АХВ: Продолжуваат вонредните контроли и во месарниците - во Радовиш и Пепелиште одземени околу 2 тони месо и производи од месо
2АХВ: Продолжуваат вонредните контроли и во месарниците - во Радовиш и Пепелиште одземени околу 2 тони месо и производи од месо
КултураНови пет тома од едицијата „Македонски искушенија“Нови пет тома од капиталната едиција „Македонски искушенија“ денеска беа промовирани во портата „Македонија“. Изданијата им се посветени на личностите и историските случувања, кои оставија длабоки траги во македонската историја, на Гоце Делчев, Васил Чакаларов, Тодор Александров, Ристо Шишков и Балканските војни.На промоцијата присуствуваа премиерот Никола Груевски, министерката за култура Елизабет Канческа-Милевска и главниот и одговорен уредник на проектот „Македонски искушенија“ Раде Силјан. - Преку проектот „Македонски искушенија“ се дава целосен научен, литературен и филмски осврт, на повеќе историски теми, поединци и настани од македонската историја. Тоа е најмалку што можеме да направиме за денешните, но и за сите идни генерации. Да понудиме македонски поглед на нештата. Сите тие ќе имаат можност да се навратат на македонското минато, преку содржината која е обременета од разни пропаганди од современата македонска наука и визиолизирана преку современиот македонски документарен филм, рече Груевски. Проектот, според него, е резултат на заложбите на Владата, да направи нешто што одамна недостасувало и да остане нешто вредно за сегашните и идните генерации. - Во рамки на тие заложби во областа на културата досега заокруживме повеќе капитални проекти. Многу од нив се уште се во тек, а очекуваме и многу да почнат во идниот период. Во тој дух, Македонија полека но сигурно го зазема своето место во светот, кое големиот апостол на македонската револуционерна борба, Гоце Делчев го опишал како поле за културен натпревар меѓу народите. На овој натпревар веќе одамна играат голем број народи од светот и како што кажал Васил Чакаларов „тука секој ги заштитува своите интереси, па и ние треба да ги чуваме своите интереси“, потенцира Груевски. Темите, личностите и настаните, кои се дел од оваа едиција, како што рече, во поновата историја, книжевност и филмска дејност на суверена, самостојна и независна Македонија се релативно малку истражени или прикажани како филм. Како резултат на тоа, смета дека во современото македонско општество, малку се знае за тоа или ги пратат разни контроверзи. Премиерот очекува книгите и документарните филмови во иднина да се најдат и во слободна продажба, освен низ библиотеките. Да побудат голем интерес и да станат дел од многу домашни колекции на македонските граѓани. Најави дека кон крајот на август или во септември треба да излезе комплет на сите цедиња од сите документарни филмови кои до тој момент ќе бидат направени. Министерката Канческа-Милевска истакна дека оваа едиција нуди научно верифицирани факти, аргументи и толкувања кои говорат за долгата историја на македонската борба за државност и самостојност. - Преку оваа едиција граѓаните на Република Македонија можат да стекнат бројни сознанија за познатите и непознатите предели од нашето минато, за најзначајните појави и процеси во поновата историја на Македонија, за борбениот код на македонскиот народ и неговата револуционерна и духовна сила во остварувањето на државотворните цели, рече Канческа-Милевска. Проектот „Македонски искушенија“ предвидува печатење на 25 ексклузивни публикации кои се збогатени со документарните филмови, а досега се промовирани девет изданија./МИА.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:28
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
МакедонијаПратенички прашања до премиерот и министрите Во Собранието денеска ќе се одржи и пленарна седница, на чиј дневен ред е поставување пратенички прашања до премиерот и министрите.Први поставуваат прашања пратениците од опозициските партии. Дополнително, претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска ќе одржи и неформална средба со претставници на медиумите, на која ќе се разговара за тековните и идните активности на законодавниот дом.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
НБААларм во НБА-лигата: Дури 79 играчи на списокот на повредени и отсутни во една вечер Дури 79 кошаркари се наоѓаат на официјалниот извештај на НБА за повреди и достапност на играчите за натпреварите што се играат вечерва, објави „НБА Сентрал“ (NBA Central).Според податоците објавени од овој профил, кој се повикува на Кирти Кав, извештајот издаден во 14:30 часот по источно време (ET) опфаќа приближно 15 отсто од сите играчи во лигата. Сепак, тоа не значи дека сите 79 кошаркари ќе ги пропуштат своите натпревари. Извештајот вклучува различни статуси – од играчи за кои е сигурно дека нема да настапат, па сè до оние чиј настап е неизвесен или за кои се очекува да бидат подготвени за игра. Големиот број имиња во здравствениот билтен уште еднаш го свртува вниманието кон достапноста на играчите и проблемите со кои се соочуваат тимовите при составувањето на своите екипи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАХВ: Продолжуваат вонредните контроли и во месарниците - во Радовиш и Пепелиште одземени околу 2 тони месо и производи од месо При контролите во Радовиш одземени се околу 2 тони небезбедно свежо и замрзнато месо и подготовки од месо, кои денес ќе бидат уништени на депонијата „Дрисла“, информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство. Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство вчера, спроведоа вонредни инспекциски контроли во малопродажни објекти за месо, подготовки и преработки од месо на подрачјето на Општина Радовиш и кај физичко лице во неготинското село Пепелиште, кое произведувало и преку социјалните мрежи продавало димени месни производи и чварки. При контролите во Радовиш одземени се околу 2 тони небезбедно свежо и замрзнато месо и подготовки од месо, кои денес ќе бидат уништени на депонијата „Дрисла“. Во Пепелиште, од физичко лице кое вршело неодобрена дејност од страна на Агенцијата – производство на димени месни производи и чварки, одземени се дополнителни 50 килограми подготовки од месо (печеница, кулен, димена сланина и сл). Одземените производи се без декларација за потеклото и биле чувани и преработувани во несоодветни и нехигиенски услови, што претставува сериозен ризик за безбедноста на храната и здравјето на потрошувачите. Надлежните институции продолжуваат со спроведување на инспекциски контроли со цел заштита на здравјето на граѓаните и спречување на нелегално производство и промет на небезбедна храна.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter