Нови случаи на заболени од коронавирусот, се затвораат аеродромот во Скопје и граничните премини

Кај уште пет лица (четири од Дебар и една 54-годишна Скопјанка) е потврдено присуство на коронавирусот

Кај уште пет лица (четири од Дебар и една 54-годишна Скопјанка) е потврдено присуство на коронавирусот, а уште две лица се дијагностицирани во лабораторија на Клиниката „Жан Митрев" и тие дополнително треба да се потврдат денеска во лабораторијата во Институтот за јавно здравје.

Со овие пет лица вкупниот број заболени од коронавирус во моментов во државава изнесува 23, од кои 22 се од Дебар, а една пациентка е од Скопје. Од 23 заболени, 14 се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, а четворица се лекуваат во Дебар. Над двесте луѓе се во домашна изолација. На 26 февруари во Скопје беше дијагностициран првиот случај со коронавирус во државава, 50-годишна жена од Скопје, која вчера во добра клиничка состојба беше пуштена на домашно лекување.

Министерството за здравство вчера донесе наредба за спроведување задолжителна самоизолација за секој државјанин на Северна Македонија кој влегува на гранични премини, а патува од високо и средно ризични земји утврдени со Листата на Светската здравствена организација.

– Непочитувањето на оваа наредба и неспроведување на задолжителната самоизолација повлекува одговорност, се вели во објавата на Министерството.

На листата која Министерството за здравство заклучно со завчера ја објави на својата веб-страница земји со високо ниво на ризик се Кина, Италија, Иран, Јужна Кореа, Шпанија, Франција, Германија, САД, Швајцарија и Велика Британија. Средно ризични земји се Холандија, Шведска, Норвешка, Данска, Австрија, Јапонија, Белгија, Катар, Австралија, Канада, Малезија, Грција, Чешка, Сингапур, Бахреин, Финска, Израел, Словенија, Исланд, Ирска, Романија, Бразил, Индонезија, Кувајт, Португалија, Полска, Филипини, Индија, Саудиска Арабија,Египет, Ирак, Либан, Сан Марино, Обединети Арапски Емирати, Естонија, Тајланд, Чиле и Виетнам. Северна Македонија е меѓу земјите кои се со ниско ниво на ризик.

Мерките за заштита од коронавирусот кои се донесени мора да се почитуваат, во спротивно следуваат казни согласно членовите 205 и 206 од Кривичниот закон.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров синоќа апелираше граѓаните да се воздржат од патување во странство.

Владата, пак, одлучи да се затворат сите гранични премини во Република Северна Македонија, за премин на странски државјани, патници и возила, освен за влез и транзит на товарни возила, за претставниците на димпломатскиот кор во државава, како и за други лица за кои МВР ќе даде дозвола по претходно мислење од Главниот координативен кризен штаб кој ќе потврди дека постои посебен државен или економски интерес. Се затвора и Меѓународниот аеродром во Скопје, граничниот премин, освен за државни, воено, карго и медицински хуманитарни и празни летови по истекот на 48 часа од денот на влегување во сила на оваа одлука.

Министерот за здравство Венко Филипче донесе наредба за мерки на мобилизација, организација и распоред на работата и работното време на здравствените установи.

Претседателот Стево Пендаровски по синоќешната седница на Советот за безбедност рече дека нема потреба од вонредна или кризна состојба во моментов и дека Владата може да донесе дополнителни мерки.

Посочи дека имаме доволно енергенси во овој момент за најмалку четири месеци за нормално функционирање на државата. – Оценката што ја изнесов е врз основа на писмена документација и документ кој го имам од Бирото за стокови резерви. Тие стоеја зад тоа дека ние имаме во овој момент сосема доволно залихи во тој дел, рече Пендаровски.

Клиниката за психијатрија од денеска во периодот од 9 до 16 часот воведува телефонска психолошка поддршка за граѓаните и ранливите групи на пациенти на кои им е потребна таква помош. Психолошка поддршка на родители на деца на предучилишна и училишна возраст ќе биде достапна на телефонскиот број 072 912 676, на возрасни лица во самоизолација на телефонот 072919009, а на граѓаните на општина Дебар и општина Центар Жупа, во соработка со Општа Болница Дебар на бројот 070 241 807.

Од Клиниката за психијатрија истакнуваат дека пациентите закажани во „МојТермин" за психолошко советување и психотерапија во закажаниот термин ќе бидат контактирани од страна на психолог и ќе се спроведуваат телефонски, со можност за видео врска на некоја од интернет мрежите (по договор). Психолошка поддршка на хоспитализирани пациенти поради коронавирусот ќе се обезбеди во соработка со Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

На граѓаните им преостанува да ги почитуваат препораките и мерките за превенција од коронавирусот, според кои, треба да седат дома и да не излегуваат надвор без некоја посебна потреба, да одржуваат лична хигиена и често и темелно да ги мијат рацете, да користат средства за дезинфекција, да избегнуваат собирања во групи и да не прават големи залихи со намирници. /МИА

Мицкоски:ДУИ секогаш, буквално секогаш кога краде највеќе, се прикрива со етнички теми

Кога Ахмети вели дека Македонците немале паметници, тоа значи дека не знае каде да погледне, денес 28 април, најзвучно се говорат имињата на 8 бранители кои ги положија животите 2001 година во Вејце убиени во заседа

ДУИ секогаш, буквално секогаш кога краде највеќе, се прикрива со национални и етнички теми. А денес тие се прикриваат зад завесата Европа. И додека устите им се полни со Европа, а Ковачевски понизно ги слуша и коленичи пред Ахмети, него го слушаме среде Скопје како скандира УЧК, УЧК, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Битола.

„Тие зборови кажани од овој човек извалкан со тежок криминал и крвави раце облечен во одело кое не му ги пере гревовите, се навреда и за Албанците кои ги краде најмногу, и за нас Македонците. И кога Ахмети вели дека Македонците немале паметници, тоа значи дека тој само не знае каде да погледне. А овде Битола раѓала јунаци со храбри срца кои своите животи ги поклонувале пред олтарот на слобода за нашата татковина. И има многу такви, стотици и илјадници, но денес 28 април, најзвучно се говорат имињата на 8те бранители меѓу кои четворица битолчани, македонски херои кои ги положија животите таа 2001 година во Вејце, ѕверски убиени во подла заседа“, кажа Мицкоски.

Мицкоски укажа дека токму тие бараа херои.

„Еве ги нашите. Марјан Божиновски 27 години, Кире Костадиновски 24 години, Бошко Најдовски 25 години, Илче Стојановски 24 години, Роберт Петковски 27 години, Бобан Трајковски 28 години, Миле Јаневски 30 години, Игор Костески 25 години... Слава им. Македонија вечно ќе го памети нивното дело за нашата слобода. И оттука испраќам порака во иднина да се внимава кога се изговараат лесно зборови кои отвораат рани кои не се залечени“, кажа Мицкоски.

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ партнерот ќе го бара во албанската опозиција, во партиите со кои ќе споделуваме исти вредности и принципи, а за ДУИ време е за опозиција и одговорност

ДУИ како политичка партија дојде на власт со приказна за човекови права, а заврши како партија која печали врз човековите права и ги краде и своите и другите. И затоа овие избори е времето кога треба да им се каже толку беше. Време е за опозиција и одговорност, рече Христијан Мицкоски претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Битола.

„И една порака до ДУИ. Овие денови сум преплавен со пораки и абери кои ми ги праќаат од Речица. Па како човек секогаш сум бил директен, престанете да ми ги праќате оние емисари и курири по разно разни канали кои велат да сум размислел да направиме коалиција после изборите. Не знам дали знаете или не, но јас не сум ви Ковачевски, ниту неговиот претходник. Со мене такви договори на штета на народот и под маса немало и нема да има“, рече Мицкоски.

Мицкоски укажа дека ВМРО-ДПМНЕ партнерот ќе го бара во опозицијата, во партиите со кои ќе споделуваме исти вредности и принципи.

„Време е ДУИ да биде заменето со партии кои ќе работат за сигурна иднина на сите граѓани и со која заедно ќе се бориме за заедничката иднина“, изјави Мицкоски.

Со Почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Секси боксерка заврши во затвор поради кражба!!

Атрактивната Арабела Дел Брусо е поранешна реалити ѕвезда,  сега боксерка и девојка на американскиот фудбалер Џош Рејнолдс.

Сексапилната Арабела моментално отслужува 20-месечна затворска казна за грабеж на работно место од 52.000 долари, што го направила пред нејзината кариера во боксерскиот ринг.

На атрактивната дама зад решетки не и е лесно, а на новинарите им открила детали од траумата зад решетки и испратила писмо до медиумите.

- Претресите не само што трауматизираат, ме прават да се чувствувам понижено затоа што секој пат морам да се соблечам пред двајца чувари. Едниот стои пред мене, другиот позади. Потоа прво треба да го подигнам градникот и да ги покажам градите, а после тоа едната ми ги соблекува гаќите до колена или целосно, па морам да се наведнам, да го раширам задникот и да ја подигнам едната, а потоа другата нога. Се чувствувам несигурно, се плашам дека другите ќе дознаат кој сум. Деновите ги поминувам со наведната глава, но секој ден е потежок. Изоставив некои работи бидејќи знаев дека вработените во затворот ќе го прочитаат писмото, не сакав да знаат некои работи кои ќе ја загрозат мојата безбедност – напишала меѓудругото Арабела во писмото до медиумите.

Ковачевски: Гласањето ПРОТИВ е краткорочна казна со долгорочни последици за државата

Гласањето ПРОТИВ е краткорочна казна со долгорочни последици за државата, гласањето ЗА значи прогрес и подобра држава.

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на вечерашниот митинг во Крушево, ги повика граѓаните пред да гласаат на 8-ми мај, убаво да размислат дали ќе дадат глас „за“ или глас „против“. Го повикувам сите граѓани да размислат кој заслужува да ја води државата, рече Ковачевски.

„Гласањето ПРОТИВ не ѝ носи добро на Македонија. Само ако гласаме ЗА може да одиме напред и да изградиме подобра држава за нашите деца, држава во која тие ќе сакаат да живеат. Со глас ПРОТИВ можеби ќе казните некого, но во исто време ќе ги казните и сопствените деца. Таа краткорочна казна може да има долгорочни последици за државата. Затоа ве повикувам масовно да гласате ЗА европска иднина. Да гласате ЗА Стево Пендаровски, за претседател и ЗА СДСМ и Коалицијата за европска иднина на парламентарните избори“, порача Ковачевски.

При тоа, Ковачевски им се заблагодари на членовите, симпатизерите и поддржувачите на СДСМ кои останале доследни на социјал-демократската идеја на партијата.

„Многу е поголемо задоволството кога ќе се измачиш во борба со својот политички и идеолошки противник, отколку да ја избереш полесната опција и да се свртиш против своите. Тоа е јалова борба, во која никогаш нема победник, а тој што се борел против своите си оди дома како најголем губитник. Затоа ние избравме да се бориме со идеи, со визија, со конкретни проекти, а не со кавга со довчерашните сојузници и истомисленици“, истакна Ковачевски.

Лидерот на СДСМ порача дека основната цел на програмата на Коалицијата за европска иднина е брзи, ефикасни и успешни преговори со ЕУ затоа што само на тој начин како држава може да обезбедиме повисок животен стандард, поефикасна борба против криминалот и корупцијата, подобро образование и здравство.

Скопје, 28 април 2024

СДСМ

притисни ентер