Попов: Продолжувањето на дијалогот со Бугарија е позитивен чекор, но се уште не сме блиску до решение
1Попов: Продолжувањето на дијалогот со Бугарија е позитивен чекор, но се уште не сме блиску до решение
3Од сообраќајна незгода со смртни последици до бегство во Бугарија- Ретроспектива на настаните поврзани со овој случај
Ново кинеско електрично возило пристигнува во Европа: Дали „Volkswagen“ и „Renault“ имаат причина за загриженост?
2Ново кинеско електрично возило пристигнува во Европа: Дали „Volkswagen“ и „Renault“ имаат причина за загриженост?
ЗдравјеНови пет лица хоспитализирани со голема кашлица, вкупно 1.022 случаи во државава Во периодот од 9 до 15 август, пријавени се 21 нов случаj на пертусис или голема кашлица. Возраста на заболените се движи од еден месец до 40 години, а најголем број случаи се од возрасната група до четири години. Од новите случаи, петмина се хоспитализирани, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), објавен попладнево. - Заклучно со 15 август, во Република Северна Македонија се регистрирани вкупно 1.022 случаи на голема кашлица, со инциденца од 55,6/100.000 жители. Тоа претставува неколкукратно зголемување на бројот на заболени, во однос на изминатиот петгодишен период - 2019 - 2023 година, кога се регистрирани вкупно 10 случаи, пишува во извештајот. Дистрибуцијата по пол покажува дека 465 лица се од машки, а 557 од женски пол. Кај 1.015 лица биле регистрирани симптоми, додека болеста кај седуммина била во асимптоматска форма. - Од заболените, хоспитализирани се 148 лица и тоа 127 од нив на возраст до четири години. Најголем број од случаите се хоспитализирани во УК за белодробни заболувања кај деца во Козле. Од вкупниот број на хоспитализирани лица, 146 се испишани. Во просек, заболените биле хоспитализирани по осум дена, појаснуваат од ИЈЗ. Од вкупниот број на регистрирани случаи, 641 не биле вакцинирани, не се комплетно вакцинирани согласно возраста или нема доказ за вакцинација. Од 18 јануари до 15 август, дадени се вкупно 64.146 дози вакцина што содржи компонента против голема кашлица. Во тек се три епидемии пријавени во ниво на територијата на Скопје, Куманово и на Тетово. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПопов: Продолжувањето на дијалогот со Бугарија е позитивен чекор, но се уште не сме блиску до решениеДипломатските напори на владата и продолжувањето на дијалогот со Бугарија оценети како позитивен чекор од страна на МАНУ.Академик Живко Попов во обраќањето по повод денот на Македонската академија на науките и уметности порача дека во надминувањето на спорот со Бугарија потребно е да се вклучат и европските партнери. Тагови: МАНУ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски и понуди на опозицијата да се вклучи во процесот околу дијалогот со БугаријаКаков е планот на Владата за деблокада на македонските евроинтеграции, кои се очекувањата и рокот кога Македонија ќе преземе следен чекор за излез од ќорсокакот- европската перспектива на државата во фокусот на опозициските пратенички прашања.Премиерот Мицкоски пред пратениците дециден дека ЕУ останува стратешка цел за Македонија и тука, како што рече, нема поместување ниту милиметар. Тој нагласи дека Владата ќе го продолжи дијалогот со Бугарија и понуди опозицијата да биде директно вклучена во процесот. Премиерот одговараше и на прашања за улогата на министрите Албанци во државното одлучување за националните прашања и македонскиот идентитет. Според Мицкоски наместо дел од пратениците од албанската опозиција да ја дефокусираат јавноста и да ги бранат ДУИ, треба да се извинат за грешките коишто ги направила претходната Влада за уставното име и францускиот предлог. Од Левица побараа одговори од премиерот за можен судир на интереси и поврзаност според нив на роднини на Мицкоски со бизнис фирми во Бугарија и финансиски интереси. Мицкоски ваквите наводи на Апасиев ги оцени како клевети и повика обвинувањата да се изнесат на прес конференција за да се соочат на суд. Меѓу темите на интерес на опозицијата беа и економијата, здравството и животната средина. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСе чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било контатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11МВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:3930 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било контатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00
МакедонијаОд сообраќајна незгода со смртни последици до бегство во Бугарија- Ретроспектива на настаните поврзани со овој случајМногу контроверзи го пратат случајот со бегството на Ива Михаилова во Бугарија, кои отвораат редица дилеми.Околу нив но и околу ретроспективата на овој случај деталите ги има Михајло Видимлиски. Во видеото погледнете ја целата ретроспектива. -Случајот со 23 годишната Ива Михаилова од Кочани која поседува и македонско и бугарско државјанство отвори низа прашања околу тоа како лице обвинето за сообраќајна несреќа со смртни последици, на кое му биле определени мерки за обезбедување присуство, се нашло во друга држава и зошто институциите немаат евиденција за нејзиното преминување на границата? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook