани Инфантино: „Доста е со сомнителни зделки и задкулисни игри“
ЕвропаНови судири на границата кај Мелиља откако е запрен влезот на мигранти во СеутаВлезот на нелегални мигранти од Кралството Мароко во шпанската енклава Сеута е „целосно запрен„ тврди шпанската Влада. Меѓутоа, денеска повторно избувнаа судири на сега веќе затворениот граничен премин помеѓу втората шпанска енклава на африканскиот континент – Мелиља и Мароко каде стотоци мигранти се уште прават обиди за упад на граничниот премин –пренесуваат светските медиуми. За време на вчерашната посета на Сеута, шпанскиот премиер Педро Санчез ги оцени случувањата како напад врз територијалниот интегритет на Шпанија. -Секако, сакам да ја признаам и кризата што ја претрпе другиот автономен град вчера - Мелиља, но ние сме во Сеута, што во овој случај е градот кој страда од најголемата криза во споредба со Мелиља и секако нè потсетува на ситуацијата што ја доживеавме во 2021 година. Затоа, третата обврска што сакам да ја изразам, покрај обврската за соработка со автономната влада на Сеута, е дека владата на Шпанија ќе ги искористи сите лостови на државата, сите ресурси на државата за да ја гарантира безбедноста на граѓаните на Сеута,- - Педро Санчез, премиер на Кралството Шпанија. Како што јавуваат шпанските медиуми, иако целта на дел од мигрантите биле да останат во шпанските енклави, најголемиот дел планирале да продолжат кон Европа преку нелегалните миграциски рути а повикот и мобилизирањето на илјадниците луѓе се одвивало преку социјалните мрежи. -Социјалните медиуми денес се моќен мобилизатор, особено за младите луѓе, но исто така е вистина дека видовме семејства кои доаѓаат од југ, од Тангер, од внатрешните области на Мароко, со кои сигурно имало пораки во оваа насока, како што споменавте, нели? И погрешно толкување, според мое мислење, на она што било кажано во тие пораки. Jа гледаме мобилизирачката моќ на социјалните медиуми без да исклучиме дека имало и на тие социјални мрежи, нели, некои луѓе со лоши намери или со цел да остварат профит кои ги лансирале овие пораки,- -Рут Бермехо, истражувач во Кралскиот институт Елкано. Во меѓувреме, Европската комисија уверува дека досега ниту еден од нелегалните мигранти не пристигнал на Европско тло од Сеута. Откако вчера Италија привремено ја суспендираше Шенгенската соработка со Шпанија, закани за одвојување на Шпанија од зоната за слободно патување на ЕУ упатија и Финска и Данска. Според шпанското министерство за внатрешни работи – од проценетите 60 000 мигранти кои влегле во Сеута овие денови, 48 300 веќе се депортирани назад во Мароко додека се уште се проценува бројот на жртви кои се удавиле во обидот да допливаат до Сеута или пак загинале во стампедото на границата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35На Богородица и Табановце времето на чекање е околу 30 минути до 1 час10:24Водата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и готвење – бројот на пациенти се намалува 15:00Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08
МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08
ФудбалИтно соопштение од УЕФА – остро удрија по Џани Инфантино: „Доста е со сомнителни зделки и задкулисни игри“Европската фудбалска асоцијација УЕФА официјално објави дека куќата на светскиот фудбал, ФИФА официјално одлучила да се откаже од планот за продажба на дел од сопственоста на Светското првенство на странски инвеститори. Европската фудбалска организација сега издаде соопштение во кое ја поздравува таквата одлука. УЕФА беше таа што го покрена отпорот против овие планови на Џани Инфантино. Сите 55 членки на УЕФА изјавија дека нема да учествуваат во тој проект и дека воопшто не размислуваат за настап на Светското првенство. Ова ја поттикна КОНКАКАФ да го стори истото, па така проектот за продажба на Светското првенство сега е стопиран. Во соопштението, кое го пренесуваме во целост, УЕФА упати остри критики кон ФИФА и, пред сè, кон Џани Инфантино, кој е директно спомнат, критикуван и повикан на одговорност. Соопштението на УЕФА: „УЕФА ја поздравува одлуката на ФИФА да се повлече од планот за продажба на удел во своите натпреварувања, вклучително и Светското првенство, на приватни субјекти. Предлогот беше едногласно отфрлен од фудбалските асоцијации членки на УЕФА, како и од многу други асоцијации и федерации ширум светот чија задача е да го штитат фудбалот. УЕФА им се заблагодарува на навивачите, лигите, клубовите, играчите, истакнатите личности, асоцијациите и федерациите кои се спротивставија на ова, како и на премиерите и шефовите на држави кои му покажаа на претседателот на ФИФА дека фудбалот не е на продажба. Не можеме да продолжиме со вакви тајни договори, подготвувани од анонимни поединци и туркани насила, кои не носат никаква непосредна корист. Треба да ги идентификуваме одговорните и да ги повикаме на одговорност. Правилно е УЕФА во наредните денови и недели тесно да соработува со своите асоцијации и со другите федерации за да разбере како дошло до ова и да изготви план за да се спречи тоа да се повтори. Анализата на ситуацијата мора да биде сеопфатна и не смее да се отфрли ниту едно можно решение. Актуелното раководство на ФИФА не само што ја изгуби довербата на УЕФА и на многу други... Кога Џани Инфантино побара доверба за да биде избран за претседател во 2016 година, тој рече: „Се разбира дека ќе бидеме транспарентни. Поминав 15 години во УЕФА и човек мора секојдневно да биде дел од животот на ФИФА. Парите на ФИФА се ваши пари, а не пари на претседателот на ФИФА. Националните сојузи и вие мора да ги користите парите на ФИФА за развој на фудбалот, и за ништо друго“. Тој не исполни ниту едно од тие ветувања. Нетранспарентните договори зад затворени врати, како и чудните зделки што ги склучуваше и се обидуваше да ги наметне, беа сè друго освен транспарентни. И покрај резервите од 5 милијарди долари, тој не ги искористи средствата за да придонесе кон развојот на фудбалот. УЕФА веднаш ќе започне соработка со партнери ширум светот за да предложи нов начин на трошење на ресурсите. Мораме да почнеме да ги користиме парите од сметката на ФИФА за соодветни инвестиции во 211-те земји-членки на ФИФА. Не мораме да го распродаваме семејното сребро за да го платиме тоа. Ова е победа за целиот спорт. Но, приказната не смее да запре тука. Предлогот беше отфрлен, но трансформацијата на ФИФА штотуку започна“, се наведува во опширното соопштение на УЕФА.Тагови: УЕФА ФИФА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФан Шоп на ФК „Пелистер“Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски го посети новоотворениот Фан Шоп на ФК „Пелистер“.„Вчера со голема љубопитност и задоволство го посетив официјалниот Фан Шоп на ФК „Пелистер“ сместен во стадионот „Петар Милошевски“. Бев речиси меѓу првите кој си купи дрес и заедно со останатите фанови кои го посетија испишавме историја. За првпат во 81 година постоење, ФК „Пелистер“ го отвори својот официјален Фан Шоп. Од управата на клубот рекоа дека ова е само почеток на една нова приказна која ќе ја градиме заедно“, вели градоначалникот на Битола.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35На Богородица и Табановце времето на чекање е околу 30 минути до 1 час10:24Водата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и готвење – бројот на пациенти се намалува 15:00Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08
МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08
МакедонијаНиколоски: Распределни 47 социјални станови во ДебарРаспределни 47 социјални станови во Дебар, грижата за ранливите категории семејства е приоритет на Владата, објави на својот профил на Фејсбук, вицепремиерот Александар Николовски. Со овие проекти решаваме животни прашања на голем број семејства низ цела Македонија Навистина е убав момент кога гледаме 47 среќни семејства кои од денеска добиваат свој дом и можност за посигурна иднина. Станува збор за квалитетно изграден објект наменет за најранливите категории граѓани – деца без родители, корисници на гарантирана минимална помош, лица погодени од елементарни непогоди, лица со попреченост и нивните семејства, како и самохрани родители со малолетни деца. Драго ми е што оваа политика продолжува и што денеска во Дебар можеме да видиме семејства кои ќе започнат ново животно поглавје во сопствен дом Во Општина Дебар се реализираат 22 инфраструктурни проекти, кои значително ќе придонесат за подобар квалитет на живот и локален развој. Еден од нив е и булеварот кој ќе ја поврзе оваа станбена зграда. Ќе продолжиме да ја поддржуваме општината и да инвестираме во проекти што носат подобри услови за живот за сите граѓани, стои во објавата на Николоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter