Нови сознанија за мистеријата наречена проѕевање - Канал 5

Нови сознанија за мистеријата наречена проѕевање

Научниците долго дебатираат за тоа што предизвикува проѕевање, и до денес сѐ уште нема конечен заклучок. Нова теорија нуди занимливо објаснување - коешто нема никаква врска со недостатокот на кислород или заморот.

Нови сознанија за мистеријата наречена проѕевање

За вообичаени предизвикувачи на проѕевање досега се сметале заморот, здодевност, будење или стрес, а познато е и дека тоа може да е заразно - со просто гледање или слушање како другите се проѕеваат. Клиниката Кливленд (Cleveland Clinic) во САД, потсетува на старата теорија - дека проѕевањето е, всушност, отворање на дишните патишта.

„Тоа е сложено мускулно движење. За само неколку секунди, целата мрежа од дишни паитшта се шири, а мускулите околу грлото (фаринксот) интензивно се растегаат и затегаат. Друго име за проѕевање е оскулација", се вели во објаснувањето.

Нова теорија: Ладење на мозокот

Ендрју Галуп - научник од Универзитетот на Њујорк, ја развива теоријата уште во неговите студентски денови. Набљудувајќи го „зевањето“ т.е. наглото отворање на вилицата, тој претпотавил дека тоа го стимулира протокот на крв околу черепот, што помага да се регулира температурата и придонесува за ладење на мозокот. Вдишувањето воздух при проѕевањето внесува и поладен воздух во телото, според научникот.

Галуп реши и да ја тестира својата хипотеза. Во експериментот, учесниците држеле топли, ладни и млаки облоги на челото додека гледале како другите луѓе се проѕеваат. Резултатите се интересни:

Кај испитаниците со топлите облоги, проѕевањето било заразно во 41 отсто од случаите; Кај учесниците со ладни облоги, тој број изнесувал 9 насто.

Дополнително, учесниците кои дишеле низ нос - што е поефективен начин за ладење на мозокот од дишењето преку уста - воопшто не се проѕевале. Во другите групи, меѓу 45 и 54 отсто од учесниците се проѕевнале барем еднаш.

Галуп притоа побарал од учесниците да ја измерат температурата на устата пред и по проѕевањето. Тој открил дека температурата се зголемува непосредно пред проѕевањето и паѓа по тој чин, што дополнително ја поддржува неговата теорија.

Одржување будност

Галуп, меѓу другото, смета дека проѕевањето не е знак дека ни треба да спиење, туку напротив - тоа веројатно е своевиден механизам што му помага на човекот да остане буден и приутни. поред него, „проѕевањето може да послужи како начин за одржување на будноста и менталната сосредоточеност на група луѓе.

Кристијан Хес од германскиот Универзитет во Берн ја критикуваше теоријата на Галуп. Тој тврди дека неговите експерименти не нудат доволно убедливи докази. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кина е длабоко загрижена

Кина е длабоко загрижена поради обновената ескалација на воените конфликти во регионот на Персискиот Залив, изјави денес портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џијан.

Кина е длабоко загрижена

Тој, исто така, ги повика сите релевантни страни да покажат воздржаност и „да го одржат тешко постигнатиот прекин на огнот“, објави Синхуа.

Одговарајќи на поврзано прашање за време на редовната прес-конференција, Лин ги повика сите вклучени страни да избегнат враќање на војната.

Тој особено нагласи дека спречувањето на понатамошна ескалација на борбите е клучно за заштита на животите на невините луѓе.

„Почитувањето на легитимните права и интереси на крајбрежните земји на Ормутскиот теснец и брзото враќање на нормалниот и безбеден премин низ теснецот е она што меѓународната заедница сака да го види“, рече Лин, додавајќи дека релевантните страни мора да работат во иста насока и да бараат соодветно решение, соопшти агенцијата.

Централната команда на САД (CENTCOM) објави претходно денес дека го завршила најновиот бран напади врз воени цели во Иран.

САД започнаа неколку бранови напади врз Иран од 7 јули.

CENTCOM соопшти дека нападите биле одговор на иранските напади врз комерцијалниот брод во Ормутскиот теснец.

Техеран одговори со напади врз американските бази во Кувајт, Бахреин и Јордан.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Конечно решение за булевар „Борис Трајковски“

Фејсбук објава на градоначалникот на Град Скоје, Орце Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски: Конечно решение за булевар „Борис Трајковски“

„30 години голгота - конечно решение за булевар „Борис Трајковски“

Зборот е збор.

Со силна динамика продолжуваат работите на довршување на булеварот „Борис Трајковски“, проект што со децении беше симбол на лажни ветувања, застој и секојдневен сообраќаен хаос.

Денес, со задоволство можам да кажам дека работите напредуваат според предвидената динамика и дека наскоро повеќе од 100.000 жители ќе добијат нов, модерен и безбеден булевар со четири сообраќајни ленти, како и уредена пешачка и велосипедска патека.

Трасата е речиси целосно пробиена, а паралелно се гради и нова атмосферска канализација, со што трајно се решаваат проблемите што со години го отежнуваа животот на граѓаните од овој дел на Скопје.

Свесен сум низ што поминуваше мојот народ сите овие години.

Свесен сум за изгубеното време, нервозите и долгото чекање.

Но, деценискиот сообраќаен хаос конечно заминува во историјата.

Ова е враќање на достоинството на граѓаните и доказ дека кога има волја, работа и одговорност - нема невозможни работи!

Продолжуваме да го менуваме ликот на Скопје!“- напиша Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ТИРЗ: ВДЛ Бус Македонија ќе започне со трета фаза на инвестицијата - производство на нов модел на автобус

Директорот на ТИРЗ Гоце Димовски денес имаше средба со Аврам Стојчевски, генерален директор на компанијата ВДЛ Бус Македонија. 

ТИРЗ: ВДЛ Бус Македонија ќе започне со трета фаза на инвестицијата - производство на нов модел на автобус

На средбата се разговараше за тековните активности на компанијата, реализирањето на третата фаза од инвестицијата која ќе изнесува повеќе од 5 милиони евра, со нови 150 висококвалификувани работни места во рамките на ТИРЗ Скопје 2.

Димовски нагласи дека Дирекцијата за ТИРЗ останува посветен партнер на компаниите кои веќе инвестираат во земјата, преку навремена институционална поддршка и активно следење на нивните потреби. Тој истакна дека токму постојните инвеститори претставуваат најсилен показател за квалитетот на деловното окружување, а нивното проширување е важен сигнал за довербата во домашната економија.

На средбата беше разгледан планот за реализација на третата фаза од инвестицијата, која предвидува производство на нов модел на автобус. Дополнително, беше потврдена заложбата за продолжување на конструктивна соработка, со цел создавање услови за успешна реализација на овој инвестициски циклус, натамошен развој и зајакнување на конкурентноста на домашната економија.

Инаку, компанијата во април годинава од ВДЛ Ван Хоол Македонија се преименува во ВДЛ Бус Македонија, со што истата започна нова развојна фаза во своето работење. Промената е дел од поширокиот процес на трансформација и развој на компанијата, со фокус на понатамошно унапредување на производствените активности и зајакнување на нејзината позиција во автомобилската индустрија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер