Нови правила за патување со авион: Грешка што ќе ве чини сериозна казна- позната е сумата - Канал 5

Нови правила за патување со авион: Грешка што ќе ве чини сериозна казна- позната е сумата

Патниците кои прерано стануваат од авион и го игнорираат сигналот за врзување на појасот наскоро би можеле да платат казна од околу 60 евра. 

Нови правила за патување со авион: Грешка што ќе ве чини сериозна казна- позната е сумата

Новите правила во Турција имаат за цел да воведат ред по слетувањето и да ја подобрат безбедноста во воздушниот сообраќај.

Казна за нетрпеливите – Неодговорното однесување ќе чини 60 евра

Патниците кои со нетрпение чекаат да заврши летот за да излезат први од авионот, во Турција наскоро би можеле да ја платат цената на својата нетрпеливост.

Имено, турските власти одлучија да стават крај на хаосот што често се случува веднаш по слетувањето, кога дел од патниците ги игнорираат безбедносните протоколи, го откопчуваат појасот и трчаат кон излезот.

Нетрпеливоста чини 60 евра

Според новиот пропис, сите кои ќе станат од своите седишта и ќе го откопчаат безбедносниот појас пред сигналот да го дозволи тоа, ризикуваат парична казна од 2.603 турски лири, што е околу 60 евра.

Оваа мерка е воведена по бројните поплаки за неодговорно однесување на патници кои, покрај тоа што ги кршат правилата за безбедност, предизвикуваат фрустрација и кај останатите патници во кабината.

Инспекциите спроведени од страна на турската Дирекција за цивилно воздухопловство потврдиле дека правилото за врзување на појасот се игнорира на голем број летови.

Иако во многу земји е веќе пропишано дека појасот мора да се носи додека сигналот свети, санкциите досега најчесто биле резервирани за посериозни прекршоци, како пушење во тоалет или попречување на екипажот. Турција сега оди чекор подалеку.

Казни и за авио-компаниите

Според новите правила, авиокомпаниите ќе бидат обврзани да ги предупредат патниците со следнава порака:

„Ве молиме останете на вашето седиште и не се движете низ авионот додека не дојде редот за излегување.“

И самите авиокомпании ќе сносат одговорност ако патниците масовно не ги почитуваат овие мерки, па се можни и казни за превозниците кои нема да реагираат, пишува putnikofer.hr.

Оваа одлука предизвика поделени реакции кај патниците. Додека едни сметаат дека конечно е време да се воведе ред, други тврдат дека спроведувањето на законот ќе биде предизвик.

Сепак, турските власти порачаа: безбедноста и редот во авионите не се личен избор, туку заедничка одговорност, пренесува Биз портал.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Виткоф и Кушнер разговараа во Киев за начините за завршување на војната, очекувањето во Киев е дека борбите ќе продолжат

Американските специјални претставници Стив Виткоф и Џаред Кушнер разговараа  во Киев за начините за завршување на војната во Украина. 

 Виткоф и Кушнер разговараа  во Киев за начините за завршување на војната, очекувањето во Киев е дека борбите ќе продолжат

Подоцна им се придружија и некои европски советници за национална безбедност, вклучувајќи го и советникот за национална безбедност на Велика Британија, Џонатан Пауел пренесува Би-Би-Си. Но според медиумот фундаменталните разлики остануваат. Американските претставници дојдоа брзо од Москва, каде што Владимир Путин им кажа дека Русија прави „опиплив напредок“ на бојното поле. Приказната што ја слушнаа од Украина беше поинаква, всушност спротивна. Украинските власти тврдат дека во август добиле повеќе територија отколку што изгубиле, а Русија претрпе 42.000 жртви, мртви или ранети. Путин, исто така, им кажа на американските претставници дека мора да се решат корените на конфликтот, неговите стратешки барања украина да отстапи територија, да се откаже од надежите за приклучување кон нато и да ја намали големината на својата армија.по разговорите, Зеленски инсистираше дека Украина ќе бара „силни и јасни“ безбедносни гаранции, вклучително и силна армија тој не даде никакви знаци дека е подготвен да се откаже од која било територија во источниот регион донбас, прашање што го опиша како „тешко“. Виткоф инсистираше дека е постигнат напредок и дека постојат состојки за спогодба. Но, тој призна дека обете страни ќе мора да направат компромиси за да ги намалат разликите меѓу нив. И во моментов, тешко е да се замисли дека која било од страните ќе го стори тоа. Значи, засега, очекувањето во киев е дека борбите ќе продолжат и дека ќе се соочат со тешка зима.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма во Мајами: Се урна товарен авион, има мртви (ВИДЕО)

Најмалку пет лица загинаа денес кога товарен авион на Амазон излетал од пистата на меѓународниот аеродром во Мајами во САД, удирајќи во неколку возила, соопштија официјални лица.

Драма во Мајами: Се урна товарен авион, има мртви (ВИДЕО)

Неколку лица се однесени и во болници со непознати повреди, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Мајами-Дејд, пренесува „NBC“.

Според американската Федерална администрација за воздухопловство (FAA), повеќе од 60 пожарникари од округот Мајами-Дејд реагирале на местото на несреќата.

Пожарникарите се обидуваат да го изгаснат пожарот што избувнал по падот на Боингот 767-300, а надлежната служба потврди дека имало „повеќе повредени“ во овој инцидент, пренесе американската телевизиска станица.

Како што е додадено во соопштението на „FAA“, авионот продолжил да се движи надвор од пистата околу 14 часот по локално време, откако долетал во Флорида од Сан Хуан, Порторико.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Град Скопје: На 09.09.2026 ќе се врши терестрична дезинсекција против ларви од комарци

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 09.09.2026 година (среда) на подрачјето на градот Скопје ќе се врши терестрична дезинсекција против ларви од комарци. 

Град Скопје: На 09.09.2026 ќе се врши терестрична дезинсекција против ларви од комарци

Прскањето ќе се одвива на водни површини.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни, во истите термини.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер