3СДСМ: Бизнисот цвета - нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма поврзана со Rudnap Group
Видео: Валјак за трева прегази поранешен англиски репрезентативец, но, фудбалерот потоа продолжи да игра.
2Видео: Валјак за трева прегази поранешен англиски репрезентативец, но, фудбалерот потоа продолжи да игра.
ЖивотНови опасности за поларните мечки Како што се загрева Арктикот, поларните мечки се соочуваат со нови опасности - на пр. зголемен ризик од зараза со вируси, бактерии и паразити коишто биле многу поретки во подрачјето на Северниот Океан пред 30 години.Во новото истражување на Геолошкиот институт на САД, се обезбедени индиции за тоа како топењето на мразот може да се поврзе со болестите кај поларните мечки. Научниците испитувале примероци од крв од мечки во Чукотското Море меѓу Аљаска и Русија. Потоа, ги анализирале податоците собрани меѓу 1987. и 1994 година, споредувајќи ги со примероци земени меѓу 2008. и 2017 година. Истражувањето откри дека поновите примероци на крв укажувале дека мечките се заразени со еден од петте од шесте присутни вируси, бактерии или паразити земени како пример. Не се знае како тоа точно влијаело на физичкото здравје на мечките, но д-р Карин Род смета дека тоа покажува промени во целиот северноокеански екосистем. - Сакавме да знаеме дали изложеноста е променета, особено за некои од овие патогени за коишто мислиме дека се првенствено копнени. Од тие пет патогени, како што колективно се нарекуваат агенсите на болеста, коишто станаа почести кај поларните мечки, два се, всушност, паразити што предизвикуваат токсоплазмоза и неоспора, потоа - два вида бактерии коишто предизвикуваат треска и бруцелоза, на пр., кај зајаците и вирус штоо предизвикува темпера. Мечките се генерално доста отпорни на болести. Не е типично тоа да влијае на популацијата на мечките, но мислам дека тоа нагласува дека работите во Северниот Океан се менуваат, додаде д-р Род. Во светот има околу 26.000 поларни мечки. Повеќето од нив живеат во Канада, но има и во САД (Аљаска), Русија, Норвешка и Гренланд. Тие се на списокот загрозени видови, нивниот број е во опаѓање, а климатските промени се клучен фактор за сѐ тоа. Возрасната мечка може да биде долга околу три метри и тешка до 600 килограми. Поларните мечки имаат силно сетило за мирис и можат „да намирисаат“ плен и до 16 километри. Тие се добри пливачи - до 100 километри од брегот. Пливаат со брзина до 10 км/ч. Истражувањата покажаа и дека мечките кои минуваат повеќе од една година на копно, во услови на недостапен мраз за лов, всушност, не внесуваат доволно калории. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТенисГригор Димитров: „Новак Ѓоковиќ ми призна дека се чувствува празно“Најдобриот бугарски тенисер Григор Димитров ги откри деталите од разговорот со најтрофејниот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ.Новак Ѓоковиќ и Григор Димитров се единствените преостанати членови на „старата гарда“ и сè потешко им е да најдат мотивација откако Роџер Федерер, Рафаел Надал, Енди Мареј, Стен Вавринка и Гаел Монфис ги закачија рекетите на клинец... Ривалството што имавме можност да го следиме повеќе од една деценија беше само по себе инспирација за играчите. Бугаринот, кој е голем пријател со српскиот ас, неодамна откри што му кажал Ѓоковиќ за повлекувањето на Федерер и Надал, со кои ги водеше најголемите битки на АТП-турнејата. Тој призна дека се чувствува исто и дека му недостасува жарот што го имал додека се натпреварувал против најдобрите играчи во овој спорт. „Морам да бидам искрен. Веќе неколку години сум прилично дистанциран од сè што се случува на АТП-турнејата. Сè уште се натпреварувам, но веќе не ги следам случувањата во мојот спорт, ниту пак сум упатен во нив. Целиот мој живот се вртеше околу тенисот, а сега малку ме растажува сознанието дека дури и не ги познавам повеќето од активните играчи“, изјави Димитров. Во моментов, само 10 од најдобрите 100 играчи во светот се постари од 30 години, а само шестмина имаат 35 или повеќе години. Григор признава дека се чувствува осамено... „Годините можеби се само бројка, но во нашиот спорт имаат огромно влијание. Не се работи само за она што се случува на теренот, туку и за интеракцијата со другите за време на турнирот.“ Со години, Димитров беше еден од играчите кои им создаваа големи проблеми на „големата тројка“ и уживаше во тој натпреварувачки дух и во улогата на аутсајдер. „Дел од мене си замина од тенисот кога Федерер и Надал се повлекоа. Знам дека и Ѓоковиќ се чувствува исто, бидејќи разговарав со него за тоа. Се потсетивме колку беше возбудливо да се соочуваме со постојаните предизвици на таа ера“, рече тој и истакна: „Да се соочуваш со тројцата најдобри играчи на сите времиња речиси секоја недела беше неверојатно чувство, а во моментов е невозможно да доживеам нешто слично. Не сакам да навредам никого од сегашните играчи, но за мене ерата на 'големата тројка' секогаш ќе претставува најголем предизвик со кој може да се соочи еден тенисер“, изјави Бугаринот, кој успеа да стигне до третото место на АТП-листата и да освои девет титули во ерата на „големата тројка“.Тагови: Новак Ѓоковиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТешка сообраќајна несреќа на автопатот Куманово-Скопје, двајца загинати , тројца повредени-Две лица загинаа, а тројца се повредени во тешка сообраќајка на автопатот Куманово-Скопје.Во несреќата учествувале патничко возило „мерцедес“ управувано од М.М. (65) и автомобил „опел корса“ управуван од С.Н. (27) – двете со скопски регистрации. По наредба на јавен обвинител, возачот на „мерцедесот“ е приведен В о тешка сообраќајна несреќа што вчеравечер околу 21:35 часот се случила на автопатот Куманово-Скопје, во атарот на село Агино загинале две лица загинаа, а тројца се повредени .Тагови: сообраќајна несреќа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
МакедонијаПетрушевски: Филипче рече дека Македонија не е на продажба откако со Заев го продадоа иметоФилипче рече дека Македонија не е на продажба откако со Заев го продадоа името.Филипче ги лаже граѓаните дека Македонија не е на продажба, а токму тој го продава идентитетот и јазикот на Бугарија, само за да дојде на власт. Филипче сака само да дојде на власт за да може да краде, да мести тендери и да зема провизии. Филипче освен својот интерес друго ништо не го интересира. Филипче сака да добива Ауди Q8 од фирмите на кои им мести тендери, сака провизија од изградба на модуларни болници од 20%, сака да ќари на вакцини за КОВИД па ќе ги продаваше за три пати повисока сума. Ете тоа е вистинскиот Филипче кој се што може ќе продаде само за да дојде на власт. ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните тоа нема да го дозволат. Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter